Училиште според замислата на Стив Џобс

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ваквиот тип на настава ќе биде ефективен и ќе ги продлабочи знаењата?


  • Вкупно гласачи
    75

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.413
Поени од реакции
6.130
Целосно различен образовен систем! Токму она на што алудираме веќе со години, традиционалниот образовен систем е буквално нефункционален и не се совпаѓа со новото време во кое живееме, вредностите на традиционалниот (сегашниот) образовен систем повеќе ги нема во општеството. Затоа ни е потребна целосно нова стратегија за образовен систем.

Во Холандија за прв пат утре се отвораат 11 основни училишта со целосно нова програма и начин на едуцирање на децата и тоа според образовните принципи на Стив Џобс. Оваа стратегија предвидува употреба на таблети за секаква намена и наместо професори од сега во училиштата ќе има само тренери кои ќе ги стимулираат децата и ќе ги водат низ интересните дигитални процеси на учење.

За разлика од денешниве училишта, овие новите ќе траат од четвртата година на детето, па до неговата 12 година, првото одделение ќе биде незадолжително, но веќе од петата година поаѓањето ќе биде задолжително. Наместо одделенија, годините ќе се викаат група еден, група два и така натаму, а на iPad таблетите ќе имаат специјални едукативни апликации кои во целост ќе ги заменат учебниците. Секако учениците нема да се врзани цело време за своите iPad-и, туку ќе имаат и рекреативна програма.

Утрешниот ден би требало да се запише во историјата како ден на промена на образовниот систем! Овие единаесет училишта започнуваат со работа утре наутро во 7 и 30 часот, а престојот трае до 18 и 30.


Што мислите за ваквиот тип модернизирање на наставата, колку е ефективен таков модел? Дали професијата професор полека умира, а знаењето на децата се сведува на информации од интернет сферата, што донекаде значи и површно трупање податоци без реална можност за креативност.​
Или пак сметате дека со овој потег се продлабочуваат знаењата, можностите и експериментирањата кај едно дете, без да има потреба од класичен професор кој ќе се труди да му го пренесе знаењето?​
 
Ова посебно треба за кај нас, со оглед на тоа дека образованието земено во глобала ни е бош дотука и назад. Зошто? Поради тоа што добиваш некое практично знаење и едноставно си препуштен сам на себе, да учиш тоа што го сакаш и неможе некој да ти наметнува. А најдобро се учи кога те интересира нешто, самоучење.
 
Ја би да исфрлиме тоа ајпадите скроз, и едукација а не образование, предавањата под отворено небо со практични примери. Посебно добро по природа, билогија, физика, хемија, географија. Замислете го тоа набројување на сите растенија и животни, инсекти, карпи, сталактити и сталагмити, нивни карактеристики и својства, начин на живот. Опсерваторија под отворено небо со набројување на соѕвездија, ѕвезди и планети, учење на страни на светот, годишни времиња и нивното влијание врз околината, флората и фауната.....

Можи ајпад понекогаш да се однесе на час.....
 
Ја мислам боље е да нема допирни точки со компјутери освен коа мора (информатика). Децава денес премногу се врзани пред дисплеи, не знаат на лулашка да се лулаат сами, туку дремат на нејзе и играат на телефон. Факт е дека требаат демонстрации на лице место, но најголемиот проблем со образовниот систем кај нас е шо програмата не е унифицирана, основните школи ги учат децата различни работи, секое основно своја политика, и после коа детето ќе отиде у средно му фали основа. После истиот проблем со средните школи, секое со своја политика, а потоа сите ја полагаат истата матура што резултира пак во проблеми. После тие деца ќе се запишат на факултет, одново истиот проблем, немаат основа, факултетите очекуваат да имаат, и оп беља.

Кога би се унифицирала програмата, а потоа да се подобри со тоа што би се исфрлиле непотребните срања унутра, и да се доведе во тек со времето, потоа да се направат (пази да се направат, не да се преведат бедно) учебници од луѓе што се специјализирани во тоа, не кој ќе му текне издал учебник, и тие после да поминат низ 15 лектури за да нема ниедна грешка внатре. Едукативниот систем би бил одличен. Пред се ќе има квалитетен кадар, специјализиран во кој што сака, и кога некој ќе заврши факултет ќе искочи спремен за работа. А не вака, на смер за веб дизајн, се учат миљон ствари а веб дизајн се спомнува само. Никој не се замара да ти каже ни дури што да си научиш сам за да моеш да работиш по одредени стандарди.
 
Имам многу да кажувам на тема едукација ама сега пошто немам време само накратко.
Сметам дека класичниот модел е застарен и треба многу работи да се сменат.(Подоцна ќе образложам)
Се согласувам дека модерната технологија нуди можности, но не гледам ништо револуционерно во дотичниов модел, ок ипади си се кул ма тоа е се.

Пошто стварно немам време ќе пробам најкратко што можам да напишам нешто.
Новиот модел треба да биде флексибилен и скалабилен.
Треба да се намали минимално беспотребното помнење на информации и да се оди повеќе кон апликативен пристап.
Учењето треба да е интересно(Да, возможно е)
Наставниците треба да знаат да препознаат што му лежи на детето и да пробаат да го насочат.
Оценките не треба да бидат цел на учениците туку потрагата по знаење.

П.С Еве и еден пример на за крај во основно и средно ни даваат да читаме книги(се мисли на литература) по некоја програма без разлика дали ни се допаѓа или не, а баш во тие млади години единствена цел треба да биде да се развие љубов кон книгата и читањето во контраст со некаков квантитет кој ништо не значи ако потоа престане да чита поединецот.

П.С2 Имаше некакво видео од еден јапонец(барем азијат беше) убаво објаснуваше како училиштата ја уништуваат љубовта кон знаењето.
Ќе го постира некој друг ако знае за што зборувам.
 
Мислам дека иднината на образованието е во технологијата. Зошто? Затоа што на децата многу полесно им е преку интерактивни, визуелно претставени лекции да научат нешто отколку кога читаат сув текст во некој учебник од пред милион години. Секако, би бил потребен и професор кој сето тоа ќе им го објаснува, но значително полесно и подобро би одело сѐ тоа преку компјутерот. Ако некогаш сте поминале онлајн обука ќе сфатите о чему се ради.
Замислете, на пример, колку полесно децата би ја сфатиле гравитацијата кога тоа би им се објаснило преку некое интересно видео и колку помал отпор би имале кон учењето отколку кога некоја закоравена професорка ќе им ја изрецитира лекцијата.
 
Ме депресираат вакви теми и да можев црвенко ќе ти стаев.
Боли да се дискутира на темава затоа што сме толку далеку од "како треба да биде" што ми се плаче.
Енивеј. Мојот утописки модел на едукативен систем е исфрлање на учење на било какви Информации.
Она што Постарите треба да ги учат Помладите е Како да размислуваат. Сакам некој да ме научи како да размислувам интелигентно, како да го Применам знаењето кое ми е на 1 клик оддалеченост.
Не ми треба некој да ме учи Географија, Историја, Физика, Биологија. Се што професорот може да ме научи физика, можам тоа, пута десет, да го научам сам на интернет. Иам на нет предавања од врвни факултети, предавања шо патем можам да си ги паузирам, да идам да серам и да си ги продужам. Ако нешо не ми е јасно, да го вратам. Ако пак не ми е јасно да го гуглам и еден од 10 извори сигурно ќе сфатам.
Значи, доста е со турање информации со инка. Не ми треба никој да ми Бира што ја да знам и што мене треба да ме интересира. Ми требаат Мудрости. Ми требаат Тајните на Среќата и Мирот, тајните на Животот.
Професорите треба да бидат спиритуални гуруа. Не ми треба Екатерина физика да ми црта атом на табла коа можам на јутјуб да глеам симни од LHC као судираат 2 атома и ги кршат на 150 дела. Не ми треба некој географија да ми предава затоа што НЕ МИ ТРЕБА. GPS, google maps, итн. Коа ќе ми текне на час географија у средно ми се кења. - Охридско езеро е длабоко 250 метри!
И што? И што КУР ако е длабоко 250 метри? Или 300? Или 30? Коа у 3 метри ми е над глава and thats all I care. Што кур бе ако ја иам таа информација.
Секоја Информација која можеби некогаш би ми паднало на памет дека ми треба, можам да ја гуглам и ја Имам. Ми треба знаењето како да ја Применам. Ми треба конечниот одговор на "И што?".
 
Ме депресираат вакви теми и да можев црвенко ќе ти стаев.
Боли да се дискутира на темава затоа што сме толку далеку од "како треба да биде" што ми се плаче.

Ми фалат црвенките, искрено. :icon_lol:

Темата е повеќе да се види ставот на мнозинството, затоа е и анкетата. Иако Македонија е светлосни години далеку од ова. Збориме во пошироки рамки, во наши услови хипотетички.

Иначе утопија се сите идеи кои теоретски функционираат одлично, ама во пракса потфрлаат. Ако земеме предвид дека паричката има две страни и овој и оној модел имаат предности и недостатоци. И во класично предавање ако го бива професорот, но и ако ти си заинтересиран за материјата ќе те натера да размислуваш и да го примениш тоа што го збори. На факултет особено тоа е возможно, до степен што имав професор кој не преминуваше на нова материја, макар изгубил 2 или 3 предавања додека студентите сами не дојдат до заклучокот. Од друга страна визуелноста што ја нуди технологијава далеку повеќе овозможува полесно паметење на нештата, но и многу често останува само на тоа, само на кликањето и само на површината.

Најчесто се оди кон тоа да се избегне шематизиран стил и да им се даде слобода на децата, а реално ако самото дете не е заинтересирано професорот и на глава да стои не може да постигне којзнае какви резултати. Слободата доведува до тоа да си играат тетрис на компјутер, додека „тренерот“ или човекот што се обидува да ги насочи труби нешто сосема друго. Поентата е уште на некои 12-13 години да се види кон што повеќе покажува интерес и кон тоа да се насочи. Не може да го трупаш со науки, ако он сака да учи јазици, не може да го замараш со решавање равенки, ако он сака музика или сака да црта. Насочување кон афинитетите на детето секогаш ќе вроди плод, и практично применување на вештините.
 
Целосно различен образовен систем! Токму она на што алудираме веќе со години, традиционалниот образовен систем е буквално нефункционален и не се совпаѓа со новото време во кое живееме, вредностите на традиционалниот (сегашниот) образовен систем повеќе ги нема во општеството. Затоа ни е потребна целосно нова стратегија за образовен систем.

Во Холандија за прв пат утре се отвораат 11 основни училишта со целосно нова програма и начин на едуцирање на децата и тоа според образовните принципи на Стив Џобс. Оваа стратегија предвидува употреба на таблети за секаква намена и наместо професори од сега во училиштата ќе има само тренери кои ќе ги стимулираат децата и ќе ги водат низ интересните дигитални процеси на учење.

За разлика од денешниве училишта, овие новите ќе траат од четвртата година на детето, па до неговата 12 година, првото одделение ќе биде незадолжително, но веќе од петата година поаѓањето ќе биде задолжително. Наместо одделенија, годините ќе се викаат група еден, група два и така натаму, а на iPad таблетите ќе имаат специјални едукативни апликации кои во целост ќе ги заменат учебниците. Секако учениците нема да се врзани цело време за своите iPad-и, туку ќе имаат и рекреативна програма.

Утрешниот ден би требало да се запише во историјата како ден на промена на образовниот систем! Овие единаесет училишта започнуваат со работа утре наутро во 7 и 30 часот, а престојот трае до 18 и 30.


Што мислите за ваквиот тип модернизирање на наставата, колку е ефективен таков модел? Дали професијата професор полека умира, а знаењето на децата се сведува на информации од интернет сферата, што донекаде значи и површно трупање податоци без реална можност за креативност.

Или пак сметате дека со овој потег се продлабочуваат знаењата, можностите и експериментирањата кај едно дете, без да има потреба од класичен професор кој ќе се труди да му го пренесе знаењето?

Мислеш ли дека тие Иподи ќе останат живи кај нас?
 
Мислам дека иднината на образованието е во технологијата. Зошто? Затоа што на децата многу полесно им е преку интерактивни, визуелно претставени лекции да научат нешто отколку кога читаат сув текст во некој учебник од пред милион години. Секако, би бил потребен и професор кој сето тоа ќе им го објаснува, но значително полесно и подобро би одело сѐ тоа преку компјутерот. Ако некогаш сте поминале онлајн обука ќе сфатите о чему се ради.
Замислете, на пример, колку полесно децата би ја сфатиле гравитацијата кога тоа би им се објаснило преку некое интересно видео и колку помал отпор би имале кон учењето отколку кога некоја закоравена професорка ќе им ја изрецитира лекцијата.

И после кога ќе ги прашаат што е гравитација, ќе се мачат да објаснуваат во стил на Цацко „на брат му му ја скршија кичмата...“
 
Ова не е никаква замисла на Стив Џобс, туку ова е оддамна дискусија во научните кругови дека системот на јавното образование не го бидува. Стив Џобс најверојатно имал идеја како да имплементира Ајпади во цел тој процес. :)
Кен Робинсон има убави говори во врска со оваа тема, дури и во видеото подолу скоро сите работи што тој ги наведува дека би требало да се корегираат се во училиштето на Стив Џобс, секако без Ајпади.

 
Мислеш ли дека тие Иподи ќе останат живи кај нас?

Кај нас ништо не останува живо, ама дискусијата не е за кај нас туку општа.
На крајот на краиштата и на тоа има решение. Тој што ќе го уништи, ќе си го плати. Исто ко епрувети, ескалатори и триста чуда во хемиска лабораторија. Ако ученикот нанесе штета врз материјал обезбеден од училиштето или владата ќе мора да ја надомести истата.

Главната поента е дали ако се примени ваков модел ќе има подобри резултати од досегашните или напротив ќе тргне на полошо?
 
И после кога ќе ги прашаат што е гравитација, ќе се мачат да објаснуваат во стил на Цацко „на брат му му ја скршија кичмата...“

На тој таблет учениците ќе можат и да ги видат дефинициите и објаснувања но исто така преку видео ќе можат да ја разберат што всушност учат тој час.
Мн е побитно учениците да ја разберат лекцијата, притоа и де не знаат да објаснат што е гравитација на пример наместо да научат(набубаат) од книга што е тоа гравицата а визуелно си немаа врска шо тоа.
 
И како ќе учат да пишуваат децава со туторијал на јутуб?

Интересна замисла, ама толкаво воведување на технологија барем од 4то оделение па натаму.
 
Дека не го бива системот, не го бива. Но кои се алтернативите?

Ок посочениот пример е интересна алтернатива, но тоа е само за едно училиште. И сигурен сум дека е приватно. Но, што правиме со големите јавни училишта?
Интересно е да се работи со група од 12-13 ученици, и секако многу е полесно и за децата и за учителите, но сето ова да се организира на државно ниво е едноставно ОГРОМНА задача. И секако ќе чини ОГРОМНИ средства. Замислете само колку професори и учители како прво ќе треба да се образуваат за да можат да предаваат по новиот план? Зошто? Епа не можеш на Живка по Историја што има 62 години преку ноќ да и кажеш дека од утре ќе предава на iPad. Она уште го меша компјутерот со машина за куцање!

Ако нешто се менува тоа треба да е постепено, нека почне само во неколку училишта со неколку паралелки итн. И секако треба едно обемно истражување за тоа кој нов метод би се користел.

Сума сумарум, ова е Македонија. Никаква иновација во образованието нема да има во наредните 50 години. Ете пробаа со компјутерите и мислам дека сите видовме колкава утка тоа е. Така ќе биде и за ова. Ќе се гледа како може да се запослат луѓе од партија, да се наместат тендери и слични срања, така да у глобала менувањето на образовниот систем би било тотална утка. И пак ќе посочам дека јас сум за менување, но дајте да видиме кои се алтернативите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom