Не е како кај нас, кираџијата го бира станот, него сопственикот го бира кираџијата. Прво не оди барањето преку луѓе, туку преку агенции. Маржа на агенцијата е 700 евра. Тие пари треба да ги имаш за да бараш стан. После ти бара договор за работа и трансакциона сметка, некогаш и дозвола за престој во Германија. Секако ти бара и докомент колку ти е платата за да можеш да го плаќаш станот. За три месеци не верувам дека некој ќе ти изнајми стан без работен договор.
Чим идеш за учење, види има центри како студенски домови, распрашај се во школото во кое ќе учиш они ќе ти помогнат. Има цели пакети со смештај, храна и учење. Или кај роднини.