Нешто што забележав, Оскар има добра дефанзива во играта, битен елемент што ќе му даде предност пред Мата во поглед на тоа кој ќе стартува. Мата ќе мора да се навикне како десно крило или пак ќе остане како замена за Оскар доколку не научи дефанзива.
Истото се случува и во Реал со Озил и Иско, и двата играчи се одлични во офанзива, ама Иско секогаш ќе добива предност пред Озил во средината бидејќи знае да одигра дефанзивно, така да Анчелоти пробува со Озил на крило за да ги уигра некако ама не е тоа тоа.
Баш ме интересира која дефанзива ја има Оскар? Тоа што ќе истрча до своја половина? Не е прашање Мурињо, туку не би знаел кој тренер на светот би го ставил Мата да биде замена за „дете“ од Бразил кое уште треба да јаде леб. Почекај малку, да се опорави Мата.