Фан клуб - РК Металург

Искрено засега Никола Марковски е ок, не е лош, ама не е Ракчевиќ. Тоа што не ми е јасно е зошто слабо го играат во одбрана и го менуваат. Цела добивка од него така се губи. Од другите, Пецаковски ќе биде добар за ротација додека е здрав тоа е сигурно, не треба премногу грижа за него, а за Кеџо искрено јас имам позитивно првично мислење. Не е којзнае што, ама не се ни очекуваше да е којзнае што. За да го одмара ефективно Вугринец (и во напад и во одбрана) е доволно добар - далеку подобар од Левов. Може лесно да се случи да има слична улога како онаа на Козлина од минатата сезона, само на спротивната бековска позиција.


Да да , сигурно дека Кеџо ќе биде само замена и сигурно дека ќе биде подобра замена од Левов. Наумче на која позиција играше на последниве 2 натпревари, лев или центар ?
 
со цела помош од рфм или ????
--- надополнето: 18 август 2013 во 12:20 ---

како сакаш толкувај, ако не ти одговара то шо е реалност, твој проблем

како по ѓаволите можеш да го толкуваш :
,,МРК Вардар ќе се реоформира и ќе биде првиот младински тим со своја сала "
Толку нема веќе да ти реплицирам очигледно е дека се правите глупи со сила.
 
како по ѓаволите можеш да го толкуваш :
,,МРК Вардар ќе се реоформира и ќе биде првиот младински тим со своја сала "
Толку нема веќе да ти реплицирам очигледно е дека се правите глупи со сила.
мрк постоеше и играа наши деца таму, а после клубот го снема. дај боже така да биди, то е плус за македонците, ама металург веќе го практикува то повеќе години, а вие не. како сакаш свати ама со ова шо ми го пиша, само се потврди фактот дека вардар не го интересира иднината на македонските играчи.
 
неможи да ме свати. толку му е нивото на интелегенција. а да ти кажам овие другиве ги боли то шо цела македонија се сврте против нив и почна да го/ги цени оној/оние кои навистина се грижат за развојот на МАКЕДОНЦИТЕ во клубовите.

а уствари и комитиве навиваат за металург и ги интересира шо се случува во тој клуб. зато се појче овде него во фан клуб вардар.
слушам самсоненко навивачи од русија ќе носел и по примерот на фк вардар/миравци ќе ги фузирал со крилја советов... :pos:
па во нивниот фан клуб манијачат осмооделенки :pos:
 
како по ѓаволите можеш да го толкуваш :
,,МРК Вардар ќе се реоформира и ќе биде првиот младински тим со своја сала "
Толку нема веќе да ти реплицирам очигледно е дека се правите глупи со сила

Абе тек од вчера и денес приметив дека повеќето фанови на металург тука не се од Скопје. Некои нешта одма станаа појасни (y)


а ако сакаш еве и тебе ќе ти нацртам-вардар е срам за македонија, руски клуб во кој нема место за македонци!

Се додека пишуваш вака ќе ти се реплицира и нема да дојде крај на дебатата. Па сеа ти како сакаш :)
 
Абе тек од вчера и денес приметив дека повеќето фанови на металург тука не се од Скопје. Некои нешта одма станаа појасни (y)




Се додека пишуваш вака ќе ти се реплицира и нема да дојде крај на дебатата. Па сеа ти како сакаш :)
абе јас немам проблем со реплицирање. имам проблем со вреѓање. другарите твои кои че се видат во небрано, одма вреѓаат и провоцираат. тука нема добра дискусија после...

а то дека фановите на металург дел не се од скопје, то значи дека клубот е почитуван и во остатокот на македонија, нешто на што и другот клуб треба да поработи.
 
Да да , сигурно дека Кеџо ќе биде само замена и сигурно дека ќе биде подобра замена од Левов. Наумче на која позиција играше на последниве 2 натпревари, лев или центар ?


Почнуваше на центар ама постојано ротираат со Атман тие. Впрочем тоа е системот на Металург и Миркуловски постојано ротираше со Мојсовски.
 
Кога некои ќе се банирани и казнети во темата, не се бунете. ;)
Ако ви се дискутира асално дискутирајте, ако не нема потреба да влегувате во оваа тема само за провокација.
 
Аман море што не ќе се изначиташ... Сељаци, копуци, глупи... Оваа година да се гледа Вардар да ја одбрани титулата и да не преставува како што треба во Европа... Јас дури не ни очекувам да го повтори успехот на Металург да биде во осум најдобри во светот. Групата од лани е потешка, ама тој успех тешко дека некој во скоро време ќе го оди... На крајот се памти кој играл за фајнл фор а не со кого играл такада и тоа паѓа во вода... Тоа е одликата на Металург и тоа што е погон на Македонија и во младинска категорија... Ако не ви чини, барем не плукајте и по македонското... Со овој тим на Самсоненко треба прво уигрување, Кастратовиќ тоа го нема се надевцаме дека нема да помине цела сезона за да се уиграат... И голман им фали очајно. Поединечно со Русиве се многу јаки прашање е само дали колективот ќе проработи кај нив за да газат како што газеше лани Металург во ЛШ... За Металург нема што да се збори тие костурот, погонот од ЛШ го задржаа и со неколкуте засилувања и тоа како ќе бидат конкуренти...
 
а то дека фановите на металург дел не се од скопје, то значи дека клубот е почитуван и во остатокот на македонија, нешто на што и другот клуб треба да поработи.

Не туку концептот на фановите на двата клуба е различен. Вардаровите фанови се повеќе концентрирани во Скопје додека Металург поради тоа што е тешко да добие скопски фанови работи на пошироко ниво.

И фановите на Вардар се повеќе поврзани со клубот без разлика кој игра во него треба да пружи квалитет и да игра со срце (ете еден фан на Вардар погоре пиша дека за него и мнозинството Вардар е над се), ја на пример не го сакам Наумче назад во Вардар зашто не продаде. додека другиве повеќе гледате дека преку Металург ќе напредува репрезентацијата (што е дискутабилно али ваше право е тоа) и така сте фанови на клубот.

За крај не очекувајте дека коа пишувате за Вардар дека нема да ви биде одговорено од некој.

Ја веќе не ви дискутирам на не-ракометни теми.

Поздрав
 
Кој младински погон немој да ме јебеш..Македонија нема формирано младинска репрезентација веќе две години, Шампион во Младинци е Пелистер а во Кадети Вардар..
 
1 болд-ова укажува дека ти воопшто не си македонец и комитите продаваат лажен патриотизам насекаде

2 болд-а кој беше РФМ до пред некој месец? кратко ти е памтењето изгеда.
--- надополнето: 18 август 2013 во 10:39 ---


металург барем влкучи играчи од младинската школа во првиот тим и тие ќе добијат шанса за игра. вардар од друга страна проба да уништи се шо е македонско, а и му успеа донекаде таа намера.
со самсоненко вардар (можеби ама тешко ) ќе има некој инстант успех, но ако истиот не почни да вложува во младинската школа вардар ќе биди кометал 2 дел. самс таквото го боли за вардар, ако му текни ќе замини и пред тие 10 години, после шо?



1. Првото укажува дека е навивач на ВАРДАР. Нема што да мешате баби и жаби, ВАРДАР е дел од нас цела година и во повеќе спортови нормално успехот на ВАРДАР повеќе ќе ни значи. Вас ве разбирам, си немате на што да се радувате и тоа е тоа.

2. А со кое раководство на РФМ сме ги имале најголемите репрезентативни успеси? Со кое раководство се молевме прво Швајцарија да реши Португалија, потоа Шпанците да не им пуштат на Португалија и што е најтрагично која е бре португалија да губиме 10 разлика од нив? Аххх, 10ка и од Италија јадевме на медитеранските благодарение на оваа РФМ која наместо да прати асален состав ги штеди играчите на еден тим и праќа недораснати мрсулковци од помладокот на истиот. Старото раководство на РФМ сега ја води СЕХА. Го донесоа Самсоненко во Вардар и Гаспром во СЕХА, овие новите го избркаа Вујо од Македонија и до сега ама баш ништо немаат направено. Па сега ти види си
 
Кој младински погон немој да ме јебеш..Македонија нема формирано младинска репрезентација веќе две години, Шампион во Младинци е Пелистер а во Кадети Вардар..

Пред фактите и боговите молчат (y)
 
Пред фактите и боговите молчат (y)


Абе ти нов на форумво ама многу паламудаш те гледам јас тебе... И овие од Металург се во осум најдобри во светот и тука фактите и боговите молчат. И што сега? Мислиш ќе боли уво нив што ти мислиш тој успех пример е во аналите на историјата спортска на Македонија. Не се натегај кај што не ти е местото...
 
Абе ти нов на форумво ама многу паламудаш те гледам јас тебе... И овие од Металург се во осум најдобри во светот и тука фактите и боговите молчат. И што сега? Мислиш ќе боли уво нив што ти мислиш тој успех пример е во аналите на историјата спортска на Македонија. Не се натегај кај што не ти е местото...

Точно е дека беа осми никој не го спори тоа. Али Вардар стана шампион и директно се пласира во ЛШ. И дечкото само ви кажа факт за тоа кој е шампион во младинци а кој во кадети, зашто цело време ја спомнувате школата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom