.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
- Локација
- На Венера
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Најдобриот начин како да ја освежите вашата врска е да приредите едновечерно обострано уживање. Тоа можете да го постигнете со неколку мали но мошне интересни трикчиња. За почеток, размислете каде би сакале да ја приредите вашата романтична вечера. Дали ќе сакате да го изненадите вашиот партнер на врата и со себе да ги понесете сите работи што ќе ви бидат потребни, или пак ќе се потрудите вие да бидете целосни ”домаќини” на вашата романтична вечера. За што и да се одлучите, сигурен сум дека нема да погрешите доколку за вашето изненадување искористите дел од моите предлози.
Пред се, погрижете се дека ќе бидете сами. Така ќе придонесете за поопуштена атмосфера кај вас и кај вашиот партнер и ќе можете да ја доведете вашата вечер до перфекција.
За вашата романтична вечера предлагам вие сами да ја подготвите храната, бидејќи така партнерот ќе може да забележи дека навистина сте вложиле многу труд и напор за имплементација на идејата. Затоа доколку не сте многу вешти во подготвувањето на некој романтичен рецепт, тогаш би ви предложил да купите веќе подготвена замрзната храна која ќе треба само да ја испечете. Такви се на пример готовите пици, лиснатите теста или пак едноставно можете да одберете тестенини,или евентуално можете да купите готова смеса за плескавици и да направите ќовтиња во форма на срце.
Понатаму, она за што треба да се погрижите е пијалокот. Најсоодветен пијалок за една успешна романтична вечера е црвеното вино. Па сигурно дека не е туку така измислена поговорката “Во виното е вистината”.Изборот на виното направете го според вашиот вкус, но се разбира дека треба да ги имате во предвид и преференциите на вашиот партнер. Никако немојте да го заборавите и садот за ладење на виното како и соодветен отварач. Погрижете се исто така и за чашите во кои планирате да го послужите.
На крајот, погрижете се за добрата музика. Таа секогаш моше да ја доведе атмосферата до кулминација, а вие и вашиот партнер ќе се чувствувате како да сте на седмо небо. Изберете тивка и романтична музика која ќе ве прати во текот на целата вечер.
Еве еден предлог за музика:
И немојте да заборавите дека ова е моментот кога ќе можете да кажете скоро се што ви лежи на душата. Се разбира, задржете се само на позитивните работи во врската и навратете се само на убавите спомени од минатото, и никако не ги споменувајте оние лошите работи.
Свежото цвеќе е најубав украс за секоја романтична вечера. Цвеќето може да се аранжира на најразлични начини, да се постави во должина во средината на масата, да се стави во порцеланска кошничка, во сребрена вазна или стаклена чаша која е доволно широка за цвеќето да изгледа раскошно. Покрај цвеќе, во свечени прилики се палат свеќи, се става вкусно аранжирана чинија со овошје итн.
Кога на масата, сепак, сте се одлучиле да има цвеќе, треба да се внимава да не биде високо и да не пречи.
Треба да се има на ум и тоа дека осветлувањето на масата за романтични прилики, треба да биде соодветно. Едно е јасно, ниеден вид електрично осветлување не може да даде таква светлина и топла атмосфера како запалените свеќи. Свеќниците се поставуваат на средината на масата и тие не само што создаваат пријатна атмосфера, туку се и одлични “впивачи” на чадот од цигарите. И ова треба да се знае: свеќници и запалени свеќи никогаш не се поставуваат за време на ручек, туку само за вечера.

.... Си плаќаш они се ти спремаат, дури предходно разгледуваат што и какви интереси има твојата сакана па ја прават атмосферата според неа.
Другар имам еден таму се колне у нив 