Туторијал за романтична вечера

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Најдобриот начин како да ја освежите вашата врска е да приредите едновечерно обострано уживање. Тоа можете да го постигнете со неколку мали но мошне интересни трикчиња. За почеток, размислете каде би сакале да ја приредите вашата романтична вечера. Дали ќе сакате да го изненадите вашиот партнер на врата и со себе да ги понесете сите работи што ќе ви бидат потребни, или пак ќе се потрудите вие да бидете целосни ”домаќини” на вашата романтична вечера. За што и да се одлучите, сигурен сум дека нема да погрешите доколку за вашето изненадување искористите дел од моите предлози.
Пред се, погрижете се дека ќе бидете сами. Така ќе придонесете за поопуштена атмосфера кај вас и кај вашиот партнер и ќе можете да ја доведете вашата вечер до перфекција.

За вашата романтична вечера предлагам вие сами да ја подготвите храната, бидејќи така партнерот ќе може да забележи дека навистина сте вложиле многу труд и напор за имплементација на идејата. Затоа доколку не сте многу вешти во подготвувањето на некој романтичен рецепт, тогаш би ви предложил да купите веќе подготвена замрзната храна која ќе треба само да ја испечете. Такви се на пример готовите пици, лиснатите теста или пак едноставно можете да одберете тестенини,или евентуално можете да купите готова смеса за плескавици и да направите ќовтиња во форма на срце.

Понатаму, она за што треба да се погрижите е пијалокот. Најсоодветен пијалок за една успешна романтична вечера е црвеното вино. Па сигурно дека не е туку така измислена поговорката “Во виното е вистината”.Изборот на виното направете го според вашиот вкус, но се разбира дека треба да ги имате во предвид и преференциите на вашиот партнер. Никако немојте да го заборавите и садот за ладење на виното како и соодветен отварач. Погрижете се исто така и за чашите во кои планирате да го послужите.

На крајот, погрижете се за добрата музика. Таа секогаш моше да ја доведе атмосферата до кулминација, а вие и вашиот партнер ќе се чувствувате како да сте на седмо небо. Изберете тивка и романтична музика која ќе ве прати во текот на целата вечер.
Еве еден предлог за музика:

И немојте да заборавите дека ова е моментот кога ќе можете да кажете скоро се што ви лежи на душата. Се разбира, задржете се само на позитивните работи во врската и навратете се само на убавите спомени од минатото, и никако не ги споменувајте оние лошите работи.

Свежото цвеќе е најубав украс за секоја романтична вечера. Цвеќето може да се аранжира на најразлични начини, да се постави во должина во средината на масата, да се стави во порцеланска кошничка, во сребрена вазна или стаклена чаша која е доволно широка за цвеќето да изгледа раскошно. Покрај цвеќе, во свечени прилики се палат свеќи, се става вкусно аранжирана чинија со овошје итн.
Кога на масата, сепак, сте се одлучиле да има цвеќе, треба да се внимава да не биде високо и да не пречи.

Треба да се има на ум и тоа дека осветлувањето на масата за романтични прилики, треба да биде соодветно. Едно е јасно, ниеден вид електрично осветлување не може да даде таква светлина и топла атмосфера како запалените свеќи. Свеќниците се поставуваат на средината на масата и тие не само што создаваат пријатна атмосфера, туку се и одлични “впивачи” на чадот од цигарите. И ова треба да се знае: свеќници и запалени свеќи никогаш не се поставуваат за време на ручек, туку само за вечера.

beautiful-dining-table-romantic-room-ideas.jpglrl_100candles2a.jpgRomantic-Bedroom-Decor-for-Valentines-Day.jpgromantic-room-makeover-proposal-idea-600x300.jpgromantic-room-proposal-472x295.jpg
 
Хаха, абе Скај, уште кога ја видов темава можев да се кладам дека ти си ја отворил, најромантичен си на форумов. :D
Во позитивна смисла ова, да не ме сфатиш погрешно. :)

Текстот и идеите се ок, во блиска или подалечна иднина нема да ми требаат, али ќе ги препрочитам понатака. (y)
 
Повише време одзема декоров отколку вечерањето + сексот

Во Хонг Конг има фирма што ова го прави за тебе :pos:.... Си плаќаш они се ти спремаат, дури предходно разгледуваат што и какви интереси има твојата сакана па ја прават атмосферата според неа. ;) Другар имам еден таму се колне у нив :icon_mrgr:
 
и после сите тие свеќи, рози, деликатесни вечери, тивки музики... ти вели ... “денес добив...“ Или према менструалното календарче се планираат вакви настани ?
 
Лиснати или ќофтиња во форма на срце. Sky дали ти ја смисли темава и туторијалов или ја презема од негде?
 
Абе остајте го романтичар е, сеуште ја преидеализира љубовта. Кај и да е ќе сецне работата и ќе сфати дека премногу труд не е на арно.

Sky брат најдобронамерно ти викам (требаше можда во љубовни проблеми), не си го арчи времето на премногу давање на внимание. Внимание во врска ти е као бирократија: Bureaucracy is expanding to meet the needs of expanding bureaucracy.
Шо поише запаѓаш во премногу деталесто внимание, (не зборам за романтичност - тоа е сосема различно од она што ти го пишуваш тука), тоа посилно ќе те мавне во ѕид откако ќе сфатиш дека не е се` до истото.
Ама џабе дробам, чувства коа се у питање,
 
А где је рингла?

Он топик: Мислам дека секоја промена од дневната рутина за вечера може да е романтична. Не се потребни свеќи, чаршафи, завеси, цвеќиња... Направете нешто, дури и минимално ама направете го од срце. Многу повеќе вреди од најскапиот ресторан и најскапото пиење. Кога нешто е од срце, успехот е загарантиран.
 
За вашата романтична вечера предлагам вие сами да ја подготвите храната, бидејќи така партнерот ќе може да забележи дека навистина сте вложиле многу труд и напор за имплементација на идејата. Затоа доколку не сте многу вешти во подготвувањето на некој романтичен рецепт, тогаш би ви предложил да купите веќе подготвена замрзната храна која ќе треба само да ја испечете. Такви се на пример готовите пици, лиснатите теста или пак едноставно можете да одберете тестенини,или евентуално можете да купите готова смеса за плескавици и да направите ќовтиња во форма на срце.

И немојте да заборавите дека ова е моментот кога ќе можете да кажете скоро се што ви лежи на душата. Се разбира, задржете се само на позитивните работи во врската и навратете се само на убавите спомени од минатото, и никако не ги споменувајте оние лошите работи.

Прегледај го приврзокот 70187

Dude, no.
Да ме викне некој на романтична вечера и да ми послужи замрзната пица или ќуфтиња? Ноуп. Подобро смоки нека стави на маса.
Олсоу, само на романтична вечера треба да се биде емотивен? Толку извештачено е тоа...
Чиниите се изгребани и столиците пластични. Ноуп.
 
Сум правела оваков тип на вечери само за да види дека некој сака да му угоди и за да падне добро ебење. Инаку оваквите вечери не ми се воопшто романтични, напротив, извештачено ми е и се чувствувам дебилно.
 
И без романтична вечера може да падне добро ебење, јас преферирам шопска и мастика, да видеш после тоа каков секс паѓа, да видиш само:D
 
И без романтична вечера може да падне добро ебење, јас преферирам шопска и мастика, да видеш после тоа каков секс паѓа, да видиш само:D

Јасно. Поимот „романтична вечера“ секој го сфаќа поинаку. Мене на пример ми е како предигра да седам во кафана со љубениот и да ѝ пикам стотки и петстотки во цицки на певаљката, додека пиеме ракија и мезиме салата од зелка. :drk:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom