Да одеше така како на пријателскиве, кај ќе ни беше крајот. Игравме мртво, ама се погоди после продорот на Стефан пенал, па после искористивме уште една вана би офсајд замка и победивме.
Бабунски беше добар како за прв натпревар и толкава минутажа, се гледа дека има нешто поразлично од останатите. Трајковски браво, мило ми е за првенецот, треба да игра почесто.
Пандев... ех Пандев. Јас порано го критикував, ми викаа дека сум хејтер, дека сум од оние кои после ќе го слават, што не е така, бидејќи Пандев никогаш не сум го сакал и секогаш сум викал дека за репрезентација е друг играч.
И треба да му се земе капитенската лента, затоа што знаеме со што се одликуваат вистинските капитени.
Затоа треба да се критикува, без разлика дали позитивно или негативно. Секогаш. Ако критикуваш, ќе знаат каде им се слабите страни и ќе станат посилни. Вака, им е гајле.
Истото важи и за Тричко, ама океј, тој е вечити таленат, ќе го биде, има време.