Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Бабунски,man of the match. :cuc:
Фала за радости.


Да не интервенираше како повампирен Пачовски во прво полувреме ќе го видеше Бабунски. МВМ Томе Пачовски, Ристовски во второто полувреме одличен. Другите стандард. Бабунски со неговите потези само стави дознаење дека ќе биде еден од ретките типови на играчи кои играле за Македонија.
 
МТВ КОПУЦИ
Pandev-517x320.jpg
 
Да не интервенираше како повампирен Пачовски во прво полувреме ќе го видеше Бабунски. МВМ Томе Пачовски, Ристовски во второто полувреме одличен. Другите стандард. Бабунски со неговите потези само стави дознаење дека ќе биде еден од ретките типови на играчи кои играле за Македонија.


Мислам дека ова деби е само кратка најава за сјајната кариера која го очекува.Покажа фантастични дриблинзи,има само 19 години и доаѓа како нешто многу многу долгоочекувано.
 
Бабунски е веројатно најголемиот талент кој некогаш сме го имале, има одлична техника, а и у движење како само потсеќа на Иниеста. :D
Али не е сеуште за во прв тим како што спомна некој погоре, нема искуство, 2-3 пати му одземаа топка на наша половина, ипак досега играше во младински лиги, летово го потпиша првиот професионален договор и допрва есенва треба да игра вистински утакмици. Му треба малку време да зацврсти и да си изгради самодоверба, не треба да му се ствара притисок пред време.
 
одма се познава кој е учен од врвни skills тренери, а кои се учени од "додај ја на тој најблиску или аут" левел на тренерска експертиза
 
Полекате бе. Има време, циклусов може да се искорости за Давид да се вклопи во тимот ионака циклусов нема шо да бараме веќе. Мислам дека преголема фама се крева за него, само заради тоа што не сме навикнати да гледаме таков техничар во репрезентацијата.

Секако и факторот Барселона го прави своето, нормално. Но според мене и Пеџа Ранѓеловиќ и Стефан Спировски се таленти кои би биле репрезентативен матерјал со правилен развој. Арно ама, двајцата се кревки на повреди и тоа ги доведе до познатата македонска судбина да играат у српска лига. Во нашава вукојебинска лига, таков играч не може да просперира, ќе го кинат секоја утакмица.

Давид наспроти нив, имаше шанса уште како мал да оди во клуб од највисоко ниво, каде што и фитнес режимот е сосема различен, докторите се грижат за секој играч, до најмалите категории во клубот. Затоа, напредокот кај него е воочлив, сепак е Барселона а не Борац Чачак. Ја сум сигурен дека и погоре споменативе двајца да имаа среќа да заминат во професионален клуб и да го фатат ритамот, несоочувајќи се со повреда при првата сезона, ќе беа на ниво приближно на ова од Бабунски. Но, за жал го пропуштија возот, а со тоа ни губиме таленти од најреткиот тип на играчи со кои располагаме и кои очајно ни требаат.

Но, ова, вака би функционирале работите доколку се во федерацијата и репрезентацијата беше суредено. Вака џабе ни е и Бабунски. Искрено Чеде ме нервира се повеќе, многу мек испаѓа, воопшто не директен. И он игра како што му свират очигледно, нема одврзани раце или нема муда да рече нешто...

Многу малку работи се променети од Харалампие ерата за жал, иако некои се обидуваат да претстават дека сме отидени напред...
 
одма се познава кој е учен од врвни skills тренери, а кои се учени од "додај ја на тој најблиску или аут" левел на тренерска експертиза

Напротив, Бабунски е учен на тој најблиску а нашиве дрва на тој најдалеку или во аут.

Потфрли денес Пандев не беше во елемент, исто така не ми се допаднаа ниту Тричковски ниту Ибраими.
Средината некако премногу статично, Треба да се стави везен играч Бабунски за тој да ја земи за да ја префрли на Пандев кој исто така треба да игра по назад од шпицот, таму е по опасен. После секоја утакмица го велам ова Пандев понапред го става единствено со Шкотска таму изигра како што треба од тогаш очигледно дека Чеде му дава такви задачи.И Бабунски кога влезе на местото на Пандеви отј отиде понапред ама после почна да се враќа за тој да ја прибери и да ни покажи малце што е среден играч, елеганција во движење секоја чест и му посакувам светла кариера и во клубот а уште повеќе за репрезентација.
 
Најсмешно ми беше после првиот гол, спикеров на Градски кога почна да вика “Агим“ и публикава да врати Ибраими, ама шо фајде, забрае изгледа дека нема публика :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom