На сон му се сонил Свети Ѓорѓија Победоносец, побарал да биде откриен

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Mатеј 13.41 вели:
41 ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе го соберат сите соблазни од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела
Како влегле соблазни и оние кои вршат незаконски дела во Неговото царство??

е сега, јас не гледам ама баш ич никаква врска со посочените стихови :

17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;

18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.

Овде не се бара никаков степен на вера, се бара само да поверуваш. Пак ли Мики ќе додавате нешто што не е запишано??? Читај убаво: “оние што ќе поверуваат Нема тука “оние што силно... или јако... или средно....“ Значи Мики АКО си поверувал дали би излекувал некој болен со полагање на рацете над него додека зборуваш мандарински и на крај да испиеш една чаша отров??
Ај сега, истото ова почни да го верглаш по сто и прв пат...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
STEALTH имаш одено во с.Аргулица кај таа жената што има црква?
Ист случај со овој со Св Ѓорѓија.
Можеби на некои како Мачорка им е премногу смешно и си тераат сеир на туѓа мака.
Лесно е да кажеш овој е будала сонувал дека таму има црква ретардиран е и халуцинира. А вие што им верувате сте глупи. :icon_mrgr:
15 години не можев убаво да зборувам, ми кажаа што е проблемот и се среди за две недели. За ова имате некое објаснување?
Или сум чекал жената да отвори црква па да и направам добра реклама дека знае да лечи. :pipi:
Додека некој не осети на своја кожа ништо не верува.
Не верувам во оние бајачите што имаат ценовник за секоја болест и идам само во црква.
Место на кое ако сакаш запали свеќа и помоли се за маката како верник и ако сакаш остави пари.
Има многу кои се излечиле на вакви места кој сака нека верува кој не не мора. Идам редовно за секој голем празник и сум видел луѓе со секакви маки.
Не дај боже да ве снајде нешто па лекот ќе го барате и под дрво и под камен. :свиркам:
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
...сигурно постои нешто,штом толку луѓе го доживеале (секој на свој начин)...дека сето тоа е според Светото писмо,не е...јас не сум којзнае каков верник,не верувам баш во секој збор од "Книгата која ја пишувале и одбирале што од напишаното ќе влезе во неа ЛУЃЕ",само не ми е јасно - Од каде толкава храброст да се "преиспитува и толкува" кажаното или направеното од Исус и неговите следбеници?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
15 години не можев убаво да зборувам, ми кажаа што е проблемот и се среди за две недели. За ова имате некое објаснување?
Ќе се обидеме да објасниме, но прво кажи што ти кажале дека ти бил проблемот?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ај сега, истото ова почни да го верглаш по сто и прв пат...
To e Mики, светото писмо не лаже, колку и да го “толкуваш“ и менуваш и извртуваш смислата на речениците - пак тоа пиши. Најлесно би ви било да можете пак наново да го напишете по ваш терк, али не се може па морате да се крпите со “толкувања“
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
To e Mики, светото писмо не лаже,
...а истово не можам да го кажам и за Тебе.

Ти си надвор од Богочовечиот организам, надвор од Црквата, надвор од вистината, надвор од благодатта Божја и уште мудруваш дека Писмото не лажело. Требаше да поминат 2 000 г за да ја дознаеме оваа вистина токму од човек кој самиот не е во вистината.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Ќе се обидеме да објасниме, но прво кажи што ти кажале дека ти бил проблемот?
Си има стол во црквата седнав и кажав за што сум отиден таму и после она чита некои молитви. Кога заврши со тоа ми кажа дека кога сум бил мал некој од дома ни украл клуч и со него нешто ми направил. Не ми кажа кој/а, затоа што можев да идам и да му ја скинам главата на тој/таа. :icon_mrgr:
Ми кажа да запалам свеќи на неколку икони и дека пари ако сакам да оставам ако не не мора.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Ама сигурно ти тупела каков маж да си најдеш и како да го слушаш, оти така било дадено од госпот.
Пре би да дискутирам со некој кој има поим за тезата што ја брани, него некој кој ,,ете така наследил,, па дури ни Библијата не може да ја даде во своја одбрана :)

Воопшто не, ништо....а си беше побожна. Ја кога разговарам, јас гледам само они да ми кажат искуства и мисли....а не да бранат тези, не се под напад :icon_lol: Јас сум со "секој со своето се додека не ми го буткаш под нос" во врска со сите вери и невери. ;)

STEALTH имаш одено во с.Аргулица кај таа жената што има црква?
Ист случај со овој со Св Ѓорѓија.
Јас бев кај неа сега летово. Прво кај Далибор во Штип (Св Тројца), па тој не однесе во Аргулица. Жената има Св Илија цкрвиче со чешмичка, нели?

Јас лично немав мака, посетував само вакви места. Бабичката многу ја засакав.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Јас бев кај неа сега летово. Прво кај Далибор во Штип (Св Тројца), па тој не однесе во Аргулица. Жената има Св Илија цкрвиче со чешмичка, нели?

Јас лично немав мака, посетував само вакви места. Бабичката многу ја засакав.
Не е таа црква и нема чешма. Се наоѓа на ридот под оние антените. Жената е околу 50 години.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Си има стол во црквата седнав и кажав за што сум отиден таму и после она чита некои молитви. Кога заврши со тоа ми кажа дека кога сум бил мал некој од дома ни украл клуч и со него нешто ми направил. Не ми кажа кој/а, затоа што можев да идам и да му ја скинам главата на тој/таа. :icon_mrgr:
Ми кажа да запалам свеќи на неколку икони и дека пари ако сакам да оставам ако не не мора.

Чекај, тебе попот ти баел? А како дознал дека некој дома ви украл клуч и ви правел вуду финти? На нешто како стаклена кугла да не видел или некако со тарот карти?
Не бе озбилно пријател мислам дека станува збор за плацебо ефект, самосугестија, психата е моќна работа, луѓе (психолози) по пат на хипноза терапии многу работи менувале и менуваат кај луѓето, излекуваат од фобии, депресии, стресови, ова твоево е ситна риба.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Чекај, тебе попот ти баел? А како дознал дека некој дома ви украл клуч и ви правел вуду финти? На нешто како стаклена кугла да не видел или некако со тарот карти?
Не бе озбилно пријател мислам дека станува збор за плацебо ефект, самосугестија, психата е моќна работа, луѓе (психолози) по пат на хипноза терапии многу работи менувале и менуваат кај луѓето, излекуваат од фобии, депресии, стресови, ова твоево е ситна риба.
Не е поп, жена е и не бае туку на глас чита молитви.
Исто на неа пред 5 години и се сонило да отвори црква и да и помага на луѓето. Да е ја намерно отворила црквата за да се збогати она сега нема работи во конфекција а за викенд и празник да е во црквата.
А како знаела за клучот и какви финти прави не знам. Важно ми е дека ми помогна не само на мене туку и на многу народ.
Фобии, стресови, депресии нели е полесно да се излечи од ова? А како што имам слушнато има излечено и едно девојче што не можело да оди и две мали близначиња кои не можеле да зборуваат.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
А како што имам слушнато има излечено и едно девојче што не можело да оди и две мали близначиња кои не можеле да зборуваат.
Тоа е тоа со овие теми. Секогаш некој нешто има слушнато од другар на другар, ама никогаш никој не видел со свои очи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom