Кога би го бирал составот со Стоук....
Опција 1 или опција 2.
Повеќе ми се свиѓа опција 1 од причина што средината би ја имале во раце а Стариџ и Аспас се добри за притисок во противничка половина.
А нели пошто Стоук прават промена на системот на игра, мислам дека ќе се обидат да ја спуштат топката на земја.
Кога би ја користил формацијата на Шефот...тогаш опција 2 е одличен избор на играчи .
Со тоа што Аспас Стерлинг и Кутињо би ротирале во сите варијанти а Стариџ би бил фиксен напред .
Одбраната нормално не се менува.
Ќе повторам... многу би сакал да ја видам Опција 1 на терен.... Кутињо би бил ко Штраф низ иверица.... Апсас и Стариџ треба само да ги отвараат централците на Стоук.
Вака и Хендерсон би добил поголема слобода од позади да влетува.