- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Eве како се применува сложено правило тројно во задачата од пост # 684
И просто и сложено правило тројно имаа два става: условен и прашален став.
Еве како тоа се прави во нашиот пример:
....................... невести......раб.дена.....раб.саати....соб. тикви
условен став:..........3...............6...................5....................15
прашален став:.......7.............. х...................6....................14
Сега треба да одредиме дали величините се правопропорционални во однод на величината каде што е х
Затоа си поставуваме прашање:
Што е точно: Дали повеќе дена, повеќе невести или повеќе дена помалку невести? На ова прашање точно е второто, ако работат повеќе невести ќе треба помалку дена.Повеќе - помалку значи обратна пропорционалност
Сега истото праша го поставуваме за раб. саати:
Што е точно: Дали повеќе дена, повеќе саати или повеќе дена помалку саати? Пак е точно обратно Ако работат повеќе дена ќе им треба помалку саати.
И сега последното прашање за тиквите:
Што е точно: Дали повеќе дена, повеќе тикви или повеќе дена помалку тикви.? Сега е точно правата пропорционалност - повеќе дена повеќе тикви.
Сега ги пишуваме пропорциите кои произлегуваа секогаш почнувајќи од х
х/6 = 3/7 ( обратна пропорционалност )
х/6 = 5/6 ( обратна пропорционалност )
х/6 = 14/15 ( права пропорционалност )
Веројатно забележавте - кога е права пропорционалност редоследот е ист со х/6, а кога е обратна пропорционалност - редоследот е обратен.
Решението го наоѓаме овака:
х/6 = (3/7) * (5/6) * (14/15)
од ова следи х = 2
Е сега Ве замолувам да пронајдете некоја задача со сложено правило тројно па да се обидеме да ја решиме на ваков „ школски “ начин