Математичка мистерија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве како се применува сложено правило тројно во задачата од пост # 684
И просто и сложено правило тројно имаа два става: условен и прашален став.
Еве како тоа се прави во нашиот пример:
....................... невести......раб.дена.....раб.саати....соб. тикви

условен став:..........3...............6...................5....................15
прашален став:.......7.............. х...................6....................14

Сега треба да одредиме дали величините се правопропорционални во однод на величината каде што е х
Затоа си поставуваме прашање:
Што е точно: Дали повеќе дена, повеќе невести или повеќе дена помалку невести? На ова прашање точно е второто, ако работат повеќе невести ќе треба помалку дена.Повеќе - помалку значи обратна пропорционалност
Сега истото праша го поставуваме за раб. саати:
Што е точно: Дали повеќе дена, повеќе саати или повеќе дена помалку саати? Пак е точно обратно Ако работат повеќе дена ќе им треба помалку саати.
И сега последното прашање за тиквите:
Што е точно: Дали повеќе дена, повеќе тикви или повеќе дена помалку тикви.? Сега е точно правата пропорционалност - повеќе дена повеќе тикви.
Сега ги пишуваме пропорциите кои произлегуваа секогаш почнувајќи од х
х/6 = 3/7 ( обратна пропорционалност )
х/6 = 5/6 ( обратна пропорционалност )
х/6 = 14/15 ( права пропорционалност )
Веројатно забележавте - кога е права пропорционалност редоследот е ист со х/6, а кога е обратна пропорционалност - редоследот е обратен.
Решението го наоѓаме овака:
х/6 = (3/7) * (5/6) * (14/15)
од ова следи х = 2
Е сега Ве замолувам да пронајдете некоја задача со сложено правило тројно па да се обидеме да ја решиме на ваков „ школски “ начин
 
R

Rigel Kent

Гостин
Pet bagera po 160 kW mozat za 14 dena, ako rabotat po 8 sati, da iskopaat kanal dolg 9400 m, sirok 4,6 m i dlabok 4 m. Kolku dolg kanal moze da iskopaat 7 bageri po 140 kW , ako rabotat 15 dena po 10 sati i ako kanalot e sirok 3.5 m i dlabok 2 m? Uslovite za rabota se isti.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Со оваа задача Branchez ми го честиташе роденденот.
Се уште не сум ја решил, ако некој сака нека ми помогне
.....
На никого не му текна за роденденски подарок, еве еден од мене

„Газела стартувала 60 скока пред гепардот кога почнал да ја брка.
На секои 3 скока направени од газелата, гепардот правел 2 скока,
но гепардот поминувал толку растојане во 3 скока колку што газелата поминувала во 7 скока.

По колку скока направиле секој од нив до моментот кога гепардот ја фатил газелата?“
--- надополнето: 13 август 2013 во 09:33 ---
Pet bagera po 160 kW mozat za 14 dena, ako rabotat po 8 sati, da iskopaat kanal dolg 9400 m, sirok 4,6 m i dlabok 4 m. Kolku dolg kanal moze da iskopaat 7 bageri po 140 kW , ako rabotat 15 dena po 10 sati i ako kanalot e sirok 3.5 m i dlabok 2 m? Uslovite za rabota se isti.
Еве јас ќе ги поставам условниот и прашалниот став, а Вие обидете се да ја решите задачава која ја постави Rigel Kent

багери.....kW ... денови.....саати....долг....широк.....длабок...
.....5.........160.........14............8.........9400.......4,6.............4......
.....7.........140.........15...........10...........х..........3,5..............2.....

Прашањата секогаш ги започнуваме со х:
1 прашање: Дали подолг канал - повеќе багери или подолг канал помалку багери. Точниот одговор е подолг - повеќе значи се право пропорционални.
2. прашање: Дали подолг канал - повеќе киловати или подолг канал - помалку киловати. Точно е подолг - повеќе, значи и ова право пропорционална величина.....
Понатаму обидете се сами....
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
„Газела стартувала 60 скока пред гепардот кога почнал да ја брка.
На секои 3 скока направени од газелата, гепардот правел 2 скока,
но гепардот поминувал толку растојане во 3 скока колку што газелата поминувала во 7 скока.

По колку скока направиле секој од нив до моментот кога гепардот ја фатил газелата?“
Добив дека гепардот направил уште 108 скока, кои заедно со иницијалната оддалеченост даваат 168 гепардови скока.
За газелата добив дека направила 252 скока (што се исто со 108 скока на гепардот).

Можеби некој има друго решение?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Добив дека гепардот направил уште 108 скока, кои заедно со иницијалната оддалеченост даваат 168 гепардови скока.
За газелата добив дека направила 252 скока (што се исто со 108 скока на гепардот).

Можеби некој има друго решение?
Еве како јас ја решив задача која добив како роденденски подарок од Branchez :
Најнапред ги означив непознатите:
L1 - должина на скок од газела
N1 - број на скокови на газела
L2 - должина на скок од гепард
N2 - број на скокови од гепард.
Од првиот услов кој е поставен во задачата - На секои 3 скока направени од газелата, гепардот правел 2 скока, произлегува:
N1 : N2 = 3 : 2,
или N1 = 3 * к ; а N2 = 2 * к
Од вториот услов на задачата кој гласи: - гепардот поминувал толку растојане во 3 скока колку што газелата поминувала во 7 скока, произлегува:
7 * L1 = 3 * L2
Ова може да се напише како пропорција
L1 : L2 = 3 : 7
или може да се напише L1 = 3 * р, а L2 = 7 *р
Сега ќе ја поставам главната равенка од условот на задачата:„ Газела стартувала 60 скока пред гепардот кога почнал да ја брка....По колку скока направиле секој од нив до моментот кога гепардот ја фатил газелат

Газелата и гепардот поминале исто растојание, Газелата најнапред поминала 60 скока а потоа плус N1. За тоа време гепардот поминал N2 скокови.
Еве ја главната равенка
( 60 + N1 ) * L1 = N2 * L2
сега ќе ги замениме
( 60 + 3 * к ) *(3 * р) = (2 * к) * ( 7 *р )
од тука
180 + 9 * к = 14 * к
следи 5 * к = 180, односно к = 36

значи дефинитивно
газелата N1 = 3 * к = 3 * 36 = 108
а гепардот N2 = 2 * к = 2 * 36 = 72
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Газелата најнапред поминала 60 скока а потоа плус N1. За тоа време гепардот поминал N2 скокови.
Ова е погрешна претпоставка, токму спротивното е точно. Гепардот ги поминал првите 60 скока за да стаса до иницијалното место на газелата, а после дополнителни за да ја фати.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова е погрешна претпоставка, токму спротивното е точно. Гепардот ги поминал првите 60 скока за да стаса до иницијалното место на газелата, а после дополнителни за да ја фати.
Не го сватив така условот.... Условот гласи: Газела стартувала 60 скока пред гепардот кога почнал да ја брка.
Значи имала „ фора “ 60 скока
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Токму таа фора морал гепардот да ја надомести, значи неговото вкупно растојание е растојанието на газелата плус фората т.е. 60 гепардови скока.
Јас разбрав 60 скока од газела...
Би требеле да ја смениме главната равенка
Таа сега би гласела, ако добро те разбрав:
60 * L2 + N1 * L1 = N2 * L2

Но за мене е доволно за вечерва, ќе се исклучам и ќе одам на воздух
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве продолжување на решенито на задачата
Во главната равенка ги заменуваме вредностите:
60 * L2 + N1 * L1 = N2 * L2
60 * (7 *р ) + ( 3 * к ) * ( 3 * р ) = ( 2 * к ) * (7 *р )
Ако се скрати р се добива
420 + 9 * к = 14 * к
5 * к = 420
к = 84
или дефинитивно:
газелата N1 = 3 * к = 3 * 84 = 252
а гепардот N2 = 2 * к = 2 * 84 = 168
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Добив дека гепардот направил уште 108 скока, кои заедно со иницијалната оддалеченост даваат 168 гепардови скока.
За газелата добив дека направила 252 скока (што се исто со 108 скока на гепардот).
газелата N1 = 3 * к = 3 * 84 = 252
а гепардот N2 = 2 * к = 2 * 84 = 168
Значи добивме ист резултат ;)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ајде една задача :icon_lol:
Колку струја потрошил #кико при секс, ако во истата вечер имал однос 8 пати, а во 24 часа-10 пати. Изрази во децимали.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Ајде една задача :icon_lol:
Колку струја потрошил #кико при секс, ако во истата вечер имал однос 8 пати, а во 24 часа-10 пати. Изрази во децимали.
Дали било викенд или работен ден? Да знаеме по која тарифа да рачунаме :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве го целосното решение на задачата со сложено правило тројно која ја постави Rigel Kent

багери.....kW ... денови.....саати....долг....широк.....длабок...
.....5.........160.........14............8.........9400.......4,6.............4......
.....7.........140.........15...........10...........х..........3,5..............2.....

Прашањата секогаш ги започнуваме со х:
1 прашање: Дали подолг канал - повеќе багери или подолг канал помалку багери.?Точниот одговор е подолг - повеќе значи се право пропорционални.
2. прашање: Дали подолг канал - повеќе киловати или подолг канал - помалку киловати? Точно е подолг - повеќе, значи и ова право пропорционална величина.....
3.Прашање; Дали подолг канал повеќе - повеќе денови или подолг канал - помалку денови? Точно е подолг - повеќе значи и оваа е право пропорционално
4, Прашање: Дали подолг канал - повеќе сати или подолг канал - помалку саат? И овде е право пропорционално: точно е подолг - повеќе
5.Прашање: Дали подолг канал - поголема ширина или подолг канал - помала ширина? Е овде точно е обратно: Подолг канал - помала ширина , значи обратно пропорционални величени
6. Прашање: Дали подолг канал - поголема длабочина или подолг канал - помала длабочина? И овде е обратно, точно е подолг канал - помала длабочина
Сега ја составуваме равенката за пресметување. х е секогаш горе во дропката. Право пропорционалните величини имаа ист редослед како х, а обратно пропорционалните обратен
х/9400 =(7/5)*(140/160)*(15/14)*(10/8)*(4,6/3,5)*(4/2)
х/9400 = 4,3125, односно х = 40537,5 м
Мислам дека воочивте:
Кај право пропорционалните величини редоследот горе доле е ист како кај х
х/9400 ист редослед со (7/5);(140/160);(15/14):(10/8)
Кај обратно пропоционалните редоследот е обратаен:
х/9400 има обратен редослед од (4,6/3,5) и (4/2)


 

Kajgana Shop

На врв Bottom