Srcee
Unforgettable
- Член од
- 29 април 2008
- Мислења
- 5.275
- Поени од реакции
- 3.496
Ајде од друга перспектива работите да ги разгледаме. Храна, вода, струја имаат скоро сите. Сите надвор кога ќе излезат се добро облечени, кафаните се полни, гледам сега и се возат коли, и тоа премногу коли, продавниците полни со секаква роба, за сечиј вкус и џеб. А полни и со купувачи се. Иако сите плачат и се жалат пак сите барем подработуваат по нешто. Куќа или стан има секое семејство нешто што на запад го сонуваат (да да на запад свој дом нема секое семејство). А имаат и нива во едното село, нива во другото село, па на нивата почнале да градат нешто. Освен тоа на секој ќош се гради. Каде и да влезам на гости секаде барем дневната соба е топ средена. Кој стигна отиде до грција на одмор. Сите можат да си дозволат да се запишат на факултет (нешто што е на запад незамисливо), и што е најинтересно луѓе со ептем мали плати гледам ги праќаат децата по приватни школи плаќаат огромни суми. Значи и не сме толку за никаде само во генот ни е да плачиме и да се жалиме.
Јас не знам на запад четиричлено семејство со двајца (пази - со двајца, а сите што ги знам се со еден вработен и жена домаќинка) вработени да живее во 60 квадратен стан, што тука е случај за огромен процент од населението. Сите се во куќи на два спрата. На запад сонувале да имаат стан. Имав еден професор на факултет, паметно збореше, вика "На запад никој не купува, а имаат. Ние тука сите купуваме, а немаме." А да не зборам на колку семејства становите им се под хипотека.
Сите можеле да си дозволат да се запишат на факултет? Ај сеа да не ти го цитирам Кили. Жими факултетиве овде. И ајде, што откога сите што можеле да си дозволат завршиле факултет? Им се исплатил факултетот?
Храна и вода сме имале сите. Епа стварно блазе си ни. Утре ќе чујам од некој дека чим имаме воздух за дишење, не треба да се жалиме.