Џеси почнува да ме пизди, емотивноста на неговиот карактер ми изгледа премногу исфорсирана, како да сакаат на тој начин да измолзат номинација за Еми.
Однесувањето на Walt во пералната ме потсети на Gus. И тој беше ист во Los Pollos Hermanos. Плус, кога повраќаше стави крпа под колената, исто како Gus како Gus откако ја испи отруената текила кај Don Eladio. Нема некаква поврзаност, ама пак е некако симболично од сценаристите.
Очекувам Lydia да се врати во најлош можен момент за Walt. Чешките дилери ќе пробаат преку неа да стигнат до него и неговото семејство. Сцената со Walt во пералната беше перфектна, ама со Skyler ми изледаше исфорсирано.
Инаку, многу јако беше Star Trek cценариото на Badger.![]()
За на крај сите да сфатиме дека Breaking Bad е всушност prequel на Malcolm in The Middle
Биче крви до колена...
Не можам да сконтам за што Волт ќе го искористи пушкомитралезот (освен она, најочигледното) кој веќе се појави во две сцени, само едно знам... ќе биде beyond epic.
И едно предвидување за крајот на серијава. Волт ќе го намести Џеси како главен виновник за се и ќе го исцинкари, по што ќе го сместат во федералната програма за заштита на сведоци. Ќе го релоцираат далеку од Албукерки, со нов идентитет и нова жена со своите деца Риси, Дјуи, Френсис и Малком.
Коментаров го прочитав некаде низ интернетов, и се изнасмеав.![]()
Цела епизода Волт лажеше, така да, не верувајте дека сега сигурно дознал дека му се вратил ракот.
Сцената кога адвокатот се јави за да му каже околу Џеси, Волт беше во болница на терапија. Барем така ми се причини мене.