Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Џеси почнува да ме пизди, емотивноста на неговиот карактер ми изгледа премногу исфорсирана, како да сакаат на тој начин да измолзат номинација за Еми.
 
Џеси почнува да ме пизди, емотивноста на неговиот карактер ми изгледа премногу исфорсирана, како да сакаат на тој начин да измолзат номинација за Еми.

Веќе започнува да биде сериозно иритантно тоа однесување. Ок, сфативме дека ти е тешко, не мора да се понашаш како мало девојче.

Иначе - ОМГ ОДМА ВО ПРВАТА ЕПИЗОДА ТОА ШТО ГО ЧЕКАВМЕ! Почетокот можеби откри накај каде ќе се движи дејствието, но сеедно е, знам дека ќе биде пак изненадувачки сето тоа!
 
Однесувањето на Walt во пералната ме потсети на Gus. И тој беше ист во Los Pollos Hermanos. Плус, кога повраќаше стави крпа под колената, исто како Gus како Gus откако ја испи отруената текила кај Don Eladio. Нема некаква поврзаност, ама пак е некако симболично од сценаристите.

Очекувам Lydia да се врати во најлош можен момент за Walt. Чешките дилери ќе пробаат преку неа да стигнат до него и неговото семејство. Сцената со Walt во пералната беше перфектна, ама со Skyler ми изледаше исфорсирано.

Инаку, многу јако беше Star Trek cценариото на Badger. :icon_lol:
 
Истите работи ги прочитав на Редит пред малце. Или исто мислите или некој тука копира. :icon_lol:

Всушност Волт превземе од секој кој ќе го убие. Од Крејзи 8 ги сече сендвичите без корка, од Гас превземе односот на работа и тоа со пешкирот, а од Мајк...па од Мајк уште чекаме уствари. Тоа со Стар Трек беше одлична приказна и мислам дека има повеќе отколку безвезе надуван муабет, туку има симболика. Блубери, не за џабе се блу. :D Симболика вриштеше, посебно сцената со
Џеси и Волт кога седат одделени со торбици пари.

Иначе, дај спојлери малце...
 
Ми се допаднаа симболиките во епизодава, посебно референцата на Кум по којзнае кој пат со портокалите... Волт исто како Гас во сцената во пералната. Последната сцена епик, и да, ТИМ ХЕНК ALL THE WAY!!!
 
dXuE53m.jpg

Сакам да чувствувам (?) дека после сикс фит андер, брејкинг бед ќе има најјак крај евр.
 
Тоа се чекаше :cuc::cuc:
Малце повеќе покажаа на почетокот него што сакав, ама добро, ќе видиме.
Иначе на крај испадна да гледам заедно со двете (и таа што ме натера да гледам и таа што ја натерав да гледа) :D:D
 
Биче крви до колена...

Не можам да сконтам за што Волт ќе го искористи пушкомитралезот (освен она, најочигледното) кој веќе се појави во две сцени, само едно знам... ќе биде beyond epic.

И едно предвидување за крајот на серијава. Волт ќе го намести Џеси како главен виновник за се и ќе го исцинкари, по што ќе го сместат во федералната програма за заштита на сведоци. Ќе го релоцираат далеку од Албукерки, со нов идентитет и нова жена со своите деца Риси, Дјуи, Френсис и Малком.

Коментаров го прочитав некаде низ интернетов, и се изнасмеав. :pos:
 
За на крај сите да сфатиме дека Breaking Bad е всушност prequel на Malcolm in The Middle:pos:
Страшен крај на серијата би бил тоа, не викам не :)
 
Ракот се врати, дури и сега ако го победи Волт е појак и од Чак Норис. :vozbud:

А ептен lame ќе биде ракот да го докрајчи. Претпоставувам дека ќе играат на емотивна карта и ќе го убијат Џеси, и онака веќе на големо ја потенцираат неговата чувствителност и добрина.

Волт - боледува од рак, заработува пари нелегално, убива луѓе, сè повеќе и повеќе ја губи сочувствителноста, ја губи почитта од фамилијата, станува себичен.
Џеси - џанкер, заработува пари нелегално, себичен е, преку низа страдања станува свесен за туѓите животни приказни и страда поради нивната беда.

Moja претпоставка е дека овој контраст за поголема емотивност кај публиката би водел до тоа Џеси да умре, а Волт успешно да се справи со криминалците и да го живее оној ordinary, decent life што го посакува.

А можеби и сосема обратно со оглед на слоганот all bad things must come to an end.

Have an A-1 day! :icon_lol:
 
Цела епизода Волт лажеше, така да, не верувајте дека сега сигурно дознал дека му се вратил ракот.

Сцената кога адвокатот се јави за да му каже околу Џеси, Волт беше во болница на терапија. Барем така ми се причини мене.
 
Сцената кога адвокатот се јави за да му каже околу Џеси, Волт беше во болница на терапија. Барем така ми се причини мене.

Беше во болница, но ни тоа ништо не значи во серијава. Има поделени мислења околу ова на интернетов, некои викаат дека тоа со ракот го кажал само за пред Хенк и дека ако стварно би се вратил ракот - поинаку би реагирал.

Иначе, еве ви нова позадина АКО СТЕ ЈА ИЗГЛЕДАЛЕ НОВАВА ЕПИЗОДА:

wiZDxgt.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom