Вол паркиран пред излез на паркинг, како да се реагира?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
најфин предлог е да се обележи пред излезот од паркингот да не се паркира,некој поголем флуросцентен знак со 100 Swarovski кристали за да биде забележителен.Како и да е не му ја оштетувај колата,ни гумите,а никако да се пресметуваш физички,ко за малер доага некој К-1 fighter па си ги собираш забите по паркингот на крај. Такви имало,има и ке ги има секогаш.Ако го решиш проблемот со овој вол некој на работа ке те затвори со кола и вечно така,таква ни е културата возачка,тоа е проблемот,да можеме со кола во ГТЦ на шопинг ке одиме. Ако се работи за добро ауто греота да го гребеш,пр Scirocco-то ново.
А они се растени у специјална институција за лица со коефициент на интелигенција помал од 33, така? Што ме нервираат вакви моронски коментари коишто посочуваат на очигледното, брееееееј.

Као, „Ладно ми е.“ - „Па облечи се“. Не бе, нема да се облечам, имав намера да направам нуклерана бомба којашто ќе ја испратам до сонцето и ќе направам да предизвика експлозија што ќе го поттикне да грее посилно у зима. ЕБАТЕ.
 
стварно исав малце со коментарите... ако не, исчитајте ги првите постови и темата... фино пишал човекот дека има проблем, од типот дека тоа е влез, дека е обележан со заци, ланец и слично и дека некој упорно се паркира... како да го реши проблемот... и секако после нив иде еден воз коментари кои апсолутно немаат врска со некакво приближно решавање на проблемот...
 
Идејава ми е цел живот у глава за тие таквите волови
чисто и лесно за употреба, загарантиран успех...
 
Само да кажам дека вчера повторно иста ситуација... Јас се брзам да излезам со кола, а волот си се паркирал пред излезот и отишол да гледа театарска претстава.
Се собравме тројца комшии (кои исто така не можеа да влезат/излезат од паркингот) и со РАЦЕ моравме да му ја преместиме колата, за да излеземе од паркинг. Значи буквално, ја фативме, ја кренавме и ја преместивме. Среќа што беше помало и полесно возилото - не беше џип овој пат.

Добро, кога се вратив видов дека некој му залепил сочни шлајмови на сите стакла... Ама тоа не е поентата.
 
Процедура при непрописно паркирано возило

1. Фотографии (убаво да се гледа таблицата) од повеќе агли.
2. Пријава во полиција

Е сега меѓу 1 и 2 можеш да ги издишеш гумите (не да ги дупнеш, т.е. да не направиш штета на возилото), дур да дојде полицијата, а да неможе овој да замине :) )
 
Toa не е решение за сите волови, тоа е решение за еден вол на кој друг пат нема да му текне да паркира а што е со другите волови :D
 
Некогаш пукам од мака што немам пеглица или фиќо што вреди 50 евра...

Шо сте ги покриле таблиците? Нека се појави јавно бројчето од дебилот...
 
Процедура при непрописно паркирано возило

1. Фотографии (убаво да се гледа таблицата) од повеќе агли.
2. Пријава во полиција

Е сега меѓу 1 и 2 можеш да ги издишеш гумите (не да ги дупнеш, т.е. да не направиш штета на возилото), дур да дојде полицијата, а да неможе овој да замине :) )

И додека рачно ги напумпа сите 4 гуми,ќе помине саат и пол најмалце.Пак си ти во зијан.
 
Еве еден пример кој го реши кај нас тој проблем....

Потребен материјал!!
ЛАДА,ЗАСТАВА 1300 или нешто што е изработено пред 40 години со што е можно повеке остри и заргани агли и тежина да биде од 1000кг па нагоре.Напомена!!!Строго блокирани кочници или заглавена рачна.....

Се чека пациентот да се паркира како што му е кеиф,и одкога ке си замине делуваш.Го блокираш тамам за да ги извалка лакираните чевлиња и свиленото кошулче, за да можеш од осматрачница-читај балкон да факаш сеир

Почнуваш со убаво но при рака имаш цел арсенал на бомби-читај праски домати и се што има распрснувачка мок

А ако те извади од такт си седнуваш на столче,отвараш СКОПСКО и уживаш во погледот.....
 
Сакав да отворам тема на времето за случката но еве погодна тема за тоа. Пред 3ипол можеби 4 години, баба ми преживеа мозочен удар и лежеше во болница.Еден понеделник се одлучивме јас и сестра ми да одиме да ја посетиме,нормално во времето за посета. Се симињаме двајцата пред зграда, во која што живееме цел живот , и што да видиш... Се паркирала сестра ми на обележано паркинг место од зградата, а позади неа бел мерцедес C250 буквално препречен.(пред колата стубчиња,кои ги ставивме ние од зградата за да не се паркира во тревата, позади кола паркиран мерцедес позади товарен со пиперки на СРЕД паркинг) И нели нормално на секој му се случило итно да мора да се качи до дома, па да ја остави колата на средина и да блокира некој па според тоа почекавме 10мин па почнавме со свирење.Свиревме тропавме викавме саат и четириесет и пет минути(!) и решивме дека попаметно е да идеме од врата до врата да прашуваме чив е мерцедесот бидејки господинот(кретен понатака во текстот) немаше абер. И додека сестра ми трга од врата до врата(два влеза по 10 ката и 3 стана на кат) јас останав за во случај да се појави кретенот. А да заборавив, повикавме пајак и полиција но кога ја кажавме табличката нејќеа да дојдат и вадеа глупи изговори како немаме слободно возило, сите полицајци се на терен немаме слободен итн. Откако отиде сестра ми после 15тина мин се симинја едно кретенче 1.65 високо со Nike пластични папучи и оди лабаво како ништо да не се дешава. Му се приближив и најкултурно го прашав: Господине ваш ли е мерцедесов ? и на тоа ми врати да мали што ти треба ? И тука ми се споија жички. Почнав да викам како не ти е срам не си ни од зградава ни ништо ме блокираш па уште изиграваш шериф. И на тоа добив одговор дека он е шериф и дека он го цртал собраќајот во карпош идека е полицаец. Во ред полицаец не полицаец исти ку*рац, ти работиш за мене, не ја за тебе па да те чекам да го тргнеш твоето ПРИВАТНО возило од мојот паркинг, и најкултурно му посочив дека има среќа што е културно маало можело да си оди со кабрио мерцедес. Тука типчето поцрвене,позелене и почна да урла дека има автомат во гепек(што ми го покажа ) и дека доколку продолжам да зборам ќе морам со него во станица за да ме пријави, незнам за што...Е бидејќи бев малолетен тоа му го кажав и најкултурно му кажав дека ќе го пријавам во внатрешна контрола па после може само раскрсници да регулира, на тоа одговори к*рот ќе ми го јадеш запали кола и си отиде. Е тоа е мојата случка со блокирање пред сопствената зграда кај што си живеел 17години и сеуште живееш. :D
 
на местото кај што живееш знаеш дека се опасни џандарите чупее :D

Ти не тргна по палицата? :D
 
па според тоа почекавме 10мин па почнавме со свирење.Свиревме тропавме викавме саат и четириесет и пет минути(!)
Абе шо ве гледам смешни... стално си носам некое камче ко за потискање пиперки/сирење/туршија в кола. Ќе седам сат и пол да тропам. Го џиткам камчето во шофершајбна и си одам ко ништо да не било. Нека ме бара тој мене.
 
Не дека не ми текна, ама бев културен,пошто нели културно маало... А и џандар беше типот :D
 
Не дека го бранам, ама од каде знаете другите коли како биле паркирани? Доволно е еден да се паркира глупо и сите следат. Секако на сликата горе нема други коли до него
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom