Сакав да отворам тема на времето за случката но еве погодна тема за тоа. Пред 3ипол можеби 4 години, баба ми преживеа мозочен удар и лежеше во болница.Еден понеделник се одлучивме јас и сестра ми да одиме да ја посетиме,нормално во времето за посета. Се симињаме двајцата пред зграда, во која што живееме цел живот , и што да видиш... Се паркирала сестра ми на обележано паркинг место од зградата, а позади неа бел мерцедес C250 буквално препречен.(пред колата стубчиња,кои ги ставивме ние од зградата за да не се паркира во тревата, позади кола паркиран мерцедес позади товарен со пиперки на СРЕД паркинг) И нели нормално на секој му се случило итно да мора да се качи до дома, па да ја остави колата на средина и да блокира некој па според тоа почекавме 10мин па почнавме со свирење.Свиревме тропавме викавме саат и четириесет и пет минути(!) и решивме дека попаметно е да идеме од врата до врата да прашуваме чив е мерцедесот бидејки господинот(кретен понатака во текстот) немаше абер. И додека сестра ми трга од врата до врата(два влеза по 10 ката и 3 стана на кат) јас останав за во случај да се појави кретенот. А да заборавив, повикавме пајак и полиција но кога ја кажавме табличката нејќеа да дојдат и вадеа глупи изговори како немаме слободно возило, сите полицајци се на терен немаме слободен итн. Откако отиде сестра ми после 15тина мин се симинја едно кретенче 1.65 високо со Nike пластични папучи и оди лабаво како ништо да не се дешава. Му се приближив и најкултурно го прашав: Господине ваш ли е мерцедесов ? и на тоа ми врати да мали што ти треба ? И тука ми се споија жички. Почнав да викам како не ти е срам не си ни од зградава ни ништо ме блокираш па уште изиграваш шериф. И на тоа добив одговор дека он е шериф и дека он го цртал собраќајот во карпош идека е полицаец. Во ред полицаец не полицаец исти ку*рац, ти работиш за мене, не ја за тебе па да те чекам да го тргнеш твоето ПРИВАТНО возило од мојот паркинг, и најкултурно му посочив дека има среќа што е културно маало можело да си оди со кабрио мерцедес. Тука типчето поцрвене,позелене и почна да урла дека има автомат во гепек(што ми го покажа ) и дека доколку продолжам да зборам ќе морам со него во станица за да ме пријави, незнам за што...Е бидејќи бев малолетен тоа му го кажав и најкултурно му кажав дека ќе го пријавам во внатрешна контрола па после може само раскрсници да регулира, на тоа одговори к*рот ќе ми го јадеш запали кола и си отиде. Е тоа е мојата случка со блокирање пред сопствената зграда кај што си живеел 17години и сеуште живееш.