Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
vidooq Ај постирај сега ливчето кај што си не играл :D
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Ту бре, од последните 5 пријателски, ја само против Реал ја гледав... и само таа ја изгубивме.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Ај да си продолжам сега :D

Завршија подготовките, 7 одиграни натпревари, 6 победи, 1 пораз, 20 дадени голови, 6 примени од кои пола против Реал, најдобар стрелец Лукаку. Видовме се што можеше да се види, брз фудбал, спор фудбал, досаден фудбал, атрактивен фудбал. Ги видовме и сите играчи да поиграат по некоја минута, млади, стари, нови, старо-нови и така натаму. Мислам дека беше одлично организирано ова, 3 утакмици во Азија колку да почнат да играат, и фановите таму да се палат, а после Америка со сериозни противници кај што може веќе да се види силата на тимот, да се тестираат сите опции.

Играчи кои најдобро се покажаа според мене:
Де Брујн - се молев на почетокот да не го пуштат, ми се свиѓаше неговиот стил уште пред да дојде од Генк кога не поврзуваа со него цела година, и знаев дека мора да заигра за Челзи. Му се даде шанса и одлично си ја искористи, сега низ сезонава ќе се вклопи уште подобро со тимот и може да има одлична конекција меѓу него, Мата и Хазард.
Лукаку - може не беше толку добар, ама си ја заврши својата работа, даваше голови. А тоа и го бараме од напаѓач нели. 5 гола на 7 натпревари од кои ниту еден не одигра цел. Тоа е доволно и мислам дека покрај другиве двајца напаѓачи, си обезбеди место за против Хал. Сеуште е млад и неможеме да очекуваме од него цела сезона да ни биде главен напаѓач, јас бев за уште сезонава да се прати на позајмица, ама ако успее да даде 10+ голови сезонава, добро ќе биде, јас би бил задоволен.
Иванович - немора да се збори за него, го знаеме веќе и мислам дека ќе биде нај употребуван дефанзивец сезонава заедно со Кол.
Ван Гинкел - поима немав кој е, само дека се смета за голем талент. На интервјуто кога потпишал некако многу несериозно, детски делуваше и стварно незнаев што може да се очекува од него. Но, си ја искористи секоја шанса која му беше дадена. Одлично изигра. Снажен, борбен, одличен пас, многу смирено игра и секогаш оди на сигурно. Ми се свиѓа неговата игра и ако се развива како што треба може да стане играчиште, а не дадоа многу пари ако ги погледнеме другиве цени.
Мозес - се трудеше ептен кога и да играше и добро се покажа. Лани не очекувавме ништо од него кога дојде, ама имаше добри моменти низ сезоната. Сеуште е млад и сеуште е само тимски играч за ротација кој може да даде ~10 голови во сезона, ама ако продолжи да се подобрува, за некоја сезона може да биде и незаменлив на десно крило.
Валас и Траоре - вреди да се спомнат двајцата. Валас солидно се покажа, и ако му ја погодат позајмицата и игра цела зезона, мислам дека уште од наредна сезона би можел да се бори за место во тимот. Траоре највеќе импресионираше. Не ни знаевме дека има кај нас таков играч, уште нема потпишано ни договор ама секоја чест за детето. Многу се трудеше, одлични голови постигна, се надевам дека нема да има никакви проблеми со работната дозвола и за некоја година ќе го гледаме во прв тим.

Може тука да ги спомнам и Кејхил и Тери кои исто така одлично играа во одбрана, а и Хазард кој не беше константен ама на моменти знаеше да ни покаже по малце од неговата магија. Ќе треба многу напорно да работи и да се труди зошто сите очекуваат од него подобра сезона од претходната.

Играчи кои ќе треба да се докажат:
Торес - прв. Се труди, трча по цел терен, сака да се докаже ама нас ни треба напаѓач кој ќе ги искористи повеќето шанси кои ќе му се пружат и ќе дава голови константно цела сезона. Ова му е последна шанса да покаже дека сеуште го може тоа. Посебно ако не дојде Руни, пак највеќе од него ќе се очекува.
Шурле - нејќам да зборам дали го бива или не и дали заслужува да игра во Челзи или не. На некои играчи им треба време. Засега воопшто не покажа дека вреди толку колку што беше платен. Само голот што го даде, а другото е нула во споредба со другите играчи кои ни играат на крило. Ќе почекаме, ќе видиме, ќе му судиме после сезонава. Рамирес на пример беше дупка прво, па еве сега ни стана еден од најбитните играчи во тимот.
Оскар - Де Брујн со одличните игри мислам дека го растури триото мазакар, и сега Оскар ќе има доста работа за да се наметне. Мурињо го играше како 10ка, ама сите знаеме дека не е за замена. Со Ван Гинкел сега во тимот ни таа позиција не му е отворена сега, ќе видиме што ќе направи.
Микел - со враќањето на Есиен ептен му е загрозено место. Ќе треба да покаже добри игри кога и да му се даде шанса ако сака да игра пред Есиен. Јас сум еден од тие кои ја ценат неговата игра и верувам дека ќе биде уште подобар сезонава.
Луиз - еден од омилените ми е, и Мурињо го фалеше доста заради интерес од други клубови, ама Мурињо сака цврста, стабилна одбрана која нема да прави грешки и да прима лесни голови. Ако сака да е прв избор ќе мора да покаже дека знае да игра како што ќе му се каже и да не избрзува и да излетува напред без потреба.

Другите кои не ги спомнав одиграа просечно. Ба по малце изгубено делуваше и дефинитивно е трет избор сега за напред. Мата немаше баш шанса за игра, ама воопшто не се секирам за него, секако дека ќе игра. Кол и Чех стандардно, за ЛАМПАРД кажав веќе, Есиен исто може да биде добро засилување сезонава, Рамирес си ја игра неговата игра. Калас штета што се повредил, ама верувам дека ќе биде добра замена сезонава, а не би ме чудело и да изненади, мислам дека има квалитет.

Неможе уште да се каже дека се 100% спремни за почетокот на сезоната, ама имаат сега уште една недела за финални подготовки, да среди Мурињо се што не му се свиѓаше на припремиве. Доколку успеат да ги сокријат недостатоците во првите неколку утакмици додека уште влегуваат во форма, понатаму нема да има никакви проблеми. Ептен битен ќе биде почетокот зошто ако го искористиме распоредот, може да имаме мала предност пред другите, посебно ако почнеме со три победи. Играме против Јунајтед, па против Баерн. Тоа ќе биде вистински тест за да видиме колку е јак тимов моментално.
Ајде уште една недела ќе се издржи и почнуваме. Ги замолувам без многу стресови сезонава ако може да се пројде. :D
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Јас пишав дека изиграл како што треба?
Треба да си го ставел кај овие просечниве, односно кај подпросечниве.Чевекот заборавил како се води топка, трча и се сопиња од нејзе.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Треба да си го ставел кај овие просечниве, односно кај подпросечниве.Чевекот заборавил како се води топка, трча и се сопиња од нејзе.
На добро место е ставен. Имам играчи кои покажале и повеќе него што се очекуваше, играчи кои си одиграле на некое просечно ниво кое сеуште е задоволително и играчи кои ќе треба да покажат многу повеќе ако сакаат да играат. Он е во последнава група.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
^ Нема он што да покаже веќе одамна, џабе се залажуваме. Искрено ја сум разочаран од Ба, очекував многу повеќе од него, али никако не смее да го ставиш Торес пред него. Лукаку и Ба се прави волови знаат да се загрдат да шутнат од прва, али никако да направат некоја инвидуална шанса, многу се ограничени и кога ги чуваат 2 квалитетни ЦБ не можат да дојдат до израз. Овој Торес кај што не знае да оди па ниту шутира, како да има уплав од топката.:facepalm:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
:cuc: Играме во бош термин во кој што најверојатно нема да играат многу квалитетни екипи и пак нема да не даваат :cuc:
Дај боже ова да им е последна сезона на Спорт Клуб и догодина да гледаме ЕПЛ на нашиве канали (да знам дека нема да се случи)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom