Сите убави мисли ТУКА!

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
When I was in school... I was a bad kid. Later, when I was invited to give a talk at the school, I wasn't sure if I should tell the kids that they should study hard... or that it is okay to be a rebel. I wasn't sure what advice to give the kids. Studying hard doesn't guarantee you will become a respectable person. Even if you're a bad kid... there are people like me who change. I thought that would be a good lesson to teach. But if I said that bad kids can succeed later on like I did... all the kids would start misbehaving which would be a problem. Always doing what you are told doesn't mean you'll succeed in life.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
" Тоа е најстарата приказна во светот. Еден ден имаш седумнаесет години и правиш планови за некој иден ден и потоа тивко и без да забележиш тој иден ден е вчера, а ова е твојот живот. Толку многу време поминуваме чекајќи, барајќи, посакувајќи. Сонувајќи. Ако имаш пријател кој не би го видел повторно, што би му кажал? Ако можеш да направиш само едно нешто за некој кој го сакаш, што би било? Кажи го, направи го, не чекај. Ништо не е вечно. Замисли желба и смести ја во твоето срце. Било што кое го посакуваш, се` што сакаш. Ја имаш? Добро. Сега верувај дека може да се оствари. Никогаш не знаеш кога чудо може да се случи. Наредното сеќавање, наредната насмевка, наредната желба се остварува. Но, ако веруваш дека се наоѓа токму зад аголот. Ги отвораш срцето и умот за можноста, за сигурноста. Може да ја добиеш работата која ја посакуваш. Светот е полн со магија, само треба да веруваш. Затоа замисли желба. Замисли? Добро. Сега верувај во неа. Со цело свое срце. "
 
Член од
10 март 2013
Мислења
69
Поени од реакции
164
И толку чудно беше сето тоа. Јас тука, тој таму.Тој црно, јас розово.Одделени некој метар, а сепак засекогаш разделени. Тој сонце, јас месечина. Тој заоѓа, а јас се раѓам. Тој минус, јас плус. Тој корал, а јас хибискус. Нашата љубовна приказна беше тешко сфатлива комбинација, често еднострана пермутација, која никогаш немаше да стане една класична бајковна варијација.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Животот е едно чудно превозно средство на кое не можеш да му го предвидеш возењето.Час те вивнува на небо,а веќе наредниот те спушта на замја.СОВЕТ:Немој да го одбиеш возењето,само цврсто држи се.
 
Член од
24 март 2013
Мислења
64
Поени од реакции
61
Велиш: Невозможно е.
Бог вели: Се е возможно!
Велиш: Уморен сум.
Бог вели: Јас сум тој што ќе те одмори!
Велиш: Никој не ме сака.
Бог вели: Јас те сакам!
Велиш: Не можам понатака.
Бог вели: Мојата милост е доволна!
Велиш: Не разбирам.
Бог вели: Јас ќе те водам!
Велиш: Не можам тоа да го направам.
Бог вели: Ти можеш се!
Велиш: Тоа не е вредно.
Бог вели: Тоа ќе биде вредно!
Велиш: Не можам да си простам.
Бог вели: Јас ти простувам!
Велиш: Нема да успеам.
Бог вели: Јас ќе ти дадам се што ти треба, и ти е потребно!
Велиш: Страв ми е.
Бог вели: Не сум ти го исполнил духот со страв!
Велиш: Секогаш сум разочаран и насекиран.
Бог вели: Предади ми ги мене сите твои грижи!
Велиш: Немам доволно верба.
Бог вели: На секој еден му дадов мера верба!
Велиш: Не сум доволно паметен.
Бог вели: Ти давам мудрост!
Велиш: Сам сум.
Бог вели: Никогаш нема да те напуштам! :pipi:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Иселувањето од Македонија не е емиграција- туку евакуација.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.310
Поени од реакции
10.326
Полесно е да водиш туѓи битки отколку да се соочиш со сопствените ветерници.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
1. Љубовта е едно длабоко разбирање на фактот, што на некој начин, некоја личност те прави комплетен. Некој што те прави совршен круг; присуството на некоја личност, го засилува твоето присуство. Љубовта ја дава слободата да бидеме тоа што сме, таа не е посесивност. Љубовта е вечност. Ако е присутна, ќе продокжи да расте до бескрај. Љубовта го познава почетокот, но не го знае крајот.

2. Дали забележуваш дека, колку поголемо е твоето его, толку повеќе страдаш? Боли како некоја рана. Колку помало е егото, помалку боли.

3. Eдинствено и само егото може да биде повредено. Никогаш не може да се повреди покорен човек. Вистинската човечност, едноставно, е онаа каде што е отсутно егото.

4. Лажната човечност не е ништо друго, туку потиснатото его што се прави дека е покорно, но посакува да биде над сите.

5. Милиони луѓе страдаат, сакаат да бидат сакани, но не знаат да сакаaт. А Љубовта не може да постоикако монолог, таа е дијалог, дијалог полн со хармонија.

6. Љубовта може да се случи само преку срцето, а не преку мозокот, но центрите на нашите срца не се правилно развиени и затоа го користиме мозокот.

7. Цвеќињата на знаењето процветуваат во мозокот. Цвеќињата на љубовта процветуваат во срцето.

8. Немој да се бориш против нешто старо, бори се за нешто ново.

9. Живеј го животот и тоа е доволно. Живеј едноставно. Не бори се и не сили го животот.
Набљудувај во тишината тоа што се случува. Остави да се случи тоа што треба да се случи. Дозволи тоа што Е да постои.

10. Умот може да биде прекрасен слуга, но и опасен господар.

11. Жиците во нашето срце се тотално разлабавени. Од овие лабави жици не може да се создаде музиката на љубовта.

12. Живеј сега и овде. Да живееш во надеж е да живееш во иднината , што е како да го одложуваш животот. Тоа не правиот начин на живеење.

13. Животот е мистерија која треба да се живее , не е проблем кој што треба да се реши.

14. Слободата е надминување, а надминувањето доаѓа само кога живееш во спротивностите истовремено, заедно.Така, биди во светот , но не дозволувај светот да биде во тебе.

15.Умот секогаш бара повеќе и повеќе и повеќе. Не е важно што имате: можете да бидете просјак – пак ќе барате повеќе, можете да бидете цар – пак ќе барате повеќе. Во самата природа на умот е секогаш да бара повеќе.
--- надополнето: 10 јули 2013 во 00:19 ---
„ Подобро е да бидете мразени за она што сте, отколку да бидете сакани за она што не сте.“
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
“Конечно сфатив што значи вистинската љубов… Љубовта значи да се грижиш повеќе за среќата на другиот отколку за твојата, без разлика колку и да боли изборот со кој си се соочил.”

“Љубовта е како ветрот, не можеш да ја видиш, но можеш да ја почувствуваш.”

“Не сум посебен, за ова сум сигурен. Јас сум обичен човек со обични мисли и со обичен живот. За мене немаат издигнато споменици и моето име набрзо ќе биде заборавено, но јас љубев со целото мое срце и душа и оваа љубов за мене од секогаш била доволна.”

Најубаво еве ви линк странава е нова, ама некако многу изгледаа не се замараат на промоција и такви работи па има ептен малце членови, ама за тоа има добри работи како што се цитативе, вицеви и т.н :D
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
"О Боже, Дај ми сила да го издржам она што не можам да го променам, дај ми памет да го прoменам она што можам, но најмногу мудрост дај ми да правам разлика меѓу едното и другото."
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180
`Не знаењето е само еден чекор кон знаењето`.Сократ
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.851
Поени од реакции
11.080
Треба да го направиш тоа што другите нема, за да го постигнеш тоа што другите нема (да го постигнат).
 
Член од
10 март 2013
Мислења
69
Поени од реакции
164
„Кога после толку време го погледнав ладно во очи, некаде во зениците кои потсвесно ме избегнуваа од видикот повторно ја видов онаа искра радост што ни ја запиша еднаш нашата приказна. Една приказна полна со мили моменти, заносно смешни мигови на кои секогаш ќе се сеќаваме со солзи од смеа, многу љубов и страст која во секој момент ќе експлодира и две дланки кои не сакаа да се одделат. Тоа беше една приказна каде тој беше мојот вечен оклоп од светот. Додека разговаравме непосредно постојано трепкаше со клепките и го тргаше погледот како да сакаше да ми укаже дека доволно е разговор, дека толку може. А јас продолжував, за да се убедам себе си дека сум ги удавила сите чувства од таа љубов и дека тие страници од нашата приказна се само делови од некои стари мемоари кои ги читаат младите девојки. Ама оние струи кои истовремено не влечеа еден кон друг и не одбиваа беа толку силни, што чувствував физичка болка во стомакот и некоја смотана хипотензија, зачудувачки ладно чувство од кое се преплашував. Кога се разделивме, не се плашев од болката која наликуваше на ангина пекторис, ниту од фактот дека плачев за се` и сешто како трудна жена. Се плашев од фатот дека толку многу ќе избледам што никогаш повеќе нема да можам вака да се заљубам. А најмногу ги жалев оние кои при толкава љубов можат да се затворат во себе и да размислуваат со главата. Да се уништуваш одвнатре и да не можеш да си дозволиш да се бориш за оној кој го сакаш. Тоа е жално. Тоа е казна самиот за себе. Тоа не е куршум директно во срцето, туку околу негде каде ќе те остават полека да прокрвариш до смрт. Полека, полека, полека. За да сфатиш дека некои спомени се создадени да траат. Засекогаш.“
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Иако не е мисла но мислам дека убаво е да се прочи а и патем не најдов друго место каде да го постирам...

Знаеш пријателе, јас навистина ја сакав. Мислам, ја сакав. Вистински, лудо и без размислувања. Ми беше единствена. Моја тајна,најголема. Во животов бев со многу, но секогаш само нејзе ја носев во срцето. Најмногу ми требаше, а ете... Токму нејзе ѝ нанесував најмногу болка.... Не можев да го прифатам фактот дека сакам некого, па ја бркав од себе. Постојано ѝ се враќав, а всушност бегав од нејзе. Во еден момент ќе ѝ покажев дека ја сакам, а во следниот ќе ѝ докажев какво ѓубре сум. И најлошо од се, кога ќе се вратев, таа секогаш беше тука. А, сега...

- А, сега што? Ја преболи?

-Не! Има мигови кога ќе ја заборавам за момент, тогаш кога со алкохолот го губам последниот дел од мене.

-Па, зошто сега не појдеш кај нејзе и да ѝ кажеш се?

- Ех, гледаш... Успеав во тоа што го барав. Си замина од мене. Сега кога ќе се вратам, веќе ја нема. Велат дека љуби друг, знам дека тоа не е вистина. Но,...

- Тогаш појди кај нејзе

- Не можам

- Зошто?

Го вклучи разумот. Сфати дека, сепак сум големо ѓубре и дека никогаш нема да можам да ја сакам. да ја сакам, онака, класично. не можам да бидам тука за нејзе, а секогаш ќе очекувам таа да биде тука за мене. Не можам, кога ќе ѝ биде најтешко, да дојдам и да ја прегрнам, иако знам дека таа би го сторила тоа за мене.

- Тебе е невозможно да те разбере човек!

- Ех пријателе, знам... Тоа често го слушам. Само една личност ми кажа дека ме разбира.

- Која?

- Па, таа, пријателе...

Извор
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.753
Поени од реакции
1.501
Иако не е мисла но мислам дека убаво е да се прочи а и патем не најдов друго место каде да го постирам...

Знаеш пријателе, јас навистина ја сакав. Мислам, ја сакав. Вистински, лудо и без размислувања. Ми беше единствена. Моја тајна,најголема. Во животов бев со многу, но секогаш само нејзе ја носев во срцето. Најмногу ми требаше, а ете... Токму нејзе ѝ нанесував најмногу болка.... Не можев да го прифатам фактот дека сакам некого, па ја бркав од себе. Постојано ѝ се враќав, а всушност бегав од нејзе. Во еден момент ќе ѝ покажев дека ја сакам, а во следниот ќе ѝ докажев какво ѓубре сум. И најлошо од се, кога ќе се вратев, таа секогаш беше тука. А, сега...

- А, сега што? Ја преболи?

-Не! Има мигови кога ќе ја заборавам за момент, тогаш кога со алкохолот го губам последниот дел од мене.

-Па, зошто сега не појдеш кај нејзе и да ѝ кажеш се?

- Ех, гледаш... Успеав во тоа што го барав. Си замина од мене. Сега кога ќе се вратам, веќе ја нема. Велат дека љуби друг, знам дека тоа не е вистина. Но,...

- Тогаш појди кај нејзе

- Не можам

- Зошто?

Го вклучи разумот. Сфати дека, сепак сум големо ѓубре и дека никогаш нема да можам да ја сакам. да ја сакам, онака, класично. не можам да бидам тука за нејзе, а секогаш ќе очекувам таа да биде тука за мене. Не можам, кога ќе ѝ биде најтешко, да дојдам и да ја прегрнам, иако знам дека таа би го сторила тоа за мене.

- Тебе е невозможно да те разбере човек!

- Ех пријателе, знам... Тоа често го слушам. Само една личност ми кажа дека ме разбира.

- Која?

- Па, таа, пријателе...

Извор
Ова не е од Гол човек извадок ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom