Бидете со тој што ви значи. Направете го најсреќниот човек на светот. Подарете му ја сета ваша љубов што ќе го тера да живее за вас. Но никогаш немојте да го повредите неговото срце... затоа што е толку мало, а толку многу сака и толку многу може да го повредите што ќе страда...
Секој од нас има своја тишина...тишина која немора да ја оправдува пред никого...Во таа тишина се водат големите битки на нашите срца...Во неа одлучуваме дали да продолжиме понатаму или да дигнеме раце од се...Не го вознемирувај оној кој ке се повлече на некое време во тишина која само на него му е позната,бидејќи сите ние доживуваме порази и бараме начин како да ги поправиме чекорите да бидат како некогаш...Како да го изнајдиме патот што не правел среќни...
Кога сте целосно обземени од љубовта, вие сте исполнети... со топлина и спокој. Но љубовта е и исполнување на соништата, на копнежите,надежите. Таа е исполнување кое ќе ве натера да тргнете по вашите соништа за да ги претворите во стварност.
Најдлабоки лузни не се оние што се гледат по телото, туку оние во душата. Тие никој не ги гледа..а најмногу болат !!
На девојката и е потребно твоето вимание. Во оној момент кога ќе престане да го добива, се врти на другата страна и си заминува.. Сепак, и понатаму бара внимание, но твоето повеќе не !!
Се запраша еднаш .. “Зошто губат луѓето тогаш кога најмногу се трудат?”. Не најде одговор на тоа прашање. Не ни постои... ниту пак самите ние неможеме да го составиме одговорот на тоа прашање, зошто виновникот и одговорот сме ние.. Да, ние. Луѓето. Самите за се сме виновни. Веруваме, па патиме. Сакаме, а љубов не добиваме. Се доверуваме, а тоа го злоупотребуваат останатите. И? Што од животот? Цел живот ќе се врти во круг.. секој ден извинувај се, моли, пати, страдај.. Па до кога? Злото ги опило луѓето. Допуштај, па тогаш си најглупавиот, нејнечесниот, оној кој секој ќе го одбегнува... Што ве растури луѓе? Парата?
Некогаш има премалку зборови да кажеш колку некој ти недостига..И колку тоа отсуство е болно за тебе.Но премолчуваш и само се трудиш да живееш со таа загуба.Ти излгеда како сон во кој некој ти недостига а кога ќе се разбудиш се ќе биде исто.Но за жал тоа не е така...
Можам уште многу да постирам но доста е засега
за повеќе клик тука