Каков успех очекувате од кошаркарите на ЕП '13?

Каков успех очекувате од кошаркарите?

  • Вкупно гласачи
    192
  • Гласањето е завршено на .
H

HoT IcE

Гостин
Реално, такви се работите што турниров имаме подобра екипа и стручен штаб од минатиот, барем на лист. Иако Марин за мене ќе остане доктор по науки за одбрана и игра под кош. Овај Пипан го немам пратено, нити па имам појма кој е, ама од тоа што имам слушнато, бил добар стратег, бил строг навака-натака, каков и да е, само нека е тактички поткован и сакам да има мадиња да ротира, да пушти во оган и други кошаркари да добијат шанса, срамота е репрезентација да игра само со 5 играчи цел турнир, а и лошо е за нас, можеме многу повеќе да постигнеме и подобри резултати ако сме свежи.
Гласав за пласман во четврт финале, ама во мене искрено се надевам за некој медал, ќе видиме што како, би требало да сме позрели, поискусни и подобри турниров од минатиот, како и да е, нека ни е со среќа, и нека се редат победи!
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Очекувам елиминација по групи и лавина од „не враќајте се дома“ коментари од Гоцевата раса која моментално е во Грисланд.
Pa toa se bara!

Uste clenot Toecutter da pise deka kvalitetot na euro-basketot e opadnat (Sto e tocno, no sto mi e gajle kakov e, iskoristivme shansa i bevme vo polufinake), Bobi Bayern Munich da pocne da drnda za Vlado, Stefan-Kobe ke menuva avatari i odime na medal! :D

Sueverie FTW, posto sega, spored momentalnava situacija ke ni bide mnogu popotrebno od pred 2 godini.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Овие 17 што гласале дека ќе испаднеме по групи против малери гласале, не пратат многу кошарка, хејтери се или по грешка им се стиснало копчето ? :icon_mrgr:
Абе што си ти, ова за испаѓање во група е намерно ставено за малерите да не гласаат дека идеме на медаља, којзнае што ќе се деси потоп :icon_mrgr:
 
A

Aruna_Kone

Гостин
Ај и ја да си пишам нешто :)

Најпрво мора да разберат оние лаици кои немаат изглеано утакмица у животот или пак се активираат вака на побитни ивенти, оние кои се курчат дека све освен злато е неуспех, дека НЕ СМЕ НИЕ НЕКОЈА ВЕЛЕСИЛА у кошаркава, по после евентуален пораз и неуспех да плукаат по кошаркарите и репрезентацијата.... Не викам да не се биде оптимист, ама пред се, треба да бидеме РЕАЛНИ!

УСПЕХОТ во Литванија е зад нас и не треба да биде никакво мерило за ова ЕП.
Се наоѓаме во тешка група. Сите репрезентации имаат подеднакви шанси за влез понатака, што ќе каже секој може да победи секого. На ваков настан, каде што се игра ден за ден, влијаат многу фактори. Тимската хемија можеби и за нас е најбитна, затоа што само така играчите ќе дадат све од себе и ќе гинат еден за друг. Физичката спремност е исто така фактор кој не смее да се запостави. Формата на играчите, како кај нас така и кај противниците... Значи треба да се поклопат многу коцки за да имаме добро првенство.

Верувам дека поседуваме квалитет. Го имаме Бо, без кој репрезентацијава е сосема нешто друго. Бо ни дава разновидност во нападот, и неговиот убиствен влез, ретко кој може да го спречи. Тука е Антич кој изигра одлични 2 сезеони во Олимпијакос. Пред се е подреден на тимот, игра страшна одбрана, и мислам дека заедно со Чековски (ако не игра Тоше) ќе бидат главните играчи под обрачите! Браќата Стојановски се у добра форма така што од нив очекувам поголем придноес, пред се у нападот, како подршка за БО. Илиевски моментално е во лоша форма, но се надевам дека за месец дена, ќе биде оној стариот. Лоша сезона имаше Влтко зад себе со Цедевита. Што повреди, што помала минутажа, све влијаеше на неговата форма. Од него очекувам одново да ја врати сигурноста во организацијата на напад и да ги разигрува останатите. Тоа се всушност играчите на кој ќе падне целиот товар. Дефинитивно ќе мора некој и од клупата да дава каков таков придонес и да биде оној Х фактор. Дали тоа ќе биде Пеџа, Костовски или Брчков не битно...

Јас искрено би бил задоволен ако идеме од утакмица на утакмица. Да ја изиграат момците максимално ангажирано, за секој кош, за секоја топка... На крајот ако тоа не е доволно за победа, значи противникот бил стварно подобар од нас и тоа е тоа.

Реално е да се очекува да ја поминеме групата, све после натака би било бонус :)
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Не гласав во анкетата, она што јас го очекувам не е во понудата :).
А очекувам срце на терен, пот и крв. Да дадат се од себе, па ако тоа е доволно за прво место одлично, ако е доволно само за препоследно, па ОК.

За мене се после втора фаза би била бонус. И препорака до сите, и играчи и навивачи, наместо да си ги вадат очите да уживаат во секоја секунда од ЕП, зашто прашање е кога нареден пат ќе бидеме во ваква ситуација на едно ЕП/СП во некој од „главните спортови„ (фудбал/кошарка/ракомет).
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Да бидиме реални ... на претходното првенство го имавме Марин на клупа како што кажаа погоре специјалист за одбрана и со многу среќа ги добивавме утакмиците со малку поени т.е скоро секоја утакмица беше тесна освен онаа со грците кога не потценија многу и затоа изгубија. На ова првенство кажав и претходно не знам дали ќе ја поминеме групата , тоа што го игравме лани преку центри годинава тешко дека ќе го има истото не знам каков стил преферира новиот селектор ама лани имавме 3 јаки центри Перо , Гечевски и Самарџиски па ајде и Чековски да го додадам како крилен центар значи 2 прва петторка и уште 2 за ротација , е сега играме без Гечевски што значи повеќе минутажа за еден од овие 3 што останаа според мене тоа ќе биде Перо а со самото тоа и повеќе замор ќе се ствара ...
На претходното првенство Лестер беше во животна форма а ланската сезона беше тапа , не само тој туку сите други освен Перо .
На претходното првенство успехот ни се базираше врз добрата одбрана што ја игравме , имавме втора најдобра одбрана после Русија 65.2коша по натпревар ние 63.3 Русите , исто така бевме втори по процент на украдени топки после Шпанија ние 8.4 , Шпанците 8.6 е тоа беше нашето оружје што Марин знаеше да го искористи а другите не а се виде кога го сменија како се покажавме на квалификациите за Олимписки игри , доколку и Пипан се залета дека шутот за 3 ни е најсилното оружје слободно можам да кажам дека нема да мрднеме од групи ... Не сме некоја голема кошаркарска нација т.е последниве години пркнавме малку европско првенство 4 место и одма апетитие наши се зголемуваат за медал ама далеку сме од тоа .
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Реално мое мислење е дека групата ке ја поминеме без поголеми проблеми... Групата ни се погоди според мене... Знаеме дека со Србија и Литванија можеме да се носиме кои се до душа и главни фаворити во нашата група... Србија е доста ослабена и мислам дека ке ги победиме со Литванија ке биде тешко... Од Босна и Црна Гора сме подобри, а без Пекович Црна Гора мислам дека ке биде и најголемо разочарување на првенството, а Латвија би требало да биде лесен залак, но да не заборавиме дека и за нас сите мислеа дека ке бидеме лесен залак па ги изненадивме на сите....
Пото вкрстуваме со групата А каде фаворити се Франција Германија и Израел и до некаде Велика Британија но со откажувањето на Денг тешко... Со Израел и Германија можеме да се носиме дури и подобри едино сме за класа послаби од Франција....Така да мое мислење е дека имаме шанси како што се ослабени другите селекции да влеземе повторно меѓу најдобрите 8 за полуфинале ке треба да имаме малку повеке срека...
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Да бидиме реални ... на претходното првенство го имавме Марин на клупа како што кажаа погоре специјалист за одбрана и со многу среќа ги добивавме утакмиците со малку поени т.е скоро секоја утакмица беше тесна освен онаа со грците кога не потценија многу и затоа изгубија. На ова првенство кажав и претходно не знам дали ќе ја поминеме групата , тоа што го игравме лани преку центри годинава тешко дека ќе го има истото не знам каков стил преферира новиот селектор ама лани имавме 3 јаки центри Перо , Гечевски и Самарџиски па ајде и Чековски да го додадам како крилен центар значи 2 прва петторка и уште 2 за ротација , е сега играме без Гечевски што значи повеќе минутажа за еден од овие 3 што останаа според мене тоа ќе биде Перо а со самото тоа и повеќе замор ќе се ствара ...
На претходното првенство Лестер беше во животна форма а ланската сезона беше тапа , не само тој туку сите други освен Перо .
На претходното првенство успехот ни се базираше врз добрата одбрана што ја игравме , имавме втора најдобра одбрана после Русија 65.2коша по натпревар ние 63.3 Русите , исто така бевме втори по процент на украдени топки после Шпанија ние 8.4 , Шпанците 8.6 е тоа беше нашето оружје што Марин знаеше да го искористи а другите не а се виде кога го сменија како се покажавме на квалификациите за Олимписки игри , доколку и Пипан се залета дека шутот за 3 ни е најсилното оружје слободно можам да кажам дека нема да мрднеме од групи ... Не сме некоја голема кошаркарска нација т.е последниве години пркнавме малку европско првенство 4 место и одма апетитие наши се зголемуваат за медал ама далеку сме од тоа .
Чековски? Браќата? Дамјан ја крена играта на далеку повисоко ниво, Војдан беше можеби најдобар играч кај украинциве.
Исто и Тоше имаше одлична сезона, јас искрено имам уште некоја мала тронка надеж дека Пипан може да го убеди да се врати...
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Вака, не очекувам ништо, ама се надевам/сакам... Се надевам (и многу сакам) на пласман во втор круг, потоа во 1/4 финале, па после што сака нека биде. Најголема желба ми е Македонија да се квалификува за СП во кошарка.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Вие малце се преценивте... Алоо луѓе 3 натпревари ги завршивме со „гзларска„ среќа (Хрватска, Грузија, Литванија). Зарем мислите дека пак истото ќе се повтори?

Нејќам да бидам негативецот во приказнава ама ај гледајте малце реално на работите...
 
И јас сум за тоа реално да се гледа на работите. Секој што бара медал и ништо помалку(се помалку од тоа би било неуспех :facepalm:) очигледно баш и не гледал премногу кошарка во животот, нит пак му се познати квалитетите на нашиот тим. Не се обидувам да омаловажувам никого, нит пак сум јас некој стручњак, ама дајте бе луѓе...па глејте ни ги играчите. 2011 се поклопија многу работи, Врба го донесе Бенкардино и Бо, Марин дојде на чело, се разви одлична хемија меѓу момците, а и самите тие оставија срце на терен, затоа направивме одличен резултат. Мала е веројатноста пак да се поклопат работите вака, ама еве од се срце се надевам дека ке ме демантираат дечките.

Од друга страна пак, не се согласувам со твојот коментар како сме имало среќа во натпреварите со овие трите што ги наведе. Има и друга страна на приказната, кога веќе гледаш така. Сите овие 3 репрезентации имаа подобри тимови од нас(можеби тука сме некаде со грузијците), а на сите им се држевме одлично до крај. Значи, не е да речеш не воделе цела утакмица 20 разлика, па изнапромашиле се живо и диво, па ние со некои среќни околности сме се доближиле и на крај за живо чудо сме победило.
Дечките се држеа блиску на сите овие три утакмици и на крај беа многу поприсебни и ги добија, тоа е тоа :)
--- надополнето: 9 август 2013 во 20:40 ---
Натпреварот со шпанците докажа дека не сме на среќа во полуфинале, да не беше Наваро многу ќе беше тесно, на полувреме водевме.
 
Се согласувам потполно.. Не реков дека не се склопија коцките или дека нарамноправно сме ги победиле тие 3 натпревари туку едноставно среќата не сакаше, а дали ќе биде така и на ова ЕП останува да видиме :)

Само не ми се допаѓа тоа што луѓето имаат премногу нереални очекувања (дај боже да сум грешка)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Ништо што не носи медал за мене не е успех
Што бе не е успех?
Знаеш ли уствари што сме ние? Ништо, една педа народ, мравки,анонимуси, во споредба со другите.
Не ли беше успех што Литванците на нивен терен ги испративме дома со свиткани опашки, русите сереа од страв последните секунди кога им го пушеа на судиите да им го вратат времето за да постигнат кош у задња секунда и да победат. Шпанците прво полувреме знаеш што им напраивме? Грците ги искрививме таму не знам 15 разлика или колку и да беше. Е сега сме завршиле 4ти и пошто немаме медал тоа не е успех. Па преку таквото,јебеш ти медал, колку се чувствувавме возбудени и среќни кога нашата решпрезентација победуваше ти текнува ли? Ти текнува ли колку луѓе излегоа да им дадат почит за возбудата и среќата која КОШАРКАРИТЕ ни ја побудија во нас, што направија да се чувствуваме горди како нација?
Ај магла од темава, ме нервираш.
Ја ке бидам задоволен, доколку играат како што играа на минатото, со малку подобра одбрана. Нека играат од срце,нека им биде забавно за и на нас како публика да ни биде забавно, да не натераат да уралме по дома и да викаме на цел глас на плоштад и булеварите да ги направиме црвено-жолти од знамињата кои ке се веат од колите. Местото не е битно,со четвртфинале би бил презадоволен.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631

ти би бил задоволен и да ти го шибне некој а не па со 4 место
 
Kajgana Shop

На врв Bottom