Сите сте во право, секој со своето мислење...нема потреба да измислуваме топла вода. Општо кажано(не е лично), не е добро во нешто ако не сме сигурни да шириме заблуда и да се правиме тоа што не сме. Неможе секој се да знае, некој знае помалку некој повеќе, а форумот е идеално место каде што можеме да размениме искуства. Инаку и јас сум дипломец на ТФБ, кај се најдовме..
Поздрав до ситеее.
Бре бре...што се се кажало на темава а јас пропуштив да го следам тоа во живо
Од сето тоа што го прочитав едино запамтив дека дебатиравте што е и што не е темплејт...па самото име кажува дека е калап, прототип на нешто, шаблон, како сакате наречете го...од кое подоцна ќе излезат безброј засебни едници, во случајов веб сајтови..што имате кога ќе инсталирате нов темплејт во џумла или вордпресс?
Ништо, празен сајт со јасно определени елементи (мени, главна содржина, лева/десна колона, футер, хедер и тн.) Е тоа јас го разбирам како темплејт. Од друга страна темплејтот произлегува од два составни делови, хтмл/цсс/јава кодирање и графичкиот дизајн т.е. самиот изглед на сајтот (графичките елементи).
Web developing e гранката која се занимава со градење на веб страни и апликации...девелоперот е тој што треба да му даде душа на еден темплејт, за да има одредена функционалност...а тоа се прави со програмирање на серверската страна, т.е. пхп/.нет и тн.
вака некако јас правам поделба на поимите и надлежностите:
-------------------------------------web developing-------------------------------------
web programming:
(се програмира она што се одвива во позадина на сајтот:
сервер, база и др. со пхп/.нет)
web design
(се дизајнира она што го гледа корисникот
кога ќе ја отвори страната. Изгледот на истата ќе биде првично нацртан во
Фотошоп, па потоа претворен со хтмл/цсс/ јава во темплејт
Секој нека си работи тоа што му лежи и нека наплаќа колку може повеќе за тоа
Кога веќе не работиме во софтверски фирми, барем да се снаоѓаме како умееме
Јас на пример од ова погоре, би го работел исклучиво второто
оти првото не можам и не сакам ни да го смислам
. а и од второво повеќе се дружам со фотошопот отколку со тоа другото, пошто и тоа е еден вид програмирање, програмирање на креативноста