Во голема мера се сложувам со тоа што си го напишал, но има нешто што не ми е јасно. Велиш дека сакаш да искодираш од 0 тоа што ти треба, ме интересира што ти подразбираш кодирање од 0? Како би го направил сајтот, што би користел, како би кодирал? Многу ме интересира, ако не ти е тешко би те замолил да објасниш со 2-3 реченици. Позз.
Седнувам со клиентот и чекам да видам шо ќе ми побара како решение. И најчесто сите цепидлачат за дизајн, никој не го интересира шо ќе има во позадина и како истото ќе биди организрано. Е сеа, зависно од потребите (читај колку кој е спремен да плати), така и јас седнувам да работам. Со дизајни не се замарам многу, кратко и едноставно не ми оди од рака, а најчесто имам шо да прам, така да си плаќам чоече да ми нацрта некаков дизајн кој што клиентот ќе го бендиса.
Откако тоа е завршено, останува да се смисли дали ќе се кодира php или asp/аsp.net, и тоа зависи од потребите опишани погоре (читај никој во мкд не плаќа за asp хостинг кој е едно 5-10 пати поскап од php, освен
leandra нејзиниот сајт е asp). И од ко ќе знам шо технологија користам, седнувам да го склопам... во досегашното мое искуство, најголем проблем ми биле податоците и матерјалите кои што треба да застанат на сајтот. Предвидувам 6 места за најразлични тракатанци, од нив клиентот едвај ќе скрпи податоци за 2, останатите 2 ќе ги пополни со нешто колку да го има, а за останатите ќе бара измени во дизајно и ќе соли ум како треба да се смени.
Е сеа, незнам шо подразбираш ти под кодирање од 0, јас си подразбирам нешто вакво:
- поставување на основен хтмл/цсс во кој ќе се вчитува некаква содржина (основни мениа горе, лево, долу, футер и останати тракатанци кои се покажани на секоја страна, или барем на главната)
- поставување на хтмл-цсс за подстарните (ако главната се разликува од останатите)
- проверка за мултијазичност на сајтот
Одлука: дали ќе се работи со база на податоци, или ќе се работи со фајл систем, можеби и некаква комбинација?
- И едното и другото и третото бара доста работа и добро познавање на ситуациите, од типот на полнење на податоци, и правење некаков систем на приказ на податоците.
Ај да не речите дека само зборам:
http://transkop-bitola.com.mk/ последно него го правев. Искрено, требаше да биди многу поубав и пофункционален, мада сами си ги исклучија функционалностите.