Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Значи да резимираме. Ако одредена фамилија, со помали годишни примања, одлучи да иде на одмор, и таму да си готови храна, тие не спаѓаат во туристи? па дали се читате што пишувате? дали тие луѓе плаќаат смештај и сите пропратни други трошоци ОСВЕМ храна и тоа делумно, сигурно нема да јадат стрикно во апартман.

Ќе ги измешаат пајнците :icon_lol:, кога туристите ќе си заминат газдите забележуваат дека им нема одредени тави и тенџериња, а на сметка на тоа имаат нови непознати за нив тави и тенџериња :icon_lol:.
 
Секоја чест за тебе се гледа вреден чоек си и добри совети даваш ама сега е тешко да стартуваш бизнис особено ако немаш луѓе и пласман.

Зборам за наједноставен најефтин “бизнис“ за туристичко место.
Инвестиција - 500 евра.
Работиш сам
туристичко место продаваш кочани.

Единствен посигурен бизнис од ова е да имаш штанд за пиво во Минхен на октобер фест
 
Не е тоа до елита, ова со „фрижидерот на багаж“ почна од пред 10 години. Пред тоа немаше ниту еден турист кој така патуваше, во последно време од што им е скапо по ресторани се носат од по дома. Па ако ти е скапо, ако немаш пари остани дома макар.

Абе муабетов вришти. Па тебе ако ти е скапо да купиш Ламборџини ич не купувај Опел.
Јас идам на море ради плажата, а не ради јадење по ресторани.
 
Оди на туризам со план самиот да си готви, извини ти не си турист. Турист оди некаде да се одмори, а не да ги носи домашните навики насекаде.

Па ќе готви, стварно иако сум од Охрид се претера со цениве и услугите на тие цени. Без разлика дали охриѓанец/скопјанец/битолчанец го држи локалот.
Денес Градиште седнуваме во Буре на лежалка. Му викаме чадори да донеси бевме 4. Носи 1 и нормално 2 лежалки максимум покрива. Му викаме за уште еден чадор и батево ни вика (цитирам) "Еден чадор на 5 лежалки оди, вие како сакате договорете се кој да е на сонце,а кој под сенка"
Паркинг во Немо наплаќаат 100 денари,а то шо го дава не е ни фискална шо е најтрагично.
Пијачките за 1ви-2ри ги качиле за 10-20 денари поскапо.
Па демек за тој Плашица Пиво Фестот уште 100 денари влез наплаќаа,а шо се понуди на тој "пиво фест" ? Ништо. Суперхикс го извадија на секунда и толку.
Да се вратам на то шо те цитирав. Преувеличување и претерување од локацијата на апратманите па се до то шо се наоѓа во нив. На пет минути од Охридска банка, си викаш ах добро центар сум, те носи Лескајца. Отвори Пазар3, види како им се опишани локациите,а после прочитај ја улицата.
Во право се некогаш да се бунат. Последниве пати така добро сум изнервирана од градов, шо стварно ми е и мене неподносливо. Ојме на плажа Лагадин, типот ни вика нема место,а паркингот полупразен. Влегуваме од другата страна, оп има место, ама нормално охридска регистрација, не можи да те покради.

За културата, односно некулутрата на туристите не коментирам, доволно имам сомелено трици на темава,ама ова шо гледаат во 3-4 дена да си ја извадат цела инвестиција дебело ќе ги кошта и другата сезона.
 
Не сум бил во Охрид на одмор, таму сум бил само на екскурзија и тоа пред повеќе години. Знам дека не беше лето, туку пролет, а цените пак беа бајаги високи за секакви работи. Дали храна, пијалок, сувенир или не знам што друго. Онаму каде што сум бил на одмор, тоа е Струга. Стварно не знам зошто толку се форсира да се престојува во Охрид, кога Струга е на неколку километри, а е многу поевтино. Можеби затоа што живеат луѓе од албанска националност, но искрено некако тоа ми е премногу оскудно јас лично да го земам за критериум. Две лета бевме таму, во приватен смештај. Спиевме во пристојна соба, луѓето беа повеќе од фини (првото лето бевме на крај сезона и плаќавме по 300 ден. од човек, а наредното лето бевме сред Јули и пак ни наплатија исто). Кога ќе помислам дека на Мај во Дојран плаќаме и по 450 ден...

Не ми беше тоа муабетот. Мене многу ми се допадна Струга. Плажата на која одевме беше одлична, а јадевме мешано. Односно готвено јадење таму каде што престојувавме (кујната ни беше на располагање кога сакавме, а имаше две купатила во куќата од кои едно за газдите, а едно за нас туристите. Во куќата тогаш бевме само ние, тројца луѓе, но имаше уште една соба за издавање што значи дека максимум уште 3-4ца можело да има), а јадевме и надвор. Јадевме и во сендвичари каде што цените беа нормални, но најмногу ми остана во сеќавање еден прекрасен ресторан. Некаде по Дрим беше, малку подолу ама се сеќавам дека беше во класичен македонски стил. Името никако не ми текнува, но се ми се чини дека беше поврзано со Македонија нешто, не ме фаќајте за збор нешто патриотско беше. Она што ми остана во сеќавање беа ќебапите кои ги јадев и услугата. Тогаш нормалната цена на ќепаби беше 7-8 денари. Таму беа 10 но вредеа многу повеќе. Беа поголеми од нормално и со прекрасен вкус. Цената на безалкохолниот пијалок беше нормална, сокови по 60 ден., кафе зависи какво, 40, 50, 60 ден. А, за услугата немам што да кажам :D. Всушност фактот што по толку многу години се сеќавам како вчера да беше, зборува сам за себе.

А, да се сеќавам дека патувавме и до Охрид и назад пак до Струга со такси и таксистите ни наплатија цена која знам дека ми се чинеше нормална.

Е, сега некој да ме потсети, точно колку беа оддалечени Охрид и Струга? 8, 10 или 15 км? Такви бројки ми се вртат во главата.
 
Пијачките за 1ви-2ри ги качиле за 10-20 денари поскапо.

И баш кога ке знаат дека ќе дојде некој човек , место да ги намалат за да речат луѓето еј овие намалиле дај ке идеме на недела дена ако ништо повеќе они ги качиле. Абе.. дупката сами си ја копате.
 
И баш кога ке знаат дека ќе дојде некој човек , место да ги намалат за да речат луѓето еј овие намалиле дај ке идеме на недела дена ако ништо повеќе они ги качиле. Абе.. дупката сами си ја копате.

Кој сами си ја копаме?
90% од Охриѓани не живеат од туризам,а можда и појќе.
Убав е градов со туристи не викам не, ама ништо не ми значи, а овие концесионериве кој скопјани кој битолчани нека му ја мислат.
Се договориле ај паркинг, ај сега влез на плажа.
Па на која жити све плажа одам уште влез да им плаќам?
И уште немојш преку езеро да ојш. И езерово пошо го купиле.
Се дури не се бира на која све будала се дава плажа под концесија, вакви глупости ќе прает.
 
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
"Бакрачески: Еден ден и Лејди Гага ќе дојде во Охрид!"
Како може нешто да е гага во Охрид бе другар?!@F
:pos: idanovsky
 
Проклет народ сме нема што.
Охриѓани задржете си го енѕероно и ако можете качете ги цените уште катаљарда %. Кога ќе сфатите што е домакинлук тогаш муабет ќе праиме. Дотогаш не ми реплицирајте!
Скопјани (меѓу кој и јас) и остала Македонска багра, се додека плаќате иста сума у Гејлада каде исто не пцујат и малтретираат, Охрид е златно место!

Моментот кога сите ние ќе сфатиме дека нашето си е најубаво и ќе почнеме да се однесуваме цивилизирано, најверојатно Марс роверот ќе објави дека открил вонземјани!
 
Проклет народ сме нема што.
Охриѓани задржете си го енѕероно и ако можете качете ги цените уште катаљарда %. Кога ќе сфатите што е домакинлук тогаш муабет ќе праиме. Дотогаш не ми реплицирајте!
Скопјани (меѓу кој и јас) и остала Македонска багра, се додека плаќате иста сума у Гејлада каде исто не пцујат и малтретираат, Охрид е златно место!

Моментот кога сите ние ќе сфатиме дека нашето си е најубаво и ќе почнеме да се однесуваме цивилизирано, најверојатно Марс роверот ќе објави дека открил вонземјани!
Исто и нас не не интересират кој кај ојт шо ојт ако му е убо нека ојт ама нека не го црнат градов вакво било такво било .. нека си накриват капата и нека одат кај сакаат .
 
Исто и нас не не интересират кој кај ојт шо ојт ако му е убо нека ојт ама нека не го црнат градов вакво било такво било .. нека си накриват капата и нека одат кај сакаат .

ооо пријателе и те како треба да те интересира. Убавината и успешноста на секој бизнис е да си го познаваш муштеријата, а ние сме муштерии кај вас! Е сега ако сакаш пари а ако неќеш Скопјани, епа дај бре излезете мушки и кажете: Скопјанишча вашине пари не ги сакаме!
 
Абе какви 300 , немат шанси толку да продајт...максимум 100 ито во шпицот ко ќе е само 4 дена, другите деној дали 30 ќе продајт дали нема. Немојш да им завидиш на тие локални пазарџии, тие не се богатат туку преживуваат.

30 кочани да не можи да продај од вечер во Охрид ?! во некое село планинско ќе се дат 30 :facepalm:
 
30 кочани да не можи да продај од вечер во Охрид ?! во некое село планинско ќе се дат 30 :facepalm:
Па не е една скара само има едно 6-7 и како да продаваат по 100 кочани денот.
 
Па не е една скара само има едно 6-7 и како да продаваат по 100 кочани денот.

аце во бт на шеталиште навечер има 20тина продавачи на варена и печена пченка,шо вечиш за џабе седат ?
 
како сакате бе вие клошари,сакате евтино,сакате плажа,езеро,журки,познанства,ебење на пијано....па да го ебам нема ефтино....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom