Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Чудна работа бе, преку гугл хром излага чекор за осигурување а преку мозила нема гајле се резервира најнормално. Земаа некој процент од гугл изгледа :)
 
Париз, убаво, убаво :)
Франкфурт линијата требало од Велес да полета :D
Ништо ко за мене овој пат, ај следен пат повеќе среќа.
 
Франкфурт ќе ја биде за студентите што идат за Германија преку лето и башка гастрабајтери, Брисел ја очекував бидејќи одамна беше најавена а Париз е добро изненадување тоа не го очекував
 
Втората половина од веста се однесува на зголемување на бројот на летови во неделата:

Базел Мулуз, од 3 на 5
Дортмунд, од 2 на 3
Ајндховен, од 2 на 3
Гетеборг, од 2 на 4
Малме, од 5 на 7
Минхен Меминген, од 2 на 3
 
Како се прошири Виз Еир за само година ипол алал да им е. Париз го имаат погодено ептен.
А голема штета е што Скопје останува отсечено од Прага и Будимпешта.
 
Како се прошири Виз Еир за само година ипол алал да им е. Париз го имаат погодено ептен.
А голема штета е што Скопје останува отсечено од Прага и Будимпешта.

Јас многу сакав Будимпешта да влезе ама....
Сега ако ништо друго со нонстоп конекција до Малме може да си планирам чести прошетки натака.Идеално за City Break :))))
 
Виз Еир мораше да има за Будимпешта конекција сепак матичен аеродром им е тој.
 
Виз Еир мораше да има за Будимпешта конекција сепак матичен аеродром им е тој.

Мислам дека не ја пуштаат затоа што сметаат дека нема доволен број патници.Ја не се сложувам со тоа пошто еве и по агенцииве кога гледам значи скоро сите нудат аранжмани на 5 до 7 дена што е идеално.Зошто со автобус кога може со авион до таму.Ако ништо друго бар како туристи македонците многу одат натака.А во непосредна близина се Виена и Словачка нагоре што значи лесно може и до таму да се стигне.Се надевам дека во иднина ќе се направи нешто за тоа.
 
Виз Еир мораше да има за Будимпешта конекција сепак матичен аеродром им е тој.

Будимпешта е матична отприлика колку и Скопје.

Моделот на работење се смени во последните години. Wizz Air, како и повеќето модерни нискотарифни компании лета од точка до точка каде што има интерес. Не се продаваат врзани билети веќе.

За летање помеѓу Скопје и Будимпешта не постои значителен интерес, ниту мислам дека ќе постои во иднина.
 
За првото јасно е не треба да објаснуваш. Матична во смисла сепак се од Унгарија и од таму имаат и најмногу појдовни рути.
Второво не ти е точно, Виена, Братислава па и Прага се многу близу и може да се комбинираат преку Виз од Будимпешта отколку да одиш со автобус од Скопје или со Аустриан кои се изгор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom