Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Tranquilis, има шанси да се намали подрастично цената на летот FMM-SKP во периодот од 20.07 до кај 05.08? Или прашањево не е баш соодветно за одговор?
Да знам дали да чекам или да барам алтернативи.
 
Online check-in е отворен две недели пред полетување.

Првпат купувам билет онлине, веќе го купив, ми дојде тој кодот за потврда и само треба да се воведе на полето чек ин и тоа е тоа? Дали после тоа чекирање ќе ми пратат пак мејл со тоа едно ко баркод или?
 
Тој код ќе го внесеш во полето Пријави на нивната веб страна а во полето до него го пишуваш презимето. После тоа ти се отвара прозорец каде што го селектираш летот да речеме Скопје-Твојата дестинација и таму кликаш пријави. Ќе ти се отвори прозор кај што внесуваш Име,Презиме,Број на пасош и некои слични податоци ти пишува таму и тек тогаш кога се тоа ќе направиш ќе ти исфрли билет во електронска форма(ПДФ).Си го симнуваш тоа и го печатиш.Тоа ти е картата
 
нема ништо Љубљана - Скопје и обратно?
 
Tranquilis, има шанси да се намали подрастично цената на летот FMM-SKP во периодот од 20.07 до кај 05.08? Или прашањево не е баш соодветно за одговор?
Да знам дали да чекам или да барам алтернативи.

Малку време има останато до летовите, така што не очекувам цената да се намалува.
Да сум на твое место, би проверил каква е цената некаде околу пладне и би купил. ;)
 
нема ништо Љубљана - Скопје и обратно?

www.adria.si Имаш со нив дирекно од Скопје до Љубљана нонстоп секој ден. Отвори страната внеси дати и ќе видиш цени за деновите кога сакаш да одиш
 
www.adria.si Имаш со нив дирекно од Скопје до Љубљана нонстоп секој ден. Отвори страната внеси дати и ќе видиш цени за деновите кога сакаш да одиш

доста скапи цени имаат овие..за НГ имаше само акција 99 евра.
 
доста скапи цени имаат овие..за НГ имаше само акција 99 евра.

Тоа е тоа.Што порано ја земеш толку е поефтина или да чекаш промоции како таа.Друго нема
 
sto stanuva so najavite po mediumi sto bea za skopje budimpesta?

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk 2
 
sto stanuva so najavite po mediumi sto bea za skopje budimpesta?

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk 2

Тоа беше само обична шпекулација-кафемуабет од Будимпешта. Сега за сега ништо од тоа, новитети ќе има некаде на крајот на Јули според Tranquilis а што како ќе видиме cross fingers
 
Ќе купувате Airbus A380?!

Аха. За малку ќе го базиравме во Скопје, ама пистата е на граница на неопходен квалитет, па ај рековме ќе почекаме да турат уште еден слој асфалт прво.
 
Ај речи дека Скопје-Прага е линијата и да те бакнам :D

Не е една, три се, но не смеам јавно да ги објавам пред понеделник. А да ме бакнеш можеш во секој случај, не се за фрлање. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom