Урбано уредување - споредба

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.481
Поени од реакции
5.948
Ќе дојде ли денот кога навистина ќе ги уредиме градовите , да ги планираме како што треба : улици , зеленила , спортски терени , училишта , автобуски линии итн.

Мислам дека ќе имаме големи проблеми во иднина , ако мислите дека денеска имаме многу автомобили , се лажете , сеуште сме далеку од европскиот просек (број на автомобили на 1000 жители).
Развиените земји имаат 500-650 автомобили на 1000 жители.
Македонија околу 175.
Можете ли да замислите три пати повеќе автомобили по нашите улици ?

Имаме неразвини населби , имаат илјадници жители а немаат ниту паркови ниту некој отворен простор за собирање.

Дали некогаш сте ги прегледале нашите градови? Нашите улици добиле чудни кривини, што ни во геометрија ги немаш. Куќи кои ако ги гледаш од горе , не знаеш кај им е влезот , да не збориме за паркинг места или уредени дворови. Улици во кои никако не се разминуваат две коли. А често ни пожарникарските возила не можат да влезат.

Чаир


cair.jpg


Велес
veles.jpg




Битола
bitola.jpg



Тетово

tetov.jpg


....Еве како го прават тоа во Холандија
holanda.jpg
Мајами -САД ... колку нереално изгледа ... ние ова ни да го цртиме не можеме , камо ли да го изградиме

miami.jpg


А кога зумираш , како во рај

miami2.jpg
 
Интересена тема.
Оваа слика од Google Earth од Чаир го покажува најруралниот дел на Скопје. А ако одиш уште малку погоре накај Шутка тогаш таму е врвот. Инаку центарот на Скопје е одлично планиран по земјотресот, уште да се доизградат сите булевари и подземниот тунел.
 
Велес ти е урнебес, после долгогодишно возење тука комотно можеш да се пријавиш на рели а возењето во други посредени градови ти е мачкина кашлица. Настрана тоа што улиците се ептен извртени туку се и претерано тесни, на пример вака одозгоре кога гледаш некаде скоро и воопшто како да не се гледа улицата а и паркинзи за лек нема во градот па паркираат по улици.
 
Па во повеќето "градови" центрите се уште од турско време или средниот век дури.
Тогаш баш и не планирале многу многу,башка што доста од градовите се малце повеќе прераснати села.
 
Виц на денот во македонија започна урбано уредување :icon_lol:

Шала на страна кај нас овие работи тешко дека ќе се направат не бар во следниве 50 год. Бидејќи кај нас гради кој ќе стигне и каде што стигне нормално со мито.

Во другите држави таму друга е приказната...
 
Па во повеќето "градови" центрите се уште од турско време или средниот век дури.
Тогаш баш и не планирале многу многу,башка што доста од градовите се малце повеќе прераснати села.

Тоа е еден од проблемите , доцна сме разбрале дека треба да се планираат градовите , иако во другите земји од пред 100 години знаеле да нацртат прави парцели и улици. (ма и пред 2000 години знаеле некои)

За жал кај нас улиците останаа како во турско време , но не и куќите , старите ги заменија со нови.
Во времето кога се рушеле старите куќи , требало некој да им рече тука планираме проширување на улица , ако сакаш нова куќа влези 5 метра повнатре.

Разбирам дека сиромашни општини имаме , но според мене неуредените градови ќе не коштат скапо , ќе биде неподносливо да се живее , можеби тек тогаш ќе им текне да превземат нешто.
 
Разбирам дека сиромашни општини имаме , но според мене неуредените градови ќе не коштат скапо , ќе биде неподносливо да се живее , можеби тек тогаш ќе им текне да превземат нешто.


Не се проблем сиромашните општини туку нефункционирањето на надлежните органи и земањето мито.
Како и се останато додека судството не проработи се е за џабе.
 
Koчани и не е толку лош.
Еве една понова населба која се гледа дека е планирана, има широки улици и дворови:
kocai.jpg

За разлика од Ромското маало:
kocai1.jpg

Центарот е малку зафркнат:
kocai4.jpg

Еве и друга добра населба:
kocai2.jpg

Целиот град :love: :
kocai3.jpg

Andrew лајкни го постот :D:D
 
Siena1.jpg



Не е тоа проблемот, кривите тесни улици се последица на традиционалното, повеќето македонски градови имаат традиционални јадра, со слив улици......
Не само во Македонија, во целиот свет е така, постарите градови имаат такви јадра....

Тие слики кои ги покажа Дарданиа на европски градови се модерни, нови градови кои се планирани од нула, тамам работа и тие да се планираат со сливест систем на улици.......

Италија е најдобар пример како се чуваат и реставрираат градските јадра, во сликата се гледа градот Сиена кој несомнено изгледа како скопската чаршија.......

Но таму постојат цврсти закони за чување на град. наследст., Постапките за реставрирање се научна фантастика, многу е компликувано.......

А стара скопска чаршија пропаѓа, од неможноста и повеќе од не сакањето да се реставрира намерно е оставено на рацете на сопствениците кои од незнаење ја уништуваат со своите решениа на материали, за бои да не збориме...
 
баш така,како нацртани им се куките и улиците. закон
 
А всушност има ли нешто што е вред кај нас?

Регулациониот план за центарот на градот Скопје на Кензо Танге беше феноменален кај нас......Затоа и личи на нешто градот Скопје......
 
....земете ги на пример старите населби...Хераклеа, Скупи....плански улици.....денешните градови......калакурница.....по земјотресот Скопје имало шанса да стане модерен град.....се почнало од нула....но менталитетот тешко се менува....баграта научена на тесни и криви сокаци не може да функционира на авении и булевари.....шлагот на тортата е урбаната мафија која со АМИН на власта го узурпира секој слободен сантиметар (улица, парк, река, паркинг)

во сите нормални градови прво се прави план на градот, потоа се прави инфраструктура а на крај се градат згради, куќи и други објекти

Новата населба зад бензинската во Ново Лисиче е типичен пример како тоа функционира во Македонија

прво се градат згради, од инфраструктура нема ни и, потоа неколку пати се прекопува за канализација и топлификација, па уште неколку пати за разни кабли и цевки, луѓето веќе живеат таму а немаат приод до зградите, за на крај да се обезбеди нормален приод....на современите луѓе не им треба зеленило и дрвја...битно е секој сантиметар да се бетонира и продаде

За неколку години градовите какви што ги познаваме ќе се уништат самите себе, ќе скапеме во сопсвеното ѓубре и во пренатрупаноста, нормалното движење ќе биде невозможно

Само во Македонија се дозволи секоја будала да гради кај ќе стигне и како ќе стигне, а потоа за едно ебано евро таа своја креативност да ја направи легална....а потоа ќе плачеме како улиците се претесни, како нема место за паркирање, како нема паркови

додека селата се празнат и изумираат градовите се полнат без план и визија, а посебно Скопје

Ново Лисиче е најурбаната населба во Скопје, а можеби и во Македонија....доволно простор, подредени згради, доволно зеленило, паркинзи и опкружена со булевари

и наместо ова да биде модел за идните населби.....прво се гради кај ќе се најде слободен простор, а дури потоа се размислува за приодот и дали таму воопшто ќе може да се живее

старите навики тешко изумираат....се симнаа од планина...учеа чколија и станаа архитекти....ама љубова кон тесните и криви сокаци им остана во срцето...само заборавија дека веќе не тераат кози и јаваат магариња
 
Koчани и не е толку лош.
Еве една понова населба која се гледа дека е планирана, има широки улици и дворови:

Помалите градови поубаво изгледаат , можеби затоа што своето проширување го имале малку подоцна.
Кочани не е баш мал , но ете јас мислам дека кај градовите со над 50.000 жители имаме повеќе проблеми.

Не е тоа проблемот, кривите тесни улици се последица на традиционалното, повеќето македонски градови имаат традиционални јадра, со слив улици......
Не само во Македонија, во целиот свет е така, постарите градови имаат такви јадра....

Тие слики кои ги покажа Дарданиа на европски градови се модерни, нови градови кои се планирани од нула, тамам работа и тие да се планираат со сливест систем на улици.......

Италија е најдобар пример како се чуваат и реставрираат градските јадра, во сликата се гледа градот Сиена кој несомнено изгледа како скопската чаршија.......

Но таму постојат цврсти закони за чување на град. наследст., Постапките за реставрирање се научна фантастика, многу е компликувано.......

А стара скопска чаршија пропаѓа, од неможноста и повеќе од не сакањето да се реставрира намерно е оставено на рацете на сопствениците кои од незнаење ја уништуваат со своите решениа на материали, за бои да не збориме...

Тоа што го гледаш во Сиена е како денес Менхетен.

Не се споредува град кој ги зачувал објектите од 15 век и град кој нема куќи постари од 50 години.
Што останало нешто старо во Скопје освен црквите и џамиите ?

Тоа што сакам да кажам: Кај нас само улиците се останати како во 15 век


во сите нормални градови прво се прави план на градот, потоа се прави инфраструктура а на крај се градат згради, куќи и други објекти

На пример во САД првин улицата се планира , а потоа се гради , а секоја куќа асвалтот го има до пред врата , без разлика што е единствена куќа , негде поосамена. (на првата слика се гледаат трагите на планираниот пат , а на другата се гледа донесениот асвалт до влез)

lv2.jpg


image.jpg


Иако се гледа дека местото е пустина , на крај ќе добие сличен изглед на овој , не е проблем да има секоја куќа свој базен:

lv3.jpg


Со работа се прави ова , факт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom