Чичко Кумплунг
деца на транзицијата
Не сум редовен на форумиве, но сепак подолго време го следам овој клуб и според овие состојби би кажал дека Вардар е засега во подобра состојба од што беше на пример до пред 5-6 години. Но, повторно, работата е тоа што нема кој да вложува во фудбалот. Кај се Макпетрол, мобилниве оператори, Витаминка, македонските банки, Скопска пивара да вложуваат во фудбалот? Која е причината за тоа и зашто не се прават напори за да се привлечат овие фирми? Не би се согласил дека е заради долговите, пошто ако некој се нафати сериозно да вложува и правилно да менаџира, може да оствари добивка доволна за да го покрие самиот долг на Вардар. Башка, има клубови што се со 100 пати поголеми долгови од оној на Вардар, но пак добро котираат во Европа.
И знаете, лесно е да се обвини управата и да и се вели поради некои работи да си замине од клубот, но никој не се прашува која е таа управа што би дошла на нејзиното место?? Тоа што Вардар сега немале свои автобуси е ситна работа. Позагрижувачки е тоа што нема луѓе кои би сакале да вложат во клубот, иднината е неизвесна. Пак ќе кажам, не е до долговите, пошто ако сакаа фирмите да даваат пари во фудбалот, ќе го направеа тоа преку други клубови кои што имаат помалце долгови од Вардар, ама и таму ги нема! Или не се прават доволно напори за да се привлечат, или едноставно, газдите на компаниите не ги интересира македонскиот фудбал.
Мислам дека треба вие како фанови на Вардар да правете напори да ги привлечете некако компаниите да инвестираат во Вардар, а со бојкоти немате никаква корист, особено не клубот. Не навлегувам во тоа зошто бојкотирате, ваша работа си е тоа, но не е лошо повеќе да се посветите околу тие работи.
Не се будали да инвестираат кај нас.
Секој спонзор, секоја еве фирма што ќе кажеме што ќе сака да инвестира во некоја македонска екипа, сака за рок од една година да си ги поврати вложените среддства и плус да биде у ќар дупло од тоа што го дал, а едноставно такво нешто нема логика. Пример, годишниот буџет ти е милион ипол, а со играњето во европа ЛШ, да го изиграш второ коло, на сметка ќе легнат 300-400 илјади евра, и врту сучи, пак си зијан

И се ќе си зијан, додека не почнеш да произведуваш и продаваш млади играчи. Само што за тоа треба трпение и макотрпна работа, и НОРМАЛНИ УСЛОВИ за тренирање (помошни игралишта, интернати, итн... )
Секој што сака да инвестира во мак фудбал, МОРА да сфати дека САМО со уложување во младите, може да опстане.
И ова е една од причините поради кое буџеетот е скратен, видоа не видоа, дека немаат никаков профит, и почнаа тие станбени-манбени што инвестираат полека полека да се откажуваат, иако јас слушнав дека град Скопје се има откажано, а тие фирмите што му помагаа на Скопје во донесувањето на годишниот буџет на Вардар, тие се тие што уште фрлаат по нешто.
Али се посигурно и посигурно е дека уште долго нема да тераме вака, МОРА да влезе некој стабилен самостоен спонзор, зошо ќе ни се деси дежаву.