Во библијата не се вели дека се лажни туку само му се сугерира и наредува на избраниот народ - евреите, да не склопува завет со нив, да не ги држат како свои и да не им принесуваат жртви. Тој бог е еврејски бог, еден од многуте богови.
„Како што Мојата рака го достигна царството на
лажните богови, побогати со кипови од Ерусалим и Самарија,“ (
Исаија 10:10, Библијата)
„Господ (Јахве) Бог зборува вака: „Ќе ги разурнам идолите и ќе ги истребам
лажните богови во Мемфис, и не ќе има веќе кнезови во Египетската Земја.“ (
Езекиел 30:13, Библијата)
„за да познаат така сите народи на земјата дека
Господ (Јахве) е Единствен Бог, и дека нема друг“ (
1 Цареви 8:60, Библијата)
„И Му се помоли Езекија на Господа вака: „Господи, Израелев Боже, Кој седиш над херувимите,
Ти си единствен Бог над сите земски царства, Ти ги создаде небото и земјата.“ (
2 Цареви 19:15, Библијата)
„Зашто Ти си величествен и правиш чудеса:
Ти си Единствен Бог.“ (
Псалми 86:10, Библијата)
„А сега, Господи, Боже наш, избави нè од неговата рака, за да сознаат сите царства на земјата
дека си Ти, Господи, Единствен Бог!”“ (
Исаија 37:20, Библијата)
„Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле -
Господ (Јахве), нашиот Бог - е единствен Господ,“ (
ев. Марко 12:29, Библијата)
„Сега гледате дека
единствено Јас Сум, и дека нема друг Бог покрај Мене!“ (
Второзаконие 32:39, Библијата)
„
Јас Сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене.“ (
Исаија 45:5, Библијата)
„Да, вака зборува Господ (Јахве), Творецот на небесата - Тој е Бог - Кој ја вообличи и ја создаде земјата, Кој ја зацврсти и не ја создаде пуста, туку ја вообличи за живеење: „
Јас Сум Господ и нема друг.“ (
Исаија 45:18, Библијата)
„спомнете си за минатото: Ј
ас Сум Бог, и нема друг Бог, никој не Ми е сличен!“ (
Исаија 46:9, Библијата)
Еден од најпознатите лажни богови што се спомнува во Библијата е Ваал. Дека тој е лажно (имагинарно) божество најдобро гледаме во 18-то поглавје од првата книга Цареви (од Библијата). Пророкот Илија се сретнал со една група луѓе ревносни следбеници на „богот“ Ваал. И тој им рекол:
„Дајте ни два јунци. Тие нека си изберат еден за себе, нека го исечат и нека го стават на дрва, ама нека не потклаваат оган. Вие повикајте го името на својот бог, а јас ќе го повикам Гоподовото Име: богот кој ќе одговори со оган е вистински Бог.” Сиот народ одговори: „Добро!” Потоа Илија им рече на Вааловите пророци: „Изберете си за себе еден јунец и почнете, зашто вие сте многу повеќе. Повикајте го името на својот бог, ама не ставајте оган.” Тие го зедоа јунецот што им припадна ним и го подготвија. Го повикуваа Вааловото име од утрото до пладне, велејќи: „О, Ваалу, послушај нè!” Ама немаше ни глас, ни одговор. И скокаа и ги виткаа колената пред жртвеникот што го направија. На пладне Илија им се потсмеваше и им рече: „Викајте погласно, зашто тој е бог; зафатен е или има работа; или е на пат; можеби спие, па треба да биде разбуден!” А тие почнаа да викаат уште погласно и да се параат со ножеви и бодила, како што е обичај кај нив, сè додека не ги облеа крв. Кога помина пладне, паднаа во бунило и беснееја сè додека не беше време за да се принесе жртвата; но немаше никаков глас ни одговор ниту знак дека некој ги слуша.“ (
1 Цареви 18:23-29, Библијата)
И потоа во продолжение читаме како Илија стапува на сцена, ја става другата жртва и го повикува Вистинскиот Бог (Јахве) и оган паднал од небото и ја запалил жртвата и со тоа јасно им дал до знаење на Вааловите следбеници дека нивниот бог е имагинарен, а Јахве е вистиснкиот, живиот, реалниот Бог.
Има околу 35 стихови во Библијата каде што Вистинскиот Бог (Јахве) се нарекува „живиот Бог“ со тоа јасно алудирајќи дека сите останати „богови“ се мртви, нереални, лажни.