Раѓањето на антихристот

  • Креатор на темата Креатор на темата golem brat
  • Време на започнување Време на започнување
Јас пак сум длабоко убеден дека длабоко во нас има и нешто подобро, нешто кое може да љуби човек и повеќе од колку Бог ги "љуби" луѓето па оттука и сметам дека божественото уште посветло од господовото е во нас, но исто така сметам и дека нема антихрист(анти) туку дека во поголем број од луѓето божествениот блесок се гаси и настанува самиот тој нечовек, полн со гнев и омраза кон се околу него па така се претвара во нешто многу полошо и од сатана.

Во тој момент кога пишуваш дека “тоа нешто во нас може повеќе одколку Бог да ги љуби луѓето“ покажа дека се’уште не Го познаваш Единствениот Вистински и Совршено *Светол БОГ, Неговата *Света Мудрост (Милост) и Неговиот *Светол Дух!

Тоа непознавање воопшто не ме изненадува, бидејќи осознавањето и знаењето воопшто нее можно, ако човекот со детско срце не верува! :)

Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре.
Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешници.

(Римја 5:7+8)

Не верувам во натприродни и нереални битија,а сум се запознал добро себеси,и се водам по максимата тоа што не сакаш да ти го прават луѓето,не им го прави ни ти ним.

Добро кажа тој живее во детските срца,па затоа некои луѓе цел живот се опираат и се плашат да пораснат и сакаат да веруваат во бајки и разноразни приказни се со цел да не ја прифатат реалноста на животот.

Колку и да се чуствува човекот духовно возрастен, тој во однос на БОГА (во најдобар случај) е дете! :)
Колку да се чувствува дека знае (и навистина да знае) човекот, неговото знаење (во најдобар случај) во однс на БОЖЈОТО знаење, е како знаењето на овцата во споредба со знаењето на Пастирот! :)

.
 
Сакаш да не убедиш дека си овца и дека сите се овци и им треба некој да ги води? Сакаш да не убедиш дека Милоста Божја тебе те избра, сине, да ни проповедаш „Ultimate“ религија?
Ти си тој новиот пророк?
Толку е добра таа Света Мудрост и Милост и сите твои црвени букви на Светиот Совршен Син-Единец-Ова-Она што помистично и позбркано што не сфаќаш што зборуваш?
Ти си новиот пророк море сине?

Антихристот е блиску, а ти си неговиот несвесен поданик...штета...
Слатки ти се зборовите, ама ѓаолот ти ги става во уста!
Чекај, со твој камен малку:
Речено е дека ќе дојдат лажливци и ќе зборуваат во Негово Име (Милоста и МУдроста и све остало) и да не падне родот под лудоста на таквите ко тебе!
Проклестство крие твојот говор...

Штета... антихристот е тука!
 
.

Нема друг бог освен БОГА
Во Исус Тој Ја отелотвори
Својата Мудрост, Својата Волја, Своето Слово
Тоа е Негова Рака и Тоа е Негова Нога
Преку Него е се’ создадено и преку Него се’ се создава Ново
Нема друг бог освен БОГА !!!
.

Спире, има и други богови и Библијата јасно тоа ти го кажува

12 Оти ќе поминам низ земјата египетска таа ноќ, и ќе го убијам секој првороден во земјата Египетска, од човек до добиток, и ќе се одмаздам на сите богови египетски. Јас сум Господ.
Излез 12

11 Кој е како Тебе меѓу боговите, Господи? Кој е како Тебе прославен во светоста Своја, прекрасен во славата Своја и Творец на чудеса?
Излез 15

11 Сега знам дека е Господ поголем од сите богови, и тоа токму во она, со што тие се превознесуваат.
Излез 18

3 Немој да имаш други богови освен Мене!

5 немој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат
Излез 20

20 Кој принесува жртви на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби.

13 Пазете го сето она, што ви го кажав. Не спомнувајте ги имињата на туѓите богови; ова да не се чуе од устата ваша.

24 Немој да им се клањаш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку урни ги ликовите нивни уништи ги.

32 Не мешај се со нив, и со боговите нивни да не сврзуваш завет.
Излез 23

13 туку жртвениците нивни урнете ги, и идолите нивни скршете ги; и излеаните богови нивни во оган изгорете ги.
Излез 34

24 ....па има ли некој бог на небото или на земјата, кој би можел да прави такви дела, како Твоите, и со таква моќ, како што е Твојата?
Второзаконие 3

7 да немаш други богови пред лицето Мое
Второзаконие 5

14 Не одете по други богови, богови на оние народи, што ќе бидат околу вас
Второзаконие 6

14 и ако не отстапуваш од сите зборови, што ти ги заповедам денес, ни надесно, ни налево, и ако не тргнеш по други богови за да им служиш.
Второзаконие 28

14 И така, бојте се од Господа и служете Му со чистота и искреност; и отфрлете ги боговите на кои им служеа татковците ваши од онаа страна на реката и во Египет, и служете Му на Господа.

15 Ако, пак, не ви е угодно да Му служите на Господа, одберете си сега, кому да му служите: на боговите ли, на кои им служеа татковците ваши, кога беа од онаа страна на реката, или на боговите на Аморејците, во чија земја живеете, а, пак, јас и домот мој ќе му служиме на Господа,бидејќи он е свет.
Исус Навин 24

24 Не владееше ли ти со тоа, што ти го дал Хамос, твојот Бог? И ние владееме со сето она, што ни го даде како наследство Господ, нашиот Бог
Судии 11

25 зашто Господ е голем и многу треба да Го хвали, пострашен од сите богови.
Прва летописи 16
 
.

Таканаречените “богови“ кои Му се противат на Единствениот Вистински и Совршен БОГ,
воопшто не се вистински богови!
Во споредба со ними, чедата БОЖЈИ кои што Првороденото Чедо БОЖЈЕ - тоа е Живото Слово БОЖЈЕ, Мудроста БОЖЈА чиста - вистински Го имаат во своето дечјо срце, се безкрајно повистински богови !
Да, лажни богови се сите оние кои Му се противат, Го негираат, девалвираат и се обидуваат да Му конкурираат на Единствениот Вистински и Совршен БОГ (Отец)! :)

Зашто, макар и да има таканаречени богови, било на небото, било на земјата,
како што има многу „богови” и многу „господари”,
сепак, ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е се’, и ние сме во Него,
и еден Господ Исус Христос, преку Кого е се’ и ние сме преку Него..
(1 Коринтј. 8:5+6)

.
 
не знаеш за шо се зборува, не си иформиран, накратко да ти раскажам, се тврди дека Јован пример не видел и не слушнал Исус што зборувал со Пилат зато што не бил присутен таму, па зато место него светиот дух влегол во него и пишувал место него. Значи не што видел Јован туку што му кажал светиот дух. Исто било и со други евангелисти и апостоли кога опишуваат и раскажуваат работи на кои не присуствувале а ги преставуваат како со свои очи да ги виделе и уши слушнале.

Забораваш дека оригиналните ракописи од житијата не постојат :)
Туку све се препишувало и преведувало катрамилион пати. Мора да се заморил Светиот Дух од влегување по толку различни особи.
И доволно е само еднаш во увото на еден од многутте препишувачи/преведувачи да „влезе“ ѓаволот и имаш сатанистичка книга наместо Библија ;)
 
.

Таканаречените “богови“ кои Му се противат на Единствениот Вистински и Совршен БОГ,
воопшто не се вистински богови!
Во споредба со ними, чедата БОЖЈИ кои што Првороденото Чедо БОЖЈЕ - тоа е Живото Слово БОЖЈЕ, Мудроста БОЖЈА чиста - вистински Го имаат во своето дечјо срце, се безкрајно повистински богови !
Да, лажни богови се сите оние кои Му се противат, Го негираат, девалвираат и се обидуваат да Му конкурираат на Единствениот Вистински и Совршен БОГ (Отец)! :)

Зашто, макар и да има таканаречени богови, било на небото, било на земјата,
како што има многу „богови” и многу „господари”,
сепак, ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е се’, и ние сме во Него,
и еден Господ Исус Христос, преку Кого е се’ и ние сме преку Него..
(1 Коринтј. 8:5+6)

.

Во библијата не се вели дека се лажни туку само му се сугерира и наредува на избраниот народ - евреите, да не склопува завет со нив, да не ги држат како свои и да не им принесуваат жртви. Тој бог е еврејски бог, еден од многуте богови.
 
Забораваш дека оригиналните ракописи од житијата не постојат :)
Туку све се препишувало и преведувало катрамилион пати. Мора да се заморил Светиот Дух од влегување по толку различни особи.
И доволно е само еднаш во увото на еден од многутте препишувачи/преведувачи да „влезе“ ѓаволот и имаш сатанистичка книга наместо Библија ;)

.

Луѓе како вас, кога Исус телесно живееше и делуваше во израел, знаеш што велеа за Него?

Да, тие велеа дека Тој соработува со ѓаволот, а некои од ними дури дека ... :(

“Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни!?”
(Матеј 10:25)

Затоа, воопшто не зачудува што вие слично мислите и зборувате, бидејќи вие сте нивните духовни чеда!

п.с. Ве молам внимавајте со кој дух општите, бидејќи тоа ќе има консеквенци за вашиот живот и вашата душа. Но не само за вашите души, туку и за сите оние коишто ќе општат со вас и ќе се инфицираат од духот кој што е во вас! :(

Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето.
(Матеј 12:31)

.
 
Во библијата не се вели дека се лажни туку само му се сугерира и наредува на избраниот народ - евреите, да не склопува завет со нив, да не ги држат како свои и да не им принесуваат жртви. Тој бог е еврејски бог, еден од многуте богови.

„Како што Мојата рака го достигна царството на лажните богови, побогати со кипови од Ерусалим и Самарија,“ (Исаија 10:10, Библијата)

„Господ (Јахве) Бог зборува вака: „Ќе ги разурнам идолите и ќе ги истребам лажните богови во Мемфис, и не ќе има веќе кнезови во Египетската Земја.“ (Езекиел 30:13, Библијата)

„за да познаат така сите народи на земјата дека Господ (Јахве) е Единствен Бог, и дека нема друг“ (1 Цареви 8:60, Библијата)

„И Му се помоли Езекија на Господа вака: „Господи, Израелев Боже, Кој седиш над херувимите, Ти си единствен Бог над сите земски царства, Ти ги создаде небото и земјата.“ (2 Цареви 19:15, Библијата)

„Зашто Ти си величествен и правиш чудеса: Ти си Единствен Бог.“ (Псалми 86:10, Библијата)

„А сега, Господи, Боже наш, избави нè од неговата рака, за да сознаат сите царства на земјата дека си Ти, Господи, Единствен Бог!”“ (Исаија 37:20, Библијата)

„Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ (Јахве), нашиот Бог - е единствен Господ,“ (ев. Марко 12:29, Библијата)

„Сега гледате дека единствено Јас Сум, и дека нема друг Бог покрај Мене!“ (Второзаконие 32:39, Библијата)

Јас Сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене.“ (Исаија 45:5, Библијата)

„Да, вака зборува Господ (Јахве), Творецот на небесата - Тој е Бог - Кој ја вообличи и ја создаде земјата, Кој ја зацврсти и не ја создаде пуста, туку ја вообличи за живеење: „Јас Сум Господ и нема друг.“ (Исаија 45:18, Библијата)

„спомнете си за минатото: Јас Сум Бог, и нема друг Бог, никој не Ми е сличен!“ (Исаија 46:9, Библијата)

Еден од најпознатите лажни богови што се спомнува во Библијата е Ваал. Дека тој е лажно (имагинарно) божество најдобро гледаме во 18-то поглавје од првата книга Цареви (од Библијата). Пророкот Илија се сретнал со една група луѓе ревносни следбеници на „богот“ Ваал. И тој им рекол:
„Дајте ни два јунци. Тие нека си изберат еден за себе, нека го исечат и нека го стават на дрва, ама нека не потклаваат оган. Вие повикајте го името на својот бог, а јас ќе го повикам Гоподовото Име: богот кој ќе одговори со оган е вистински Бог.” Сиот народ одговори: „Добро!” Потоа Илија им рече на Вааловите пророци: „Изберете си за себе еден јунец и почнете, зашто вие сте многу повеќе. Повикајте го името на својот бог, ама не ставајте оган.” Тие го зедоа јунецот што им припадна ним и го подготвија. Го повикуваа Вааловото име од утрото до пладне, велејќи: „О, Ваалу, послушај нè!” Ама немаше ни глас, ни одговор. И скокаа и ги виткаа колената пред жртвеникот што го направија. На пладне Илија им се потсмеваше и им рече: „Викајте погласно, зашто тој е бог; зафатен е или има работа; или е на пат; можеби спие, па треба да биде разбуден!” А тие почнаа да викаат уште погласно и да се параат со ножеви и бодила, како што е обичај кај нив, сè додека не ги облеа крв. Кога помина пладне, паднаа во бунило и беснееја сè додека не беше време за да се принесе жртвата; но немаше никаков глас ни одговор ниту знак дека некој ги слуша.“ (1 Цареви 18:23-29, Библијата)

И потоа во продолжение читаме како Илија стапува на сцена, ја става другата жртва и го повикува Вистинскиот Бог (Јахве) и оган паднал од небото и ја запалил жртвата и со тоа јасно им дал до знаење на Вааловите следбеници дека нивниот бог е имагинарен, а Јахве е вистиснкиот, живиот, реалниот Бог.
Има околу 35 стихови во Библијата каде што Вистинскиот Бог (Јахве) се нарекува „живиот Бог“ со тоа јасно алудирајќи дека сите останати „богови“ се мртви, нереални, лажни.
 
Исто така јас нагласив дека гревот, непослушноста, неверата, слепоста, ... не потекнуваат од БОГА, туку од злоупотребената слободна волја!

Тешко му на светот од соблазни, зашто соблазните треба да дојдат;
но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната.
(Матеј 18:7)
Неможе да постои било што кое не потекнува од Бог, доколку тој е создател на се што постои. А за слободната волја веќе кажав - таа е можност да бираш од постоечките опции, слободна волја можеш да имаш и само со три опции а можеш да имаш и со бесконечно многу опции како избор.
Ако гревот е опција која е непотребна, штетна или промашување, можело комотно да биде изоставен - да непостои како можност воопшто.
 
Дечки шо се замарате..

Јас сум антихристот... само шо до сеа никој не знаеше..

а таман мислев онака едно изненаѓење да ви напраам.... :-)
 
Ако креацијата немала особина која ќе биде причина за да создаде зло, зло немало ни да постои, што значи пак се враќаме на првичниот аргумент, дека одговорноста за креацијата е секогаш кај креаторот.

Значи не ја прифаќаш вистината. Дека креаторот не го створил злото. Ѓаволот бил створен како добар и по слободна воља станал лош. Не знам што не е јасно тука.
 
Значи не ја прифаќаш вистината. Дека креаторот не го створил злото. Ѓаволот бил створен како добар и по слободна воља станал лош. Не знам што не е јасно тука.
Многу работи се нејасни:
- Кој го смислил измачувањето во пеколот, ѓаволот или бог? Ако е бог, како тоа измачување луѓе цела вечност го прави добар? Ако е ѓаволот, зошто бог го дозволува тоа?

- Што лошо направил ѓаволот освен што ги тролал Адам и Ева?

- Зошто твоето толкување на работите е „вистина“?
 
Ѓаволот го креирал пеколот.

Бог го дозволува тоа затоа што е долготрпелив и за да се победи злото комплетно еднаш засекогаш мора тоа да се направи како што пишува и во билијата да се исполнат мерките на безаконијата, значи да се прелие чашата, а воедно и да им се даде шанса на грешниците да се исправат и да се покајат.

Значи Ѓаволот не го сака човекот што Господ Бог го креирал. и преку гревовите сака да го уништи. сите неморални работи во овој свет потекнуваат од ѓаволот.

Моето толкување е само пренесување на божјата вистина, јас не измислувам топла вода туку ги објаснувам учењата на господ бог.
 
Дали според тебе Бог не е креатор на се што постои,дали отпаднатиот анѓел има исто како Бог моќ да креира и создава нешто од ништо или се послужил со креациите на Бог и само го дизајнирал и уредил ентериерот на пеколот а од Бога ги земал казаните,синџирите и други справи за мачење кои Бог евентуално ги создал?

Ако сите неморални работи потекнуваат од Сатаната кој има слободна волја да прави лоши работи,од каде и како му текнале во умот да ги прави тие работи,дали тие првин биле обмислени како акции на зло од страна на Бога бидејќи тој е несоздаден и прв уште пред почетокот на времето?Ти дали би можел да правиш некоја работа ако таа првин Бог не ја обмислил и со тоа креирал?
 
.

Дечки шо се замарате..

Јас сум антихристот... само шо до сеа никој не знаеше..

а таман мислев онака едно изненаѓење да ви напраам.... :)

А бе медле, кога би бил само ти, и ти не би бил. ;)

Неможе да постои било што кое не потекнува од Бог, доколку тој е создател на се што постои. А за слободната волја веќе кажав - таа е можност да бираш од постоечките опции, слободна волја можеш да имаш и само со три опции а можеш да имаш и со бесконечно многу опции како избор.
Ако гревот е опција која е непотребна, штетна или промашување, можело комотно да биде изоставен - да непостои како можност воопшто.

.

Сакате да кажете дека Совршениот БОГ Творец (Отец) е крив за силувањата, убиствата, масакрите, ... на деца, жени, стари, возрастни, кои се случувале и случуваат во овој од вистинскиот БОГ одпаднат свет? o_O

Многу работи се нејасни:
- Кој го смислил измачувањето во пеколот, ѓаволот или бог? Ако е бог, како тоа измачување луѓе цела вечност го прави добар? Ако е ѓаволот, зошто бог го дозволува тоа?

- Што лошо направил ѓаволот освен што ги тролал Адам и Ева?

- Зошто твоето толкување на работите е „вистина“?

Пеколот е консеквенца на нашето злоупотребување на слободната волја, консеквенца на непослушноста, консеквенца на неверата, консеквенца на похлепата ...

Единиот излез од пеколот е Милоста (Мудроста) БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа!

Секој смее, но никој немора да Ја/Го прифати Неа/Него и да се спаси од пеколот!

... Христос беше безгрешен, но умре за нас грешните, за да не врати кај Бог.
Телесно беше убиен, но преку Светиот Дух оживеа.
Во Него Тој отиде да им проповеда на духовите што лежат в затвор,
на оние што долго време во минатото беа непокорни, ...

(1 Петр. 3: 18 -20)

.

Дали според тебе Бог не е креатор на се што постои,дали отпаднатиот анѓел има исто како Бог моќ да креира и создава нешто од ништо или се послужил со креациите на Бог и само го дизајнирал и уредил ентериерот на пеколот а од Бога ги земал казаните,синџирите и други справи за мачење кои Бог евентуално ги создал?

Ако сите неморални работи потекнуваат од Сатаната кој има слободна волја да прави лоши работи,од каде и како му текнале во умот да ги прави тие работи,дали тие првин биле обмислени како акции на зло од страна на Бога бидејќи тој е несоздаден и прв уште пред почетокот на времето?Ти дали би можел да правиш некоја работа ако таа првин Бог не ја обмислил и со тоа креирал?

Совршениот БОГ се’ создал добро!

Но, лажниот “бог“ (заедно со неговите духовни чеда и следбеници) се тие коишто од доброто прават тоа што прават! :(

.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom