VIP.... рекламна кампања у пм! А всушност НИШТО не нудат ново од она што го имаат како понуда па скоро година! А можеби и две! Па мојот договор уште малку истекува, а договорот ми е скоро ист со сегашниве понуди. Цената на претплата е иста, единствено +20 минути кон останатите нац мрежи (беше 80 мин сега е 100) Пуштиле душа ко крлеж муда се вика у моето село!...Значи воопшто не е поовтинето, баш е спротивно! Од Мај ги поскапева некои телефони у ПМ! Некои модели 50%, некои и неверојатни 150%.... На пример, LG Optimus L3 во Мај го нудева во Vip Freed+S+ за 1000 денари ... во Јули истиот телефон во истиот пакет чинеше 2,000.... денес гледам и се смеам, просто не ми се верува
http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/lg/794/optimus-l3#ad-image-0 цената му ошла на 2,500! До Декември како тргнале, ко Ајфон ќе се приближи со цената!? Мислам дека моделот како старее, цената му паѓа, а кај овие обратно - се покачува!... Ѓубре од телефон, не дека ми се допаѓа, но многу е индикативно како го поскапуват како да е последена реч технике.... а ми се јавуваат вчера (3 мес пред да ми истече дог) да го обновам и искористам предностите на летните екстра понуди? Кои ПОНУДИ?...Поскапени телефони? Исто поскапување има кај некои модели на Samsung, ZTE.... Sony Xperia Tipo го нудева 2,500 сега е 3,000
.Ми изгледа гној-маркетинг и исто таков менаџмент имаат овие од VIP. Многу потценувачки према коминтентите... Народот не пасе овци веќе, плус ‘‘парата е скапа сега‘‘ како што би рекол Манулач од оној глупав филм, затоа луѓето ОДБИРААТ ВНИМАТЕЛНО!.... овие евтини финти, евтини лепаци не проаѓаат!
Најмалку пак некој и малку што размислува, дозволува да биде ‘‘онаквен‘‘ у здрав мозок!
Несакам да зборувам за квалитетот, за мрежата нивна.... и за цап-царап-от што ни прават скоро на секоја сметка! Па и за мизерниот и непрофесионален однос на вработените, на пример многу ми се допаѓа она нивно: ‘‘Ни падна системот сега неможете да ја платите сметката‘‘ Ме заболе што ви паднало, сосема недозволени и апсурдно да ти оневозможат плаќање! Со оштетена свест сосема!.... Страва! Тоа е!
Подалеку од VIP!