Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Сега да не си продаваме муда за бубрег јас бев кум и кажав име кое јас го одбрав, секако родителите бира па нека биде по свекрва по овој на оној и реков СТОП!!

Кумството ни трае 4 века и ако одберете вие име јкас пак ќе ја продолжам традицијата ама благослов нема да има, нема да има добробит и не е како што треба, и да видиш работата дојде дотаму да се формираат лоби групи фракции курте мурте и на самиот ден ми дадоа листа им велам немајте мака решено е( и беше), па јас го кажав името за време на ритуалот и така е заведено е сега малку ми замерија ама не е проблем.
Како прво не е твое дете па да го крстиш како што сакаш. Те избрале за кум, тоа супер, но денешното кумство и тоа пред 400 години не е исто. Се знае кумот што прави, го држи бебето додека попот пее и спрема дар. Се одржуваат контакти на празници иди ми - дојди ми, и така. Тебе ептен ти пукнало егото кога те викнале за кум, е*ате...
 
Епа не е до его тоа ти гарантирам туку прашај поп и ќе ти каже што е фактички кумството.ч

Ако гледаш така на работите тогаш и свадбите се его, ждерење и лицемерие во метрички тони.
 
Епа не е до его тоа ти гарантирам туку прашај поп и ќе ти каже што е фактички кумството.ч

Ако гледаш така на работите тогаш и свадбите се его, ждерење и лицемерие во метрички тони.
Токму така.
 
Знам само дека нема да дозволам некој друг да ми го именува детето, како случајов погоре. Па да му шлапнат некое име (Харалампие) ради кое ќе ме пцуе цел живот.
 
Он: Синоличка.


Многу убаво име. Женските имиња добиени од имиња на цвеќиња најмногу ми се допаѓаат.

Сега да не си продаваме муда за бубрег јас бев кум и кажав име кое јас го одбрав, секако родителите бира па нека биде по свекрва по овој на оној и реков СТОП!!


Се надевам само не си го крстил Дејвид или Џонатан детето. :)
 
Јас сум крстена по баба ми, таа сакала така да се викам.
Коа би се работело за мое дете името би го бирала само јас, толку мака ке тргам за тоа дете и на крај некој да ми кажува како ке се вика - епа не може.
 
Како што ќе каже кумот се разбира ако се оженам.

Многу луѓе забораваат дека е чест да се биде кум и дека вистински духовен татко е кумот и не смее да се влијае на името како ќе биде волјата на кумовите така нека биде и името нема списоци и пожелби не за џабе кумот клекнува пред бога и се откажува од сатаната, ако сте крстиле ќе знаете.


вака е само кај нас и во Србија
НА НИКОЕ ДРУГО МЕСТО
 
вака е само кај нас и во Србија
НА НИКОЕ ДРУГО МЕСТО
Мојот кум за името го прашал татко ми уште пред 25 години… веројатно не е секаде кај нас така.
 
A sto velite za imeto Viliam ( William) interesno ime i neobicno ???
 
A sto velite za imeto Viliam ( William) interesno ime i neobicno ???


Не е необично, Шекспир уште од 1500-та година го имал.
Леле немојте да ставате странски имиња, стварно не личи со македонски презимиња. Уствари ајде како ви е ќејф така правете, на крај краева ваше си е :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom