Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
Со Грците никогаш, буквално никогаш, не сум имала проблем.
Настрана ,,дневна политика,, Грците како народ кој во голема мера живее од туристите, добро си ја ,,сработеле домашната,,.
Во Грција не е никакво чудо да најдеш табла на ресторан напишана на македонски, а угостителите немаат проблем да кажат ,,Македонија,, и ,,Македонци,,
Каде си видела табла на македонски?
Кое место,конкретно?
Последниве 10 години сум во Грција,јас таква табла никаде не видов!
 
Работата е шо они мислат дека народо е зависен од нив. Понашат се како да се евн и шо сакат ќе праат, па услугата не мора да биде на ниво, демек нема дека да се иде. И после кога одат на друго место, ќе бидам исрекн и ја не одам веќе во Охрид, охриѓани плукат по конкуренцијата. Ја мислам конкуренција постои зада се подобри услугата спрема муштеријата у сите нормални сектори.
 
Врв беше и ова се има случено бајаги одамна, сакавме да купиме чокобисквит. И нели знаеш 10 денари стандард беше, а Охриѓанецот 20 го продаваше. Кога го прашавме зошто, рече зошто поскапел шеќерот :) А инаку на темата, секако дека Грците се погостопримливи.
 
Па не баш... може БЕШЕ, веќе не


Да да, ајде сеа почни и објаснувај ми како си приметил дека ставаат 5 грама повеќе соја во плескавицата од порано и мајонезот го прават со урина од ној..:facepalm:
 
Каде си видела табла на македонски?
Кое место,конкретно?
Последниве 10 години сум во Грција,јас таква табла никаде не видов!


За оваа што зборувам конкретно во постов, е на Тасос, а за други би ми било тешко да ти кажам точно каде и кога, од причина што цел живот одам во Грција и сум била на доста места.
 
Во тој случај, од кај знаеш дека е поефтино, кога не си бил? За разлика од тебе, останатите кои зборат за случките во Охрид всушност биле таму и можат да направат компарација. И за разлика од тебе, останатите не зборат тенденциозно и „за инает“ против одредено туристичко место, туку само вршат споредба помеѓу нив. Значи ние збориме од лично искуство, а ти од лично неискуство. Не си фер така :(
Не не не мешам јас Охрид со Грција кај сакет нека одат , ама јас сум против порталите скопски пошто тие ја креваат галамата што се бунат за цените во охрид кој се така во 2 месеци на лето а во скопје се толкави преку цела година , мене ми е гајле нека одат грција знам дека Албанија е многу ефтино последниве две години и има добри места имам и пријатели со апартман таму така да ако сакам таму ќе одам . :)
 
Прашање до охриѓаните на темава (а и до останатите, нормално):
- Дали сте биле на одмор во Грција и каде?
- Со какви конкретно непријатности сте се соочиле за време на вашиот престој таму? Услугата не ја бивало? Газдите биле гадови?

Мислам дека е сосема фер и вие да кажете некоја ваша случка од престојот во Грција, кога ние веќе изнаредивме еден куп случки од нашиот престој во Охрид.
И не ми кажувајте дека не сте биле таму на одмор, зошто до сега број еден ми биле токму охридските таблици на турстичките места кои сум ги посетил.

Да во Паралиа, Калитеа, Закинтос.
Сум се сооил со секој ден истшени гуми, се вративме дома без раткапни и на граница ни праве проблем за нив и татко ми мораше да плати 50 евра казна.
Се соочив со иклучињање струја после полноќ, со ненадејно преместување од соба со два кревета во соба се еден кревет, бидејќи некој господа ненадејно дошол.
За храна е изгор во Паралиа, една семејна пица капричиоза и 3 кока коли 3 800 денари. За останато да не правам муабет, паковка сладолет од естле е 900ден.
Ова беше пред 5 години, од тогаш одиме во Анталија, за мирна душа.
 
Ако Охриѓани сакаат туризам мора да ги направат цените како и во другите градови во РМ, без разлика на сезона и измислицата ,,туристичко место,,. Само со такви цени ке развијат вистински туризам и тоа преку целата година и ке имаат многу повеке профит одколку сега. Тие сакаат со работа од еден месец да живеат цела година и затоа ропаат цени без врска и гледаат да заштедат не се нешто а и да те поткраднат ако можата. Е така нема. Има многу бисери од Охрид ама сега ке го кажам последниот кој ми се случи: Оваа година, околу 10ти Јуни, на неколку дена бев во еден Охридски хотел, со платени полни пансиони, доста солено. На ручекот ми текна на лута пиперка и му викам на келнерот да донесе. Ме погледна зачудено и ми вели- лута пиперка чини 30 денари? Да ти донесам? Лудница, не е работава за 30 денари ама така не се развива туризам. Досега никаде не ми наплатиле лута пиперка. Или има или нема, ако нема нема а ако има таа е бесплатна... Пивото, туборг, е 250 денари а водата 250 мл е 100 денари, се секавам оти плативме 1100 денари за четири пива и една вода. Е ова го нема во Грција.
И не е само ова, уште 100 вакви дешавки има. Мислам дека за некоја година Охриѓани ке си садат компир на плажите.
 
Не те сакаат, јас немам видено Грк да глуми воодушевување дека сум од Македонија. Што не е случај со Србите кои ги сметаат за браќа. Многу е подруго во Хрватска и Црна Гора, се гледа дека им е мило што не гледаат. Овде се гледа дека тоа им е работа.

Освен во Солун, во самиот град каде на повеќе места ми објасниле дека они немаат врска со политика и дека немаат ништо против нас како народ. Ги интересирало како живееме, колку плата земаме, како живееме. Ваљда оти секој ден имаат Македонци па се навикнало населението 365 дена во годината.

Али дека биле груби, не сум добила тоа што сум платила, ме гледале напреку и слично не ми се случило. Ниту налепници ми лепеле. На Грчка граница се мине за 2 секунди, повеќе проблем имам од нашиве, кои ме третираат како криминалец од било која страна да влегувам, бог да чува.


Тоа ми е поентата, сепак постои таа разлика. Значи не било исто да оди Србин и Македонец на летување во Грција. Не дека ќе добие различен третман ама во комуникација се осеќа разлика. Позитивно е што ќе се разбереш на српски бидејќи добар дел од угостителите таму почнаа српски да зборуваат. И тоа што ме нервира е имам приметено секаде има српски знамиња а македонски многу ретко. Пак не збориме за патриотизам, ајде да гледаме отворено на работите, на толку туристи Македонци мора да има македонски знамиња по туристичките места, кога веќе поставуваат и други во однос на застапеноста на гостите. Значи дискриминација постои.
Ми се случило во ресторан во Грција од поодамна, во едно гратче на вториот крак на Халкидики, келнерот кој служеше, веројатно по јазикот не наслуша и прво не праша дали сме од Србија. Му одговоривме не, од Македонија сме, на анлиски. И почна да не корегира прво вика од Скопје сте вие. ОК со ова копјата се спуштени, иако не се напињаш се нервираш што си дошол да уживаш и сега тој што му е работа да те служи, а тебе да оставиш некоја пара во ресторанот, почнува конфликт. Носи главно јадење и вика Македонија е Грчка, со кисела насмевка. Преќутуваш ама ноќта некако си напнат. И не сум патриот кој вее знаме во Грција и седи на нет да пишува дека Македонија е на Македонците, али ваквите случки може да ти го уништат одморот. Ова не е причина повторно да не одам во Грција, реално цените се ок, блиску е ама дека постои таа злоба тоа е факт.
Сета оваа злоба и негативна енергија знае да ти прави одбивност. Можеби и во Црна Гора или во Хрватска ќе ти се погоди некој накриво да те погледне (сигурно не дека си од Македонија) ама дека ќе те гледаат различно тоа е факт. Хрватите се толку љубезен народ према Македонците што тие што биле таму, тоа може тука да го потврдат.
 
Да во Паралиа, Калитеа, Закинтос.
Сум се сооил со секој ден истшени гуми, се вративме дома без раткапни и на граница ни праве проблем за нив и татко ми мораше да плати 50 евра казна.
Се соочив со иклучињање струја после полноќ, со ненадејно премесрвање од соба со два кревета во соба се еден кревет, бидејќи некој господа ненадејно дошол.
За храна е изгор во Паралиа, една семејна пица капричиоза и 3 кока коли 3 800 денари. За останато да не правам муабет, паковка сладолет од естле е 900ден.
Ова беше пред 5 години, од тогаш одиме во Анталија, за мирна душа.

Ова е веќе валидно мислење. Сакам да видам повеќе вакви примери од луѓе кои навистина биле таму и се соочиле со проблем. Ти благодарам за одговорот и жалам што сте се соочиле со непријатности.
 
Апартман 30e o_O па кај го има ова две спални и креветче заедно во една соба. Па тука не смееш да прднеш а не пак да помислиш да правиш нешто друго. :icon_lol:
 
Грците се одлични домаќини кон Македонците, толку не сакаат што и по колите ни се потпишуваат!

E523A614EEE147408A8A3175265F356F.jpg
koli_grcija01_230_180.jpg
stetagercicjajaaa1.png
images
 
Сезонава на Грчка граница имале запослено човек што штанцал ФИРОМ налепници..со бенифициран стаж и хиљаду евра плата..ипак криза е кај нив :icon_mrgr: (ме мрзи да ја скенирам налепницата,а и скенер додуша немам). Понижувачки у секој случај,нормален човек се осеќа како говедо што го пренесуваат за сточен пазар,па му ставаат минѓуша со ознака на увце.
 
leandra па не би рекол дека никој не ги сака ни во Грција, имаат растечки број на гласови да стигнеш од 4.500 гласови во 1996 до 20.000 во 2009 или пак 430.000 во 2012 воопшто не е за потценување. За 2-3 години уште којзнае колку ќе имаат

Дечко, Тренд (не дека мн се палам) е кафуле на сред плоштад на главен град на Република Македонија.
Кафуле БОГ за сите ваши кафичи Заедно. Сите јадења им се вкусни, услугата им е на Ниво, атмосферата макс од тоа што може да се извади.
Седмица, по калкулации во сите могучи универзуми е најдобра сендвичара во земјава. За вкусови не се дискутира, али затоа за традиција и дневен промент се јасни објективни индикации за квалитет, а во тој поглед, никој не се ни доближува до седмица.
Во Скопје дека е скупо таксито, нема сомнеж. По скупо неможе да биде. Ама брат, ТАКСИМЕТАР. Капираш? Со закон им е уредено ебате.
Ти наплаќа по таксиметар, плус пошо компаниите се свесни дека е немогуче скупо, ти даваат попусти 40-50 денари. И те вози во кола, не кочија.

Не сум бил да пробам од храната баш во тренд ама ми личи дека повеќе местото е за да бидеш виден и фактички тоа го плаќаш а не дека на друго место нема исто така добра храна која плус е и поефтина, а убаво си кажа за вкусови не се расправа - ете јас имам пробано хамбургер во седмица и ич не ми се свиѓаше и тоа го имам напишано и одамна во темите за седмица (да не мислиш дека само сега намерно ти контрирам). И пак ќе кажам плаќате 130 денари за хамбургер во сендвичара во Аеродром на пример а кога ќе ви кажат 150-160 денари плескавица во ресторан до езеро во Охрид скапо ви е и затоа не чинело..
Викаш таксиметар и ок е тоа, ама и во Охрид имаш опција да се качиш во такси со таксиметар.. ако не сака да пушти таксиметар и да те вози според него не се качувај - едноставно е. Никој не ти ставил нож на грло имаш и друга опција.

Windfucker убаво објаснил на предходната страна, да беше темава кој има подобар/попрофесионален туризам и јас ќе гласав за грците ама дека биле попријателски настроени од охриѓани е смешно. Турците од околинава инаку се број 1 во гостопримство ако се прашувам јас од местата кај што сум бил, уште посебно ако знаат дека си од Македонија.
 
Цените во грција биле поевтини, како да не. Сигурно да беа поевтини, чичко ми немаше да понесува храна за на одмор. Не трошел за излегување ( ресторани и др. ) единствено времето си го искористил за прошетка навечер. :)
Да е само он вака добро ќе да е. :pos:
Идеш на одмор за од дома да носиш грав, компир или патлиџани и коцка сирење за таму шопска салата да правиш. :icon_mrgr:
Па да му се сневиди цела година работиш за да не можеш една недела да уживаш како господин. Некои повеќе пари даваат за цигари, а на одмор носат јадење од дома. :tapp:
Нели им е срам да носат јадење? :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom