Германскиот весник „Билд“ во февруари
објави дека професорот Герхард Рот од
Институтот за истражување на мозокот
при Универзитетот Бремен, еден од врвните
светски невролози, го открил делот од мозо-
кот, каде што се наоѓа злото што се крие кај
убијците, силувачите и другите насилници.
Веста, што потоа ја објавија голем број
влијателни дневни весници од целиот свет,
предизвика доста скептични реакции – а воед-
но беше негирана и лично од професорот.
Универзитетот Бремен се јави со соопште-
ние дека веста што ја објавил весникот „Билд“,
дека професорот Рот идентификувал „центра-
лен лобус“ во човечкиот мозок како место каде
што се наоѓа злото, е неточна и дека се должи
на длабоко недоразбирање во однос на даде-
ните изјави на врвниот научник за интервјуто
за весникот. „Таков лобус воопшто не постои.
Професорот Рот и неговите соработници во
моментот го истражуваат ефектот врз мозокот
на рани психички трауми како важен фактор за
развој на подоцнежно криминално однесува-
ње. Различни типови на криминално однесува-
ње може да се доведат во врска со функцио-
нални нарушувања на различни центри на
лимбичкиот систем, вклучувајќи го и долниот
фронтален лобус (orbitofrontal cortex) на мозо-
кот“, се наведува во соопштението од
Универзитетот Бремен.
Според весникот, д-р Рот наводно „го открил
делот од мозокот каде што се формира и демне
злото“, преку скенирања на мозокот на лица
обвинети за насилство. „Им покажувавме на
тие луѓе кратки филмови и ги меревме мозоч-
ните бранови“, го цитира весникот професорот
Рот. „Кога и да се појавуваа брутални и насил-
ни сцени, испитаниците не покажуваа никакви
емоции. Во оние делови на мозокот каде што
ние развиваме сочувство и тага, не се случува-
ше ништо.“
Подрачјето кое што кај психопатите се при-
кажува како темна маса на врвот од фронтал-
ниот лобус на мозокот, се појавува на сите ске-
нови на луѓето со историја на криминално
насилство. Кога и да ги погледате скеновите на
мозокот на закоравените криминалци, речиси
секогаш се видливи послабо активни подрачја
во предниот дел на мозокот, рекол професорот.
Постојат и случаи кога некој станува кримина-
лец поради тумор на мозокот или поради пов-
реда на тој дел од мозокот, а по операцијата за
отстранување на туморот, таа личност повтор-
но станува нормална.
Според Рот, сите криминалци се различни,
но тој ги дели во три општи групи:
Првата група се „психолошки здрави“ луѓе,
кои едноставно израснале во средина во која е
прифатливо да се применува насилство, да се
краде и да се убива.
Втората група се импулсивни, реактивни
насилници. Тие се психички пореметени луѓе,
кои, според Рот, го доживуваат својот свет како
закана. Погрешен поглед, погрешно движење
може да ги предизвика ваквите лица да експло-
дираат и да станат убијци.
Најопасна е третата група – психопатите.
Професорот Рот вели: „Во нив спаѓаат дикта-
торите како Хитлер, Сталин или Мао. Овие
насилници многу често се случува да имаат
шарм и да се елоквентни, иако тие во суштина
се и ноторни лажговци, немаат никакво
сочувство и не научуваат ништо од нивните
неуспеси. И сите се мегаломани“. На праша-
њето како би можело да се заштити општест-
вото од вакви насилници, Рот вели дели струч-
њаците можат да забележат и да препознаат сла-
беење во таа регија на мозокот кај децата уште во
градинка и затоа, задача на општеството треба да
биде да им се понуди поддршка на тие деца и на
нивните родители уште пред тие да станат кри-
миналци.
Скептичните реакции на веста за лоцирањето
на центарот на злото во човечкиот мозок се теме-
лат на укажувањата дека науката допрва треба да
открие нешто што би било „централен лобус“ во
мозокот. Според блогот „The Neurocritic“, не пос-
тои такво нешто. „Тоа е навистина смешен обид
на научното новинарство, а навистина штетен за
угледот на д-р Рот“, наведува блогот.
Според Клиниката Мајо од САД, постојат чети-
ри различни лобуси од секоја страна на човекови-
от мозок: фронтален, париетален, оципитален и
темпорален лобус. Последните истражувања
сугерираат дека мозоците на некои типови кри-
миналци се разликуваат од мозоците на не-кри-
миналци. Една студија на 21 лице со асоцијално
растројство на личноста – карактеристика, која
според Клиниката Мајо е зедничка за многумина
обвинети криминалци – покажува дека асоцијал-
ните индивидуи имаат намалување на делови од
фронталниот мозочен лобус. На пример, покажа-
но е 18-процентно намалување на волуменот на
мозочниот средно фронтален гирус и 9-процен-
тно намалување на орбиталниот фронтален гирус
во споредба со ментално здрави лица.
Друга студија, објавена во 2009 година во вес-
никот „Archives of General Psychiatry“, покажува
дека психопатите имаат истенчување на надво-
решниот слој на амигдалата во мозокот и 18-про-
центно намалување на волуменот во тој дел на
мозокот во споредба со не-психопати.
(Извор: Bild Zeitung)