Serie A 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2012/2013?


  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
_b95fe3f75048b03c73443ef80ec9016f.gif

Баш вчера ги видов двајцава на Тим Трофео, кога Сторари му го одбрани пеналот на Робињо, го покажаа Галијани како стои и се нервира, за по неколку моменти да го покажат Марота со неговата трол фаца како се клешти :D
 
да али рачунај покрај тие продуктивно потрошени 100 милиони јуве потроши и толку непродучтивно...фрли доста пари на играчи дур ги погоди сите....
Е арно де, не рече некој дека не потроши, затоа и старата управа ја избркаа.

Новава управа може за кусур да му се земе само 12-те милиони фрлени за Мартинез, и Красич (донекаде).
 
Не можеш да споредуваш Наполи и Јувентус. Играчи како Пирло, Видал, Тевез...никога не би биле заинтересирани за играње во Наполи. Плус Јувентус не ги доведе сите овие во една година, туку постепено. Од каде знаеш кои играчи ќе ги купи Наполи во следните години?
Игуаин е добар трансфер за клуб како Наполи. Гарантира 20 гола во сезона, тоа сум сигурен. Од друга страна за некој значаен успех во ЛШ не може да се смета на него. Затоа и беше продаден од Реал.
Албиол беше доста добар во Валенсија, после скапа на клупа во Реал и играше како ретардиран кога ќе влеза еднаш месечно во игра. Каљехон е чисти просек, јасно е тоа.
Мертенс е доста добар играч од она што го имам гледан ово ПСВ. Ќе видиме дали е спремен на некое повисоко ниво да игра.
Рејна е малце подобар од Де Санктис, ама сигурно не е врвна класа. Да го земеа Цезар ќе беше доста подобро.

4-2-3-1 Рејна; Маџо, Албиол, Канаваро, Армеро; Бехрами, Инлер, Пандев, Хамшик, Мертенс; Игуаин.
Клупа: Де Санктис, Бритос, Гамберини, Фернандез, Место, Зунига, Џемаили, Гаргано, Радошевиќ, Инсиње, Каљехон, Калајо.

Ова е доста солиден состав, кој сигурно ќе се бори за ЛШ, што секако е успех за тим како Наполи. Треба само подобра резерва од Калајо.

Знаев дека има уште нешто што не штима во Наполи што го планира Бенитез. Формацијата.

Играчите од одбраната како Маџо, Канаваро и Армеро играат цел живот во 3-5-2, 3-4-2-1, 3-4-1-2 или слично, што значи играат во одбрана 5ка. Маџо во 4ка одбрана е катастрофа. Ова може да го потврди секој навивач на Италија кој го гледал Маџо во формацијата на Прандели со 4ка одбрана и во формацијата на Прандели кога Маџо игра како крилен бек. Истото важи и за Армеро на другата страна. Канаваро е приказна сама за себе. Тој е навикнат да биде опкружен со двајца централни околу него, а не само со еден и тоа нов кој ни од далеку не е сигурно решение.

А не дај боже на Бенитез да го чукне некоја да го седне на клупа Инсиње, за нашево дрво, тогаш ќе му следи Интер финиш :D. Јас го ценам Бенитез како тренер, ама ќе мора да внимава со составот и со формацијата, оти еднаш веќе во Италија виде дека е немозможно неговите идеи целосно да ги спроведе. Тогаш го наследи Мурињо, но и сега не е нешто помалку. Можеби не е Мацари како Мурињо, ама многу го сакаат во Неапол и очекувањата ќе бидат големи. Наполи заврши втор оваа сезона и тоа ќе биде минимум што ќе се бара од Бенитез. А, сите знаеме дека ќе бараат и повеќе наполитанците.
 
Јувентус 2011/2012 потрошил 100 милиони за трансфери. Паметна политика.
Јувентус 2011/2012 беше шампион, така да се исплати :)

btw Иако едно добри 50 мил. беа плаќање на ратите од играчи купени пред тоа.
 
Епа тоа е пријателе. Не се сите заинтересирани да играат за Наполи. Каква корист би имал Јоветиќ за играње во Наполи, кога може во Сити. Гомез мислам дека можеа да го земат, ама ете Фиорентина беше побрза. Исто можеа и Хоакин да го земат пред Фиорентина. Доста добар играч за ротација.

Наполи нема проект со кои на играчите ќе им вети титули и голема плата затоа не прифаќаат. Џабе толку голем буџет кога не можат да привлечат играчи и фрлаат неколку милиони плус само да купат нешто.

На Де Лаурентис за 2 год може да му стигне добра понуда и да ги продаде на ПСЖ, Монако, Сити
Јоветич ќе зема 4 мил, не е некоја голема плата и овие услови можеа да му го обезбедат.
Љајич > Каљехон иста цена имаат.

Не беше побрза Фиорентина туку тој сакал кај нив. Најверојатно една од причините е Монтела.

Mario Gomez revealed new Bayern Munich manager Pep Guardiola advised him to choose Fiorentina
Addressing reporters through a translator before taking to the Artemio Franchi pitch to greet Viola fans said: "I was eager to take on a new challenge after winning everything with Bayern.

Испратиле понуда 20 мил за Кандрева :eek:
 
Денеска на пријателски натпревар Верона победиле 1-0 против Феенорд, а стрлецот бил Лука Тони :ROFLMAO:

Фиорентина-Кремонезе 7-1 (Гомез 2, Џ.Роси 2, Љаич, Јаковенко и Хегази по 1)
Добри се виолетовите, ако може и Роси да се врати во ритам страшни ќе бидат :)

Аталанта ги победиле Лумецане 3-1, додека Лацио-Специа 3-0.
Џенова играле 0-0 со некој тим којзнае од каде (n)
 
Денеска на пријателски натпревар Верона победиле 1-0 против Феенорд, а стрлецот бил Лука Тони :ROFLMAO:

Фиорентина-Кремонезе 7-1 (Гомез 2, Џ.Роси 2, Љаич, Јаковенко и Хегази по 1)
Добри се виолетовите, ако може и Роси да се врати во ритам страшни ќе бидат :)

Аталанта ги победиле Лумецане 3-1, додека Лацио-Специа 3-0.
Џенова играле 0-0 со некој тим којзнае од каде (n)

де бе Гомез дал 2 гола против Кремонезе го направија човеков како да дал против Баерн или некој којзнае кој топ тим..не дека е слаб но во 10 теми се нарокало за него.

Наполи сигурно ќе земе уште некој играч, продадоа но носат квалитетни замени за тие што ги продаваат..инаку за што ќе им е Реина? Де Сантис е подобар едино ако не го продава јакиот тренер :)
 
де бе Гомез дал 2 гола против Кремонезе го направија човеков како да дал против Баерн или некој којзнае кој топ тим..не дека е слаб но во 10 теми се нарокало за него.

Наполи сигурно ќе земе уште некој играч, продадоа но носат квалитетни замени за тие што ги продаваат..инаку за што ќе им е Реина? Де Сантис е подобар едино ако не го продава јакиот тренер :)

Се предавам, само не ме тепај :icon_lol:
Тие што го направиле како да дал против Баерн, нив реплицирај им, не мене што само напишав кој ги дал головите за Фиорентина :icon_mrgr:
 
Одамна се нема случено некој тим од Серија А да фрли 40 милиони 37+3 бонуси за еден играч.Има сигурно 10-15 год.
И тоа не е се од Наполи Де Лаурентис вели ќе пазарат уште имат уште 70-80 милиони за трансвери.

Наполи со добар тренер би биле сигурно фаворити за скудето но овој не е сигурен може и да бидат големо разочарување.

Хамшик,Инлер,Маџо,Рејна,Игуаин,Каљехон,Албиол,Зунига и уште најмалки двајца класа што ќе земат сигурно ќе се супер тим за Серија А.

Важно сигурен сум стадионот треба да го вратат во полн капацитет 80 илјади сегашниот рестрикции заради безбедност со 55 илјади мал им е .
Ќе врие во Неапол оваа сезона.
 
Денеска на пријателски натпревар Верона победиле 1-0 против Феенорд, а стрлецот бил Лука Тони :ROFLMAO:

Фиорентина-Кремонезе 7-1 (Гомез 2, Џ.Роси 2, Љаич, Јаковенко и Хегази по 1)
Добри се виолетовите, ако може и Роси да се врати во ритам страшни ќе бидат :)

Аталанта ги победиле Лумецане 3-1, додека Лацио-Специа 3-0.
Џенова играле 0-0 со некој тим којзнае од каде (n)

не си пишал за пескара - месина 6-0 и самдориа - сантхиа - 6-1

од кој првите 2 гола ги дал габиадини
 
Наполи тргнува по Џексон Мартинез од Порто(y).е богами ако го донесат и него,ќе имаат солиден тим.
 
Одамна се нема случено некој тим од Серија А да фрли 40 милиони 37+3 бонуси за еден играч.Има сигурно 10-15 год.


За „моиве“ знам само за следниве играчи што се купени скапо, и тоа премногу. Ама се исплатеа и двајцата.

Буфон знам беше 40+, а според transfermarkt.co.uk, трансферот вредел 54 200 000 евра. :eek:
Во истата сезона Турам и Недвед дошле за суми од 41 500 000, односно 41 200 000.
Овие се направени во 2001, после продавањето на Зидан за 73 000 000 евра.

За други трансфери, еве рекорди за направени од екипи од Серија А, во екипи во истата, но и надвор од Италија.
 
А за 11ти играч нема пари, а ? :D

Од брзање не напрајв салам фудбал менаџер тим, го запоставив 11тиот играч а тоа е Ливаја! (на позајмица би го зеле) :vozbud:

Invader

Сеуште сетилото за сарказам, тролање и иронија не ти е изострено. ;)
 
Наполи тргнува по Џексон Мартинез од Порто(y).е богами ако го донесат и него,ќе имаат солиден тим.
Според Скај Наполи постигнале договор со Џексон Мартинес за пет годишен договор.
23.17 - SKY: ACCORDO DI MASSIMA CON JACKSON MARTINEZSecondo Sky il Napoli avrebbe raggiunto un accordo di massima con Jackson Martinez. L'attaccante del Porto percepirebbe due milioni a stagione per cinque anni
 
Според Скај Наполи постигнале договор со Џексон Мартинес за пет годишен договор.
Преговорите почнале попладнево, а Ди Марцио пренесува детали од преговорите. Порто барале 35, ама Наполи максимум давале 32, сума на која најверојатно ќе се сложи Порто.

AGENTI-MARTINEZ1.jpg


Уште една потврда колку е празноглав Де Лауреантис.

За две 9-ки, тотално слични играчи, дава 70 мил. евра...

Ќе врие во Неапол. После овие инвестиции ако не се исполнат целите, не би сакал да сум во кожата на Бенитез.

Мацари на време ја сети работата, и си се повлече :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom