Не можеш да споредуваш Наполи и Јувентус. Играчи како Пирло, Видал, Тевез...никога не би биле заинтересирани за играње во Наполи. Плус Јувентус не ги доведе сите овие во една година, туку постепено. Од каде знаеш кои играчи ќе ги купи Наполи во следните години?
Игуаин е добар трансфер за клуб како Наполи. Гарантира 20 гола во сезона, тоа сум сигурен. Од друга страна за некој значаен успех во ЛШ не може да се смета на него. Затоа и беше продаден од Реал.
Албиол беше доста добар во Валенсија, после скапа на клупа во Реал и играше како ретардиран кога ќе влеза еднаш месечно во игра. Каљехон е чисти просек, јасно е тоа.
Мертенс е доста добар играч од она што го имам гледан ово ПСВ. Ќе видиме дали е спремен на некое повисоко ниво да игра.
Рејна е малце подобар од Де Санктис, ама сигурно не е врвна класа. Да го земеа Цезар ќе беше доста подобро.
4-2-3-1 Рејна; Маџо, Албиол, Канаваро, Армеро; Бехрами, Инлер, Пандев, Хамшик, Мертенс; Игуаин.
Клупа: Де Санктис, Бритос, Гамберини, Фернандез, Место, Зунига, Џемаили, Гаргано, Радошевиќ, Инсиње, Каљехон, Калајо.
Ова е доста солиден состав, кој сигурно ќе се бори за ЛШ, што секако е успех за тим како Наполи. Треба само подобра резерва од Калајо.