Какви семејни традиции имате дома?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Дома имаме повеќе традиции. Ај како најкарактеристични ќе ги спомнам тоа што јадиме исклучиво леб печен во локалната пекара во фурна на дрва и тоа дека секое сабајле имаме варени/пржени јајца.
Баба ми секогаш носи шамија. А да и секоја недела сабалје се гледаме на скајп со австралијанците.
Порано имавме традиција да вечераме сите заедно, ама сега се изгуби таа традиција.
 
Пошто живеам сама,слободно можам да речам дека за жал немам некоја традиција низ куќи.
За поголемите празници онака ако имам повеке слободно време знам да се посветам на некои детали,да повикам пријатели,но неможам да го наречам тоа традиција.
Ми се допагаат семејствата кои си ги запазуваат одредени традиции плус собирајки се на куп сите заедно.Тоа го соединува семејството.

Викни некогаш навечер кога си сама за да имаш некоја традиција. Еве можеш да ме викаш секој вторник и петок на пример.


Инаку кај нас дома традиција е кога ќе се скараме секој од нас да ја лупне вратата колку што е можно посилно.
 
puno
Викаш дека на Македонците се им било дадено од државата туку така на тацна ... се ... бесплатно ... земја, имот(куќа/стан), автомобил, пари ... море и злато ... дијаманти ... ало човек од кај ова си го чул !
Пред 50 и повеќе години како прво овде било жива беда и општа немаштија, повоениот период бил доста тежок и макотрпен, од нула, од ништо народот требал да изгради држава, никој ништо немал, сите односно преку 90% од населението биле горе-доле исти во материјален смисол и каде тоа си чул дека државата бесплатно давала земја па и куќи/станови на Македонците !
Такво нешто никогаш не постоело, ниту денеска, ниту пак во Социјализмот, некој да ти даде нешто бесплатно(земја/имот), може имало и такви случаи но во помал процент но дека на сите Македонци државата им дала се е тотално неточно ... инаку да во тој период сеуште населението немало соодветна здравствена заштита, сеуште харале секакви болести(денеска искоренети), а многумина и од глад умирале(особено мали неухранети бебиња и деца), имало и доста млади деца кои умирале од обична настинка и грип(што е дури и смешно гледано од денешна перспектива), умирале и луѓе од слепо црево и.т.н. ... во тој период како Албанците исто и Македонците имале висок наталитет но на родителите им останувале само по 2-3 деца, другите им умирале поради горенаброените причини !
Тој период повоен бил тежок за сите и за Македонецот и за Албанецот и за Србинот и.т.н. но ти велиш дека само Албанецот бил измачен и бил вечита жртва а останатите(т.е. Македонците) живееле ко кралеви и се им било дадено на тацна од државата, земја, имот, парите цветале на дрвјата, наместо камења и трева во дворовите имале злато, дијаманти па и нафта ... :tapp:
 
Имаме нова традиција дома а тоа е да пуштаме бојлер и машина за перење на алишта после 22 часот. Кој последен остане буден, тој да дочека да се наполни бојлерот или да заврши машината. Фала ти ЕВН за оваа нова традиција...

ТОА сине :icon_mrgr: Исто.
 
Единствен ручек на кој седнуваме сите четврорица на иста маса е во недела.
 
Викни некогаш навечер кога си сама за да имаш некоја традиција. Еве можеш да ме викаш секој вторник и петок на пример.


Инаку кај нас дома традиција е кога ќе се скараме секој од нас да ја лупне вратата колку што е можно посилно.

Сега демек да бидам и јас фраерка колку што си ти фраер за да си парираме,треба да напишам....Не ,,правам,,традиции со секакви.Да правев секоја минута би ми била традиционална :icon_mrgr:
Ама сепак признавам,поголем и недостижен фраер си.
Се извинувам за офф топик.
 
Сега демек да бидам и јас фраерка колку што си ти фраер за да си парираме,треба да напишам....Не ,,правам,,традиции со секакви.Да правев секоја минута би ми била традиционална
Ама сепак признавам,поголем и недостижен фраер си.
Се извинувам за офф топик.

Не не не, за да испадниш и ти фраерка ќе го поканиш на пример вечерва по шо е петок и утре ќе ни кажиш шо било и како било .:icon_mrgr:
 
Нема врска Приратик, остави тоа за друга тема, ја уништуваме темава, не знам и јас што се вовлеков во таква дискусија, ме влечеа за јазик....

Подобро речи те фатија во лаги кои сакаш да ги пласираш прикажуваќи се како маченик на едно време... Не знам ни колкав си , ни од кај си ама знам дека си ги прескокнал лекциите од пост воена историја на Македонија и балканот кога веќе традиционално во домашни услови ти била сервирана една друга вистина за овие простори... Знаеш, сите како 2-3 годишни деца не лажеле дека дедо мраз постои и ќе ни дде нешто за нова година арно ама кога потпораснуваме сваќаме дека тоа е само приказна за мали деца... изгледа сеуште живееш во твоите приказни за жал...

Инаку фамијарна традиција :( која не памтам дека сум ја пропуштил повеќе од 3 пати за моиве 31 година... Одење на гробишта во селската црква Св.Тројца неделата за ручек време на Духовден... Таму на тој истиот гроб каде е закопан дедо ми па чичко ми па баба ми а сега и татко ми ...
 
Нема врска Приратик, остави тоа за друга тема, ја уништуваме темава, не знам и јас што се вовлеков во таква дискусија, ме влечеа за јазик....

Ваква срцедрапајуча прича одамна немам прочитано. Солзи сами ми капат.
Дај не оноди бре...:cautious: Еднаш ја имам спомнато причата за еден од вашите што работеше во фирма со татко ми. Грд беше како лопов, тврдеше дека во Југославија не можел да си фати женска зашто бил репресиран. Твојава жалопојка неодоливо ме потсеќа на него. Не ти текнало дека има и еден куп Македонци по селата кои едвај една соба скрпиле? Не бе брат, само вие сте репресирани и све ви фали нешто. Аман веќе, на една тема да не цимолите, бетер сте од маалски баби со реума.
 
Имавме една традиција додека баба ми беше жива да се собереме двете семејства на семеен ручек еднаш во 2 недели а понекогаш и зачестуваше. Сега иако често ги гледам истите роднини (попладнињата некогаш тркнувам со татко ми натака), ручеците се ретки. Имаме собири околу нови години, после одмори и родендени, но тоа е веќе стандард.
Летувањата секогаш ги делиме по пола време, ние во јули, тие во август на истата куќа.

Една дешавка е истотака со другарчињата секогаш 2-3 дена после одмори коа ќе се добереме, да фатиме џадето за Матка и после тоа пеш до пештерите.
 
Ајде уште една заедничка традиција да споменам правење ајвар и зимница во Септември, се ближи па да ве потсетам :D
 
Кај нас дома покрај меѓу бројните традиции што останале, најнова е врзување и на ѕид :pipi:
 
1ви Јануари, без разлика колку на некој му се спие, до кога заглавил ноќта на прославата и слично, оди на ручек кај баба и дедо :). Се собираме две фамилии и баба обавезно ја полни целата трпеза и се лути ако некој не проба/изеде нешто :).
На Велигден, идеме повторно двете фамилии кај баба и дедо но овој пат во село, во природа. Порано преспивавме пошо се начукувавме сите до еден :icon_lol:, но како што растеме јас, сестра ми, братучетка ми и братучед ми, им откажуваме љубов на постариве и се враќаме порано дома :)).
За правење зимница никој не смее да откаже.Tоа е уште еден семеен собир, повторно во село, каде што секој си ја знае својата работа. Жениве ќе се собереме сите во кругче и ќе лупиме пиперки (кои тато и тетин претходно ги испекле) правејќи муабет, а потоа дедо и братучед ми ќе ги измелат и испржат во огромен казан :).
Знаеме и спонтано да се собереме во село за ручек, мцкајќи скара и омиленото мое лепче, месено од баба а печено од дедо на вршник :). Традиција ни е исто стално да се расправаме на ваквите собири со баба, која не седнува на маса се додека не не' види сите како јадеме и пиеме :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom