@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Секое семејство со време создава свои традиции, правила и ритуали. Тие ги обединуваат луѓето , го оживнуваат семејството , ги збогатуваат и обединуваат членовите . Имено, секојдневните заеднички ритуали и семејни правила го прават семејството едно топло прибежиште од социјалниот свет.
Тоа не мора да значи дека треба нешто грандиозно да биде (ко на пример секоја година целото семејство да го освојува Еверест ) туку обични работи со кои едно семејство го живее секој ден.
Семејни традиции како дејства кои членовите на семејството заедно повторуваат одново и одново една ситуација -на пример за викенд цело семејство ( или едно друштво) да оди во природа - што е еден мал но пријатен ритуал.
Или љубовта кон спортот- каде секој се занимава со својот омилен вид- дали базен, аеробик, латински танци, теретана..... и важното што за него секогаш наоѓаат време
Кај мене - како главна семејна традиција е неделниот семеен ручек - (разговори над големата трпеза ко што милуваше да каже дедо ми ) собрани неколку генерации што создава една посебна атмосфера -и тоа некако не’ исполнува - не ни преставува никаква обврска, ни’ дава чувство на сплотеност, исполнето со весели моменти - и на некој начин дава сила, увереност или незнам како да го наречам поинаку - но се’ ми оди кон тоа да кажам дека “ заедно сме посилни и можеме се’„ и дека не постојат тешки моменти -проблеми од и за кои нема излез .Никогаш ручекот не е само ручек- понекогаш се продолжува и преоѓа и во вечера , па може да се случи и да се запее , да се заигра ....
Уште една традиција на моите- додека бевме мали одевме сите на одмор и тоа никогаш во иста држава ,но откако ќе се вратевме, после неколку дена одеа повторно мајка ми и татко ми ама сами ( без децата
) ама откако потпораснавме и јас и сестра ми и секој си одеше засебно - одморот беше буквално само нивен , ама изгледа и тоа прејде во традиција кај сестра ми па тие истото го практикуваат - си тераат по два летни одмора
Има ли вашето семејство свои традиции - и што на пример