Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Колку ја платиле ѓупката од Trance бе луѓе ? :eek:


Колку и да е, малку е. :rolleyes:

Одличен филм е Goodfellas,ама ми смета кога ќе прочитам дека е подобар од Кум.

Се подразмслив. Се додека не ти го прочитав јузернејмот. И се додека не видов кој ти турил лајк. :rolleyes:
 
На интервју со Џеј Лено не кажа колку и платиле, само дека најтешко и било за време на депилацијата :)


не сум го гледал Clerks 2 затоа што не сакам комедии ама топ комент е закон
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Доволно е да ти кажам дека пред 1 година го гледав Хенговер 1 :), тоа е последната комедија што сум ја гледал
 
Доволно е да ти кажам дека пред 1 година го гледав Хенговер 1 :), тоа е последната комедија што сум ја гледал
а овој комедија хорор жанрот, црн хумор некои филмови што имаат, како Tucker and Dale vs Evil , после од Сајмон Пег имаш екстра такви комедии на „високо“ ниво да ги наречам. Ги викам така зошто нема тинејџерски голотии и бљувотини, како на пример How to lose friends & alienate people, Hot Fuzz, Run fatboy, run, Big Nothing со Дејвид Швимер исто така....разгледај ги :)
 
Демек комедии што само паметни луѓе се смеат?

Нема везе тоа, без разлика од хуморот има добра и лоша комедија.

Мене Hot Fuzz ми е најдобар од овие тука дефинитивно добар и како комедија и како филм, дефинитивно вреди да се погледне, можеби најдобар комедија филм во последниве неколку години (дури можам да кажам најдобар декадава) :)

А Hangover за мене немаше ни К од комедија.
 
Се подразмслив. Се додека не ти го прочитав јузернејмот. И се додека не видов кој ти турил лајк. :rolleyes:
И што имаше толку добро во Транс?
Разбирам зошто Розарио вика дека било важно за филмот да се соблече...

Што ве тркалам. :P
 
Hot Fuzz нешто во стилот на Bad Boys ?

Ми се допагаат комедиите на Џим Кери (повеќето) Лажго, Лажго ја имам гледано 50 пати можеби. Зборев за новата продукција комедии во последните години не ги гледам. Се фатија сите на возот со комедии бидејќи ги прават за 5 милиони а заработуваат стотици.

Посебно ги мразам филмовите со Адам Сендлер!
 
Демек комедии што само паметни луѓе се смеат?

Нема везе тоа, без разлика од хуморот има добра и лоша комедија.

Мене Hot Fuzz ми е најдобар од овие тука дефинитивно добар и како комедија и како филм, дефинитивно вреди да се погледне, можеби најдобар комедија филм во последниве неколку години (дури можам да кажам најдобар декадава) :)

А Hangover за мене немаше ни К од комедија.
не бе паметни само што се смеат, туку лично мене не ми се смешни тие со тинејџерски глупости, пијанчење, забави на грчки братства. Ми беа смешни во седмо одделение негде. Ваљда и возраста си го прави своето.
 
Hot Fuzz нешто во стилот на Bad Boys ?

Ми се допагаат комедиите на Џим Кери (повеќето) Лажго, Лажго ја имам гледано 50 пати можеби. Зборев за новата продукција комедии во последните години не ги гледам. Се фатија сите на возот со комедии бидејќи ги прават за 5 милиони а заработуваат стотици.

Посебно ги мразам филмовите со Адам Сендлер!
Нема врска Hot Fuzz со Bad Boys, многу оригинален британски филм кој ќе си го упропастиш со спојлери ако се распрашуваш. Штом мразиш филмови со Адам Сандлер би требало да го сакаш Хот Фаз.
 
Iron Man 3 - најсрање филм ќе биде, нема ни да му дадам шанса, претходните два дела толку ме изнервираа што има да го хејтам доживотно. Не дека нешто ќе се смени во 3кава ама ајде нека лапаат пари, ќе се ложат дечињата. :icon_lol:

Иначе го има некој гледано North by Northwest 1959 од Алфред Хичкок да каже 2-3 збора за филмчево? :)
 
Иначе го има некој гледано North by Northwest 1959 од Алфред Хичкок да каже 2-3 збора за филмчево? :)

Мене North by Northwest ми е еден од омилените филмови на Хичкок. Можеби само Vertigo ми е поубав од него. Јас би го препорачал на секого затоа што е од оние убави филмови кои ги гледаш одново и одново, а како да ги гледаш ко прв пат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom