Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.mkd.mk/sport/fudbal/navi...aa-so-zaplenetoto-zname-komiti-zbesnaa-foto#1

1069323_606839339361014_141663638_n.jpg

553375_606839329361015_454272256_n.jpg

Освен националното знаме другите ни биле запленети од полицијата заедно со кореографијата, но после биле вратени. Двајцата се уапсени ради палење бакљи...
Повеќе нека каже некој што присуствувал :)

Не дозволија да се внесат трансовите и паролите бидејќи прво требало да бидат најавени и одобрени од УЕФА или Стеауа.
 
Ај од мене еден мал извештај за Букурешт.

Како и што беше најавено собирот беше во 1 саат, а се очекуваше да тргнеме во 3, но сепак закаснивме пола саат но тргнавме. Атмосферата беше на високо ниво уште пред тргнување сите загреани со алкохол со песна и со дружба наполнивме 4 буса, 2 комбиња и 2 коли кои тргнале покасно. Песни се пееа се урлаше екипата спремна алкохол во неумерени количини :D И секако секој бус си има приказни за издвојување но некои не се за во јавност. Во бусот каде што бев посебно за издвојување беше тоа кога дознавме дека еден тип од Драчево место неговиот пасош го земал на мајка му. Па така бевме приморани пола саат да чекаме да му го донесе некој и затоа доцневме за разлика од другите. Бидна што бидна стасавме на граница, таму комедии. Во другиот бус еден тип камен пијан не знае кај се наоѓа се исповратил од глава до пети.

Влеговме во Блгарска сите расположени сите пеат пијат едно друго сите чекаат некој напад кај Софија со оглед на тоа што навивачите на ЦСКА Софија се збратимени со навивачите на Стеауа, али ништи од тоа. Веќе заморот се чуствуваше, а бевме само на пола пат. Некако изгуравме до граница иако имавме дополнително тормозење од шоферите кои го утнаа патот па кружевме низ цела Софија и изгубивме саат и пол. Али не се изгубивме само ние туку секој можен автобус. Стигнавме некако и на Романска граница таму веќе еден бус беше стигнат па ги сретнавме и нив и ги чекавме останатите за да можеме да продолжиме во Букурешт со полициска придружба. Стигаа и останатите после 2 саати чекање се сликнавме испеавме песни и тргнавме. Камионџиите на граница и околните коли се чудеа што се случува и зошто толкава гужва. Како што тргнавме пратња до самиот стадион организирана на високо ниво нешто за што нашиве џандари сонуваат. Морам да напоменам не само што Скопје е Сан Франциско, Амстердам, Лас Вегас, Њујорк и не знам кој уште за Букурешт туку исто е и за пола ако не и цела Бугарија. Мизерија се од држави и народ.

Во Букурешт како што влеговме сите очекувавме некој напад али ништо се беа обични цигани напалени кои покажуваа само средни прстови. Се истоваривме пред стадион на само пола саат пред утакмица. Се запали една бакља и пп апрата и не обиколија за нецели 2 минути желките нивни т.е. жандермеријата и редарите. Камери од сите страни снимаат, и ни кажуваат дека треба карта 4 евра сите да си платиме. Секој имаше разни реакции некој за некој против, по што дојде секретарот на Вардар да ни ја објасни ситуацијата, а кутриот пред 200 камери беше пцуен, вреѓан му се закануваа готов беше да заплаче. Ама кој ги ебе цела управа беше ставот на мнозинството си плативме карти ни ги донесоа и уште едно малтретирање, мора во групи 10 по 10 да идеме накај стадион. Како што пуштаат група од 10 души таа е претресувана од 4 колони редари. Четири пати те претресуваат детално и патики и се да соблечеш. Овде метална паричка мислам никој не прошверцува, а не пак нешто друго. Тоа беше претрес на околу 300 метри од стадион. Како што дојдовме пред стадион очекувајќи да влеземе тука уште 2 контроли на редар една и метален дектектор.

Бидна што бидна влеговме, арно ама знамињата и паролите не ни дадоа да ги внесеме со образложение дека знамињата треба да се пријават така што управата на Вардар ќе ги слика и да ги пријави па останавме без нив. Се внесе она малото на УГЕ и националното. Да напоменам дека член на УГЕ допатува со авион до Скопје, а не до Букурешт бидејќи сакаше со нас да биде по пат, иако после патот верувам дека се каеше и никогаш нема да дојде со нас :D Таму се придружи уште еден член на УГЕ.

Сите уморени влеговме некој 2 групи од 20 души по што имаше провокација и на само 50 метра улетаа некој типци и провоцираа со грчко знаме по што им се пуштивме ама избегаа, а полицијата одма се нацрта тука. Почна навивањето и стадионот беше затворен па и да се кивнеше се слушаше. Интересно беше што кога они почнаа да урлаат цел стадион ние уште толку добивме енергија и да бевме бар уште 200 слободно можам да кажам дека ќе ги измочавме во навивање. Атмосферата опаѓаше поради уморот, а и резултатот си го направи своето. Се пееа разни песни, па на крај се скандираше за Македонија, за управата и УЕАФА мафија секако.

По завршувањето на утакмицата автобусите не чекаа пред самиот стадион како што искочивме жандермерија преку 200 ги имаше ако не и дупло повеќе огромна организација имаше полицијата што не очекував искрено. Како што влеговме кој јадеше кој пиеше и како поминавме граница и влеговме во Бугарија сите легнаа да спијат и речиси на 100 километри пред граница се разбудивме сите и тоа е тоа ништо посебно немаше за назад.
 
Дали ова значи дека Комити не постојат повеќе?

Тука се бе, идат Тетово, Боговиње, Кичево сеа и во новава сезона во Гостивар таман почесто да не гледате :)

Иначе такво правило повеќе е за главен транспарент, а не транс кој е одземен илјада и кусур километри во гостинска сала.
--- надополнето: 17 јули 2013 во 22:49 ---
http://i2.ytimg.com/vi/1G0SimSn4RQ/maxresdefault.jpg

Обрни внимание на главниот транспарент Комити Скопје.
 
ај другарите од шверцери нека кажат што им се задесило денеска во автокоманда :)
 
Ударниот и најстар транспарент на Комити (по кој добија инспирација во 1987 да се викаат Комити) падна уште во далечната 2006 год. на ракометна четврт-финална утакмица од Челинџ купот. Овај транс, инаку познат кај постарите Комити како „Кожити“ (заради сличноста на буквата М од трансот, со Ж) бил единствен на оградата на Запад, на утакмицата Вардар - Ц. Звезда во 1987 год. кога започна организираното навивање на Градски под името „Комити“.

28322_104005156311762_2689574_n.jpg

Така да според правилата на Ултрас движењата во светот, доколку една тифо група или подгрупа го изгуби ударниот „главниот“ транспарент треба да се расформира и да се формира под друго име. Во Македонија таков случај имаше со една подгрупа на Чкембари која го изгуби трансот во Скопје и престана да постои!

1932801685_foto.jpg

--- надополнето: 17 јули 2013 во 23:06 ---
Иначе такво правило повеќе е за главен транспарент, а не транс кој е одземен илјада и кусур километри во гостинска сала.
--- надополнето: 17 јули 2013 во 22:49 ---
http://i2.ytimg.com/vi/1G0SimSn4RQ/maxresdefault.jpg

Обрни внимание на главниот транспарент Комити Скопје.

Тој транспарент е направен по повод 20 год. Комити и 60 год. ФК Вардар во 2007 год. и од тогаш е главен, така да нема врска муабетот. Ако не постоеше овај транспарент кој е сега во навивачите на Стеауа, прашање е дали денес ќе постоеше навивачка група со име Комити!
 
Тој транспарент е направен по повод 20 год. Комити и 60 год. ФК Вардар во 2007 год. и од тогаш е главен, така да нема врска муабетот.

Го земав за пример зашто во тој случај на сликата тој е поставен како главен и ударен транспарент.

А што праиме со ситацијата дека до 2006 Комити веќе имаат друг главен транс или користат различни поголеми главни трансови?
 
Користеле и поголеми, точно, како на пример „Вардар во срце те носам“ ама и тој падна од Шверцери, не се мешам дали на фер или не фер начин, тоа сами ќе си расчистите. Но треба да правиш разлика меѓу голем транспарент и ударен. Транспарентот „Кожити“ беше истакнат на секоја утакмица дома и на гости, додека другите транспаренти ја немаа таа чест, зошто не беа најстари и не беа главни транспаренти! Ова можам и со мал милион слики да ти го потврдам.
 
Точно е, КоЖити бил секогаш еден од поглавните транспаренти, барем на почетокот па со тек на време иако се правеле помодерни трансови, сепак овој си имал голема тежина ради староста :D
Јас па се мислев дека само од Комити Маџар маало ни имаа скинато дел, ама греша сум бил.

Вардар во срце те носам е далеку од главен транс, а Шверцери имаат скинато делче од јужната трибина на неколку метри од нив, а на 100 метри далеку од Комити...
 
Тука се бе, идат Тетово, Боговиње, Кичево сеа и во новава сезона во Гостивар таман почесто да не гледате :)

Иначе такво правило повеќе е за главен транспарент, а не транс кој е одземен илјада и кусур километри во гостинска сала.
--- надополнето: 17 јули 2013 во 22:49 ---
http://i2.ytimg.com/vi/1G0SimSn4RQ/maxresdefault.jpg

Обрни внимание на главниот транспарент Комити Скопје.

Тука се , но изгледа се распуштени во навивачки смисол.

Дали е 10м2 или 100м2 , тоа е сеедно, тој транс го имаш на трибина во сезоната 1994/95 (документирано со слики), го имаш и во сите сезони, дома и надвор.
Тоа е уште погорчливо за една навивачка група, земен им е олдтајмерот.

Само ме интересира како им е паднат, пошѕо овдека има случаи кога им се зима при транспорт надвор од стадионот (кога им е доверен на неколкумина неискусни млади момци- Фаланга така се оправдуваа нели) или пак украден од просториите на стадионот.
 
Точно е, КоЖити бил секогаш еден од поглавните транспаренти, барем на почетокот па со тек на време иако се правеле помодерни трансови, сепак овој си имал голема тежина ради староста :D
Јас па се мислев дека само од Комити Маџар маало ни имаа скинато дел, ама греша сум бил.

Вардар во срце те носам е далеку од главен транс, а Шверцери имаат скинато делче од јужната трибина на неколку метри од нив, а на 100 метри далеку од Комити...

Исто така, по одземањето на транспарентот КоЖити, навивачите на Поли Тимисоара ги „запрашаа“ навивачите на Стеауа - Зошто не отидете во Скопје, ако не се плашите? (Не е буквален превод, ама пораката е таа). ОВА ВРЕДИ ДА СЕ СПОМЕНЕ!

1010321_10200248367036115_1454906322_n.jpg
 
^ Со каква гордост го украдовте транспарентот кога немавте храброст (да не се изразам лошо) да отидете во Скопје?!

Колку што имам разбрано, не ме држи за збор. :)
 
Интересна ситуација било далечната 2006, неколку илјадна домашна публика, педесетина комити и тројца полицајци.
 
^ Со каква гордост го украдовте транспарентот кога немавте храброст (да не се изразам лошо) да отидете во Скопје?!

Колку што имам разбрано, не ме држи за збор. :)

Transparentot e otvoren naopaku :) Kako e zemen ne e vazno ( toa e vas problem sto gi ''zaboravate'' ). Kakvo opravdanie sodrzi parolata na navivacite na Poli Timisoara? Kolku poveke se potruduvate da ja pokriete ''greskata'' tolku poveke iskaca na vidlivo neserioznosta na vasata grupa.

Ps : На кожитите и војводите нека им се вратат транспарентите :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom