Е добро бе луѓе тоа е можно решение за проблемот со пренаселеност на Скопје. Ова може да помогне и во зголемување на стандардот. Платите ќе се покачат. Досега нискиот просек го држат токму луѓето кои доаѓаат од провинција кои прифаќаат да работат за 8000 денари.
A си видел колкава е платата во другите градови во македонија?
Не сакав да пишувам на темава али стварно ме фаќа нервоза кога гледам да тресите глупости.
Читав неколку коментари и читам дека полесно било да купи “провинцијалец“ стан во Скопје откако скопјанец, ако ги продаел нивите. Абе луѓе дали има некој во тие провинциите кој е толку ненормален од кеф да продаде се што има, што е печалено со поколенија за да купи еден мочан стан во скопје и да се затвори во него како во кафез. Тоа е поради глупавата политика на нашиве политичари и што сите средства се вложуваат во славното Скопје кое еден ден има да биде срамнето пак до земја како 1963 и пак ќе го јадиме стапот ние од останатите градови и пак ќе го градиме. Поради вакви размислувања како вашите и грци и сите со ред не прават будали и не нарекуваат република скопје и тн. Имам колеги и другари скопјани кои ги почитувам али почитувам само ако не се влезени во тој скопски филм. На факултет ако ние провинцијалците сме глупи и смотани незнам тогаш зошто од 15 скопјани кои се запишани од 60 души се на се едвај еден има надеж да заврши во рокот, дали до толку се интелигентни па си го ладат незнам стварно. Стварно ме иритираат и батки со та фразата мочана “абе пеер“, чекај бре која фраза е ова и со кое право ме сретнал 2 пати во живот и ми употребува некоја ваква фраза. Најголеми скопјани пак кога се прават дечки од Зелениково, Драчево, Волково и да не ги редам места од кои побавно ќе стигне до центар од дома откако јас од прилеп, места од каде со воз одат до скопје. Не летајте дечки, свесни се сите дека колку повеќе се доселуваат од другите градови ќе паѓа платата и во Скопје али редно е и таму да се види малку мака, јас откако се знам за човек работам како вол дома и мојте одат на работа за 100 евра плата и не осигурани, а во “метрополата“ една обична чистачка зема 15 000 минимум плата. Чекај бе во иста држава сме? Попаметни се овие тука, поубави што е работата. До 25 години незнаат што е работа па нека падне платата и таму да се свести народ. Слушам на една од телевизиите на утринските програми пред неколку месеци се јавуваат луѓе од скопје на тема за тутунарите каде се изјаснуваат дека субвенциите на тутунарите ни биле даени од нивните плати

. Чекајте бе дали сте свесни колкави суми влегуваат во буџетот на државата од тоа земјоделие, колку од тие плати кои се делат се од тие пари, а не тие нас ни одделиле, епа дојдете садете и вие, ние ќе одиме на работа и ќе одделуваме за вас субвенции да видите колку е лесно .....
Немам ништо лично кон ниеден град, али од прост народ кој не одбира од носот подалеку и главата ја носи само за стрижење ме фаќа нервоза, затоа немаме држава и нема ни да имаме, поради што самите си ги вадиме очите меѓу себе, а “браќата“ се држат и од косово и албанија ни се доселија тука и жените ни ги земаат од што сме паметни.