Добро, што толку се возбудувате?
Прво и прво очигледно е дека Скопје е главен град, најуреден, најголем, во него најмногу се инвестира, има нешто повисоки плати од другите места низ Мк, има повеќе работни места итн, и нормално е поголем број на луѓе да се доселуваат во Скопје отколку во Кочани на пример. Скопје во Мк е најразвиен град, а другите места се провинции, и не гледам шо има да се лутите тука. Не е само кај нас така, скоро секаде во светот е така, има развиени градови како што има и провинции. Е сега, ваше е да одлучите кај сакате да живеете, никој не ви брани да живеете во Скопје, секако дека и во Скопје има неписмени луѓе на кои се и сешто им пречи па така и провинцијлците, ама не би требало тоа некој да го засега доколку се одлучи да се пресели во Скопје, но нема потреба да плукате по Скопје и скопјани.