"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум од Белград !
Јас сум Бог за сите вас !
...........................................

Сите сте глупи, и имате минус во мојот тефтер !

Фалачаопријатно!
 
Добро, што толку се возбудувате?
Прво и прво очигледно е дека Скопје е главен град, најуреден, најголем, во него најмногу се инвестира, има нешто повисоки плати од другите места низ Мк, има повеќе работни места итн, и нормално е поголем број на луѓе да се доселуваат во Скопје отколку во Кочани на пример. Скопје во Мк е најразвиен град, а другите места се провинции, и не гледам шо има да се лутите тука. Не е само кај нас така, скоро секаде во светот е така, има развиени градови како што има и провинции. Е сега, ваше е да одлучите кај сакате да живеете, никој не ви брани да живеете во Скопје, секако дека и во Скопје има неписмени луѓе на кои се и сешто им пречи па така и провинцијлците, ама не би требало тоа некој да го засега доколку се одлучи да се пресели во Скопје, но нема потреба да плукате по Скопје и скопјани.
 
"Вие, студентките од провинција, се знае зошто идете во Скопје, не оти ви се учи многу, туку да си најдете некој дечко тука и да си се омажите и да си останете тука во Скопје!" - цитат од професорката по социологија на факс!


Сериозно? На предавање си го рекла ова? :pos:

Трагикомедии. Професионализам на ниво. Може ПМС бил во прашање. :D
 
Како припадник на ариевската раса можам да потврдам дека кога скопјаните какаат мириса на љубичици.
Што сакате правете, ако не сте родени во центарот на Скопје, никогаш нема после вас во wc да мириса на љубичици!

Irl, што очекувате, кај да се доселуваат луѓето кога се инвестира само во Скопје? Во Крива Паланка или Македонски Брод?
И што се правите многу скопјани, демек тоа ви е Богом дано право да се правите фраери, па сега сте поарни од луѓето што не се родени во Скопје, а плукате по улица и пафтате чаршави низ прозор? Пффф... Дајте малце пореално. Во било која поразвиена земја не постои град кој е населен исклучиво од луѓе кои се родени таму. Нормално е луѓето да мигрираат. Не е во волкав број, ама кај нас кога не постојат услови за живеење во селата и помалите места и тие се' повеќе замираат, што да прават луѓето.
 
не бе воопшто не ми беше целта некого го понижувам, не знам каде ти тоа го забележа или самобендисаноста ви го блокира мозокот па не сте во можност ни да сфатите што се пишува, а за аргументитиете, ти немаш никакви аргументи другар, па не мора бе вие да пагате на провинцијалки или провинцијалци, па првинцијалките да не ве силуваат и ве мажат на сила. Од друга страна викаш провинцијалци не било во смисла на географија туку според размислувања и слично иако тоа ви е главно, ама ајде и така нека биде, ако толку ви сметаат провинцијалците, што не се иселите во тоа селата од каде што се доселие вашите предци па таму живеете со вашите поинакви сваќања, барем никој нема да ви смета.
Сакате да живеете во главен центар, сите пари да доагале таму ама да немало дошлаци, па вие бре не сте токму бе на паметот, каде го има тоа, па баш ако беше излезен и шетан како што тука се парталиш ке видеше дека такво нешто нема бе, сите светски центри се исти,не е само Скопје случај, не 2000 луге годишно туку по толку дневно се доселуваат.

значи не ги извртувај работите, баш поради тоа што немаш аргументи сега тука ќе ме правиш мене дека имам нешто против провинцијалците? Јас ти кажав убаво, немам ништо против оние кои чесно и работат, но имам против оние кои по секоја цена остануваат и токму преку такви мажачки/женачки и слично. А според ова што го коментираш се гледа дека ти си тој што нажалост ги има тие комплекси дека е од помало место па сега сакаш да ги лечиш преку ваквите дискусии. И немој да ми кажуваш како било во Америка или Европа како сите се доселувале таму, тоа е точно ама ти рачунаш ли на фактот што таму имаат недостиг на работна сила, а тука ние сме 30 % и повеќе невработеност? Мешаш баби и жаби со муабетиве ама тоа е ти се видоа комплексите на крај.
 
НИ е криво?
Мене ич не ми е, за другите, нека си зборат во свое име. ;)
--- надополнето: 16 јули 2013 во 03:17 ---



А ова е типичното цмиздрење.
Јас не те нападнав никако, ни тебе, ни кој било друг.
--- надополнето: 16 јули 2013 во 03:19 ---


Nope.
Секој има право на свое мислење.
И јас го имам. Ама не палам луѓе оти ми сметаат.

На кој му е арно, нека си седи. На кој не му е, ич не мора да седи.
И така.
Хах сигурно не ти е криво.
Индиректно нападна, па сега пишуваш дека никого не си нападнала.
Убаво ти пишаа Multiple Personality Disorder , секое лице се појавува во завинсост од мислењето на повеќето, но сепак она вистинското понекогаш си го изрази тоа што го мисли само не смее од другите лица да биде подиректно туку во "помека" форма.

But hey , тоа е мое мислење кое незначи дека е точно.
 
НИ е криво?
Мене ич не ми е, за другите, нека си зборат во свое име. ;)
--- надополнето: 16 јули 2013 во 03:17 ---



А ова е типичното цмиздрење.
Јас не те нападнав никако, ни тебе, ни кој било друг.
--- надополнето: 16 јули 2013 во 03:19 ---


Nope.
Секој има право на свое мислење.
И јас го имам. Ама не палам луѓе оти ми сметаат.

На кој му е арно, нека си седи. На кој не му е, ич не мора да седи.
И така.



Кога веќе се впушташ во дискусија, треба да се потрудиш да напишиш повеќе од 2 реченици од кои едната е проста, другата просто проширена, или толку е капацитетот ?
И после зошто ни ги земаат местата.
 
Ај една сериозна реплика.

Зошто, о, зошто на Скопјаните им смета што девојки од други градови дошле и се мажиле во Скопје, додека студирале? Ајде еве да речеме дека дошле и со намера само колку да се оженат во Скопје. И !? Зошто се нервозни Скопјаните?

Јеби га, комплекси и од Скопјаните и од другите....

П.С. Ај младите ќе ги разберам им врие крвта, нешто покушаваат да се докажат дека се над другите, дали преку тоа дека се од Скопје, дали за кој тим навиваат итн. НО, Анчо бе ! Абе дедо си! Како може уште да си искомплексиран !?
 
U Aerodrom se gradat novi zgradi na veliko...sekoj den se doseluvaat novi faci...gi slusham kopiljacive u maalo: abe brat provincijalci, debili, seljachaana ispoprodale nivite...
Vikam kuti bolje oni nego shponovi da ni se doselat...kako stojat rabotive zimi ovde gi nema...
Porano se smarav i mi smetaa dijalektite i " debilite od provincija" ali sea gleam deka bash e top da imash na primer pichka od Ohrid- si prchish kaj nea u leto...od Strumica- stvarno najbolje se pleskaat...Ili od Veles- definitivno najgolemi cicki imaat...
Ako be neka idat samo sho ni fali ;)
 
Ајде и јас да се вмешам.
Прво, се збореше нешто за продавање ниви, купување станови во Скопје и слично. Епа драги мои Скопјани, ако е некој од „провинција“ не значи автоматски дека има ниви, добиток и слично. Јас на пример би била среќна кога моите би имале ниви и добиток и било што друго што би ги зголемило нашите приходи, наместо мизерната плата која едвај ги покрива основните трошоци на семејството, а да не зборам за моите и студиите на сестра ми. Некој може ќе праша што барам во Скопје штом моите едвај можат да си дозволат да ме школуваат. Одговорот е - затоа што сакам некогаш јас да сум во состојба да им пружам на моите деца подобар живот од оној што јас сум го имала. И не, тоа не подразбира мажачка во Скопје. Тоа подразбира дека сакам да си го завршам факултетот и да си најдам добра работа. Најверојатно таа работа ќе биде во Скопје, не затоа што сакам да останам засекогаш во „метрополата“, туку од единствена причина што во моето градче тешко можеш да најдеш работно место што не подразбира работник во фабрика, продавач или келнер. Не велам дека тие работни места не се за луѓе, но ете јас знам дека можам повеќе. И ќе се борам за тоа повеќе. И во првата можна прилика што ќе ми се укаже да најдам соодветна добро платена работа во местото каде сум се родила и пораснала,со трчање ќе се вратам. Но дотогаш драги мои, ќе останам во вашето ценето Скопје, ќе ги трпам вашите навреди и погрдни зборови, ќе го слушате мојот дијалект низ вашите улици и кафичи, ќе се жалите дека дишам од вашиот воздух и дека зафаќам од вашите квадратни метри. И знаете што? Не ми е гајле. Јас најдобро знам зошто сум тука и не дозволувам вашите предрасуди да ме поколебаат или да направат да се чувствувам помалку вредна само затоа што не сум ја имала честа да се родам во Скопје, макар моите биле од некое село.
И не, не ги карактеризирам сите Скопјани како вакви или онакви. Јас лично немам проблем со Скопјани (ако они имаат проблем со мене, тоа е друга работа). Во овие шест години поминати во Скопје, ниту еднаш не сум била наречена провинцијалка, селанка или било што во тој контекст, освен еве сега на форумов (можеби јас сум избирала да се дружам со поцивилизирани луѓе). Сум се дружела и со Скопјани и со не-Скопјани и никогаш не сум ги категоризирала луѓето според тоа од кај се. Имало и такви кои ме сметале за сестра, имало и онакви кои ме гледаат од високо. И на едните и на другите сум им благодарна. На првите затоа што знаеле да ме ценат заради тоа што сум, а не заради тоа од каде доаѓам, а на вторите затоа што ме направиле поцврста и уште поодлучна да успеам.
Ајде поздрав, отидов да ги измолзам кравите :)
 
А скопјанките кои се мажат за богати провинцијалци како ги викаат?
Пасторалки, ренесанки?
 
Нема потреба од генерализација. Дури и за геноцид секогаш се суди индивидуа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom