"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Мене друго ме интересира. Дали јас како Битолчанец спаѓам во провинцијалци, или тој термин е само за луѓето од помалите гратчиња во Македонија?

Чисто информативно, да знам дали и јас да псујам по провинцијалците или не?

:)

Да, се што е надвор од Скопје го викаат провинција!
 
Ова стварно више нема смисла.
Се напуни градот со сељачана а.к.а. провинцијалци. Да не можеш на раат да јадеш, еј.
Златна симит-погача најјак специјалитет на свет. Ради нив градот на кромид ни засмрде. У секоја сендвичара веќе почнаа кромиди да се дробат. На кечап и мајонез не можат да се најадат, ко никад да не виделе у живот.
По млечниве ресторани само бурек јадат.. Не слушнале за симит-погача најјакиот скопски рецепт на сите времиња. Го нема ни у Виена, ни у Истанбул.
Провинцијата не пребира шо јаде, нема култура на јадење. По цели денови готват овчјо месо, па купус... Купус манџа, одврат, бљак. Купус е само за салата. Вистински Скопјанец не би го јадел никад нивното јадење.
Златна симит-погача. Институција.
Возат ко ретардирани со 80 на саат низ градот. Абе ние немаме време да ве чекаме бе алоо, селооо, не одиш на нива со коњот.
Цело Кичево се пресели у Скупје. Ко камелеони се станати. Глумат нешто култура демек нема да ги познаеш. Ве знаеме бе, ропаци. Може све ќе научите ама да скијате нема никогаш. Тоа ти е вроден скопски талент. Зимски одмор на скијање - скопски стандард.
Симит-погача, брат. Поим за јадење. Шо разбира провинција од гурманство. Они мислат баница е тоа. Нема врска. Баница е провинциски.
 
Можеби решение за проблемот е да се зголемат цените на кириите и цените на имотот.
Друга идеја би било да оние кои престојуваат подолго од три месеци да им се наплаќа месечен данок за престој од 100 евра по лице. (студенти и вработени врие)
Плавите картони да им се праќаат дома. (додека уште има плави картони)
Вака и градот би имал ќар од доселеници а и веројатно би се намалил нивниот број и би се отворил поголем број на работни места за скопјани.
 
Шо збориш бе? Која рука те чеша?
 
Шо збориш бе? Која рука те чеша?

Само идеја што ми текна додека ја читав темава.
Ако не ти се допаѓа слободно кажи зошто или додај нешто?
Инаку искрено левава рака стварно ме чеша.
 
По цели денови готват овчјо месо, па купус... Купус манџа, одврат, бљак. Купус е само за салата. Вистински Скопјанец не би го јадел никад нивното јадење.

Извини така батка ама ако можеш да ми објасниш што е тоа купус? Во Македонскиот провинцијалски речник таков збор нема, најдов збор зелка ама купус не?
 
Готово, од денес мисија во животов ми е да се преселам во Скопје за внука ми да збори дека е стара скопјанка.

Од друга страна скопјани... пред да почне некој да го употребува зборот провинцијалец, во погрден контекст, нека се запраша кога тој или некој од неговите претци е дојден во Скопје. Најчесто после 63-та. Секоја чест на вистинските стари скопјани.

Зошто секоја чест на вистинските стари скопјани? Со што ја заслужиле честа? Со тоа што некој ги родил на едно место, а не на друго?

Добро, што толку се возбудувате?
Прво и прво очигледно е дека Скопје е главен град, најуреден, најголем, во него најмногу се инвестира, има нешто повисоки плати од другите места низ Мк, има повеќе работни места итн, и нормално е поголем број на луѓе да се доселуваат во Скопје отколку во Кочани на пример. Скопје во Мк е најразвиен град, а другите места се провинции, и не гледам шо има да се лутите тука. Не е само кај нас така, скоро секаде во светот е така, има развиени градови како што има и провинции. Е сега, ваше е да одлучите кај сакате да живеете, никој не ви брани да живеете во Скопје, секако дека и во Скопје има неписмени луѓе на кои се и сешто им пречи па така и провинцијлците, ама не би требало тоа некој да го засега доколку се одлучи да се пресели во Скопје, но нема потреба да плукате по Скопје и скопјани.
Абе озбилно го споредувате Скопје и Македонија со светот?? Грст земја сме, ама имало провинции и имало развиени градови.
Називот провинцијалец е code word за прост, глуп, заостанат, нееманципиран, необразован, нема сина крв, мајка му и татко му се печат на нива и.т.н.
Но зарем нема и Скопјани(без разлика дали од самиот град или од околината) кои поседуваат по некоја од овие особини !
Провинцијалец = личност што е од провинција.
Во никој случај не е синоним за прост, глуп. заостанат, итн., итн.
Тоа што ти го нарекуваш codeword за овие атрибутиве погоре може да е точно, ама во никој случај не е синоним.
Девојче, баш ме заболе кај си бил - не збориш на темава, делиш памет, играш симултанка тука, а на кромид смрдиш до овде.........нит ме знаеш-нит ме познаваш, ај не се р'чкај без потреба....
Па чекај на форум сме, не сме на фејсбук. Никој не треба да те знае за да те цитира.
 
Можеби решение за проблемот е да се зголемат цените на кириите и цените на имотот.
Друга идеја би било да оние кои престојуваат подолго од три месеци да им се наплаќа месечен данок за престој од 100 евра по лице. (студенти и вработени врие)
Плавите картони да им се праќаат дома. (додека уште има плави картони)
Вака и градот би имал ќар од доселеници а и веројатно би се намалил нивниот број и би се отворил поголем број на работни места за скопјани.

Омг данок за живеење во Скопје? Ахахахахахаххахахахахах ѕвер.
 
Ме насмеа жити све :), а за брачен пар кој се одселиле од провинција во ск 150евра малце попуст, дај извади од ракав усте некоја идеја брилијантно размислуваш, може нешто и ке запали, закон за провинцијалци може да се напише, мореее нема лабаво, тешко нас провинцијалците онда:).
 
Само идеја што ми текна додека ја читав темава.
Ако не ти се допаѓа слободно кажи зошто или додај нешто?
Инаку искрено левава рака стварно ме чеша.
Таа е за пари земање, сеќавам јас.
Данок велиш на провинција да ставиш? Провинциски данок. Паметно. Скупјаните да има каде да се вработат. Демек Скупје е нивно од џеб го изградија и имаат право сега данок за граѓанство да ставаат. Паметно.
 
Извини така батка ама ако можеш да ми објасниш што е тоа купус? Во Македонскиот провинцијалски речник таков збор нема, најдов збор зелка ама купус не?

Аман бре па ти толку ли не сфаќаш иронија.
 
Ставре, тоа ти е коа извесна нескопска особа свесно или подсвесно гори од желба да живее у Скопје.
Кога истата таа особа ќе дојде у Скопје ти е веќе тешка дијагноза - провинцијалец, кој со своите манири сака да „опраи“ нешто овде. Резултат - посрано Скопје и мртви други градови низ земјава.
Луѓе што чесно и поштено живеат и работат во своите села и градови и гледаат таму да си го напраат животот паметен, содржаен и забавен за мене не се провинцијалци.....

Значи, ако јас сега сакам да се преселам во Скопје, ќе станам провинцијалец?

Ако останам во Битола, тогаш сум ОК, а ако се преселам во Скопје, тогаш сум провинцијалец. Има логика. :unsure:

А дали ми е олеснителна околност фактот дека кога Битола пред еден век и повеќе била град, Скопје бил турска касаба? Барем малку помал провинцијалец да бидам од другите, ако може? :pipi:
 
Аман бре па ти толку ли не сфаќаш иронија.
Која иронија да ја сватам кога сите таканаречени Скопјани зборуваат половина Српски или пак оние што доаѓаат од Скопска Црна Гора а се представуваат како Скопјани и тие не знаат на кој дијалект зборуваат!
 
Омг данок за живеење во Скопје? Ахахахахахаххахахахахах ѕвер.

Ме насмеа жити све :), а за брачен пар кој се одселиле од провинција во ск 150евра малце попуст, дај извади од ракав усте некоја идеја брилијантно размислуваш, може нешто и ке запали, закон за провинцијалци може да се напише, мореее нема лабаво, тешко нас провинцијалците онда:).

Е добро бе луѓе тоа е можно решение за проблемот со пренаселеност на Скопје. Ова може да помогне и во зголемување на стандардот. Платите ќе се покачат. Досега нискиот просек го држат токму луѓето кои доаѓаат од провинција кои прифаќаат да работат за 8000 денари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom