"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
"Вие, студентките од провинција, се знае зошто идете во Скопје, не оти ви се учи многу, туку да си најдете некој дечко тука и да си се омажите и да си останете тука во Скопје!" - цитат од професорката по социологија на факс!
 
"Вие, студентките од провинција, се знае зошто идете во Скопје, не оти ви се учи многу, туку да си најдете некој дечко тука и да си се омажите и да си останете тука во Скопје!" - цитат од професорката по социологија на факс!

И што е тука навредливо не ми е јасно? Секогаш ќе се најде некој, да неречам секоја вечер кога ќе искочи некој што ќе ја анимира, зависно од тоа кој калап и одговара ќе си најде на што да продужи да везе гоблени , односно ќе си најде начин да го задржи макар тоа било и трудноча. Кој будала би се вратил во нива и примарни услови за живот .. веројатно никој/а . Ако размислуваш како логичар , ова ти е како некој да ми довикува у кладилница "еј еве го педерот што уплаќа само системи..." , и никојпат нема да се навредам .. ама прост народ се нервира за работи кои и самиот знае дека се така ...
 
Провинцијалци - збор кој ја издигнува Скопската раса од Групчин до Пчиња и Косово до Водно во нешто повеќе од остатокот од државата.
 
Па небаре во Скопје нема сиромаси... уствари извини во Скопје нема луѓе што работат по ниви... они сите живеат во луксузи и изобилие на висока нога...
 
И во помалите градови принуден си да патуваш, и тоа со такси пошто немаш автобуски превоз.

Како да не, цело Тетово и Струмица се поминуваат еден крај до друг за пола саат. Ние што сакаме работата да ни биде во комшии, тоа е наш проблем.
 
Како да не, цело Тетово и Струмица се поминуваат еден крај до друг за пола саат. Ние што сакаме работата да ни биде во комшии, тоа е наш проблем.
Да не се вреѓаме сега.. Струмица за 35 мин се поминува.. :)
Туку сите тупат за провинцијалките, дека идат во Скопје по мали тулиња... Ами нема само женски деца низ останатите градови, што е со машките? И они идат во Скопје да се оженат за Скопјанки? И овде одма да си одговорам: Нема шанси Скопјанка да падне на провинцијалец.... Ок нема, но сепак провинцијалците се женат на велико... Од каде жени за нив? Па од девојките од нивниот град... Па нели тие одат во Скопје по мали тулиња... и се така до бескрај.... Логиката од вриштење, гласните жици и попуштија...


п.с. Сега ми е јасно зошто Скај не може девојка да си фати... Провинцијалците му ги женат, пред он да дојде до нив ... :)
 
ич не ми си јасен во муабетов али нема врска, изгледа само вие од "центарот на светот" се разбирате,.... како и да е роден сум во град кој е колку половина СК, моментално живеам во град кој е едно 8-10 пати поголем од СК и вакви муабети не сум слушнал досега, ваквка самобендисанот не сум сретнал, за крај кога ги читам сите овие глупости на една иста тема секој ден под различни наслови, навитина ме прави срекен што не сум дел од "центарот на светот".
абе другар ти живеј кај сакаш, што демек ќе не понижиш нас или градот со тоа што живееш во `10 пати поголем град од Скопје`? Мислиш дека никој од нас не прошетал низ Њујорк, Мајами, Прага или слично? Јас ти зборубам од искуства за тоа како иделе работите со `такви` провинцијалки а ти ќе ми збориш за самобендисаност, што нема никаква врска со аргументите кои јас ти ги посочив? Прво научи се да дискутираш ко што треба па после прави се `прошетан човек`.
 
Уште една тема за лечење комплекси...
Извинете, јас така мислам, ама ај ќе искоментирам...
Најпрвин, ќе се оградам од секакво заземање страна.
Ќе повторам некои мислења кои сум ги напишал по други слични теми.
Кога сме кај Скопје, ОК... главен град... парата е таму работата е таму... и не од сега, уште во комунизмот многу народ отишол таму да живее барајќи си парче леб...
Нормално е луѓето да одат таму да си бараат чарето во животот.
Од друга страна скопјани... пред да почне некој да го употребува зборот провинцијалец, во погрден контекст, нека се запраша кога тој или некој од неговите претци е дојден во Скопје. Најчесто после 63-та. Секоја чест на вистинските стари скопјани.
Еве... јас имав шанса на времето да останам во Скопје, имав некои опции за работа, ама не останав. Си се вратив дома во Струмица, реков дека мојот живот ќе се одвива тука, тука ќе стварам, тука ќе живеам... тука ќе придонесам.
Се е тоа работа на личен избор.
Јас си поминав прекрасно во Скопје некои 5 години... но никогаш не глумев некој и нешто кое не сум.
 
Пред околу пола година една колешка од Скопје напиша статус на фејсбук дека ние што сме биле од провинција сме дошле да си фатиме дечко од Скопје а до гуша сме биле заглавени на факултет или како шо имат кажано Мајран сега сум четврта ама имам уште 8 испити од прва.:facepalm: Работава беше дали да плачам или да се смеам, добро бе од каде таа омраза/искомлексираност/дрскост за да се напише такво нешто. Дали се свесни тие шо имаат памет како и колешката моја дека прво за да пратиш дете да ти студира во друг град треба да имаш пари, без разлика дали седиш во дом или во стан, трошоците за една година во Скопје се огромни. Ама ај ние со ниви, бавчи сиромаштија голема ќе си земиме бизнисмен од Скопје да се обогатиме дека во другите градови немат богати дечиња.:(
Очите меѓусебно ќе си ги извадиме а браќата шо дивеат не ни сметаат. То е до кај ќе тераме со овај ум не знам.
 
Луѓе дефиницијата за тоа фамозно `провинцијалец, провинцијалка, провинцијалци`, барем според мене е единствено како начин на размислување, нешто што си нема врска со географска локација. Така да ајде да видам полемика сега :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom