Motorola Moto X - новото чедо на татко Google и мајка Motorola

  • Креатор на темата Креатор на темата jovankrstevski1
  • Време на започнување Време на започнување

jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
855
Поени од реакции
602
Тема првично објавена на друг форум

Во оваа тема би сакал да продискутираме за новиот смартфон Moto X на Моторола компанија која веќе е под капата на Google. Токму поради овој факт Motorola Moto X ветува многу

1. Станува збор за првиот комплетно произведен телефон на Google, а тоа е компанија која не ги зема работите здраво за готово и оди докрај.

2. Google досега неколку пати покажа дека иако досега произведуваше само софтвер (Андроид) и тоа како знае да ја смени играта на пазарот, најпрво со Samsung Galaxy Nexus спецификации кои за тоа време беа нешто фантастично а денес се основа и за најновите телефони, а потоа и со LG Nexus 4 телефон кој токму под влијание на Google беше и остана Best Buy и покрај тоа што помина доста време од неговото официјално преставување.

3. Токму гореспоменатиот Nexus 4 покажа дека Google знае да се откаже од дел од колачот само за да успее тој проект. А истото се очекува и од Мoto X, цената од некои 250 долари е пристапна и за наши плати, а не па за другите поразвиени земји.

4. Најверојатно Moto X ќе добие статус на Нексус телефон односно најновите update-и за Андроид први ќе пристигаат за него. Овој факт е особено битен од причини што останатите производители од типот на HTC забораваат/не сакаат/ги занемаруваат update-те на понов софтвер за телефоните од поефтините класи или ако телефонот навршил 4-5 месеци од неговата официјална промоција за нив веке телефонот достигнал длабока старост. Ова најверојатно ке биде и најголем адут на Мото X.

5. Moto X се очекува да излезе во август (те го дека е) и има HD дисплеј 720p, 1.7 GHz dual-core Qualcomm процесор, 2 GB RAM, 10 мегапиксели задна камера и Android 4.2.2 Jelly Bean. Спецификации кои не се карактеристика на high-end телефоните но се повеке од солидни.

k-bigpic.jpg

Повелете со ваши коментари
 
Се ова во ред со Гугл, ја обожавам фирмата, Андроид ОС, Нексус 4 ( кој го користам веќе 6 месеци и е фантастичен телефон ) ама овој новиот телефон зема голем замав поради тоа што тој е првиот телефон произведен од фирма која е веќе под Гугл. Меѓутоа телефонот и многу не се разликува од Нексус 4 бидејќи ги има речиси истите карактеристики само што ќе има малку појак процесор и различен дизајн. А она што го обожавам кај Гугл е тоа што дури и на своите постари телефони кои излегоа пред 3-4 години сеуште пуштаат официјални апдејти за нив и од поновите верзии на Андроид ОС, што не сите производители го прават бидејќи несакаат многу долго време да се задржуваат на постари модели.
 
Што тресес глупости тешки како ке има појак процесор кога Nexus 4 има 1.5Ghz QUADCORE а овој има 1.7 дуал кор...
 
Луѓе ... телефон е. ТЕЛЕФОН !!! Не компјутер.
 
Луѓе ... телефон е. ТЕЛЕФОН !!! Не компјутер.

тие 200 мегахерци прават огромна разлика во процесирачка моќ и брзина кога пресметуват гравитациони полиња на супермасивни црни дупки, дури седат на шоља в клозет
 
Не ми е јасно, ама Моторола никогаш не сум ги ценел. Секогаш ми правеле некој одбивни телефони, кој страшно ме нервирале. Не сум видел јас човек со Моторола телефон па има добри 5 години сигурно.

Ако телефонот е 250 долари, е одличен одличен избор.
 
Што тресес глупости тешки како ке има појак процесор кога Nexus 4 има 1.5Ghz QUADCORE а овој има 1.7 дуал кор...

Моја грешка, мислев дека и овој ќе има квадкор процесор...
 
Некаде прочитав дека иако има Dual Core процесор, дека вадел скоро два пати повисоки score-ови на benchmark тестови од актуелните flagship телефони. Така да, како што кажа GreenRoot, изгледа ова ќе биде најдобро оптимизираниот Android.
 
Ti Dzoi od kaj znaes? U google da ne rabotis?

Лесно е, ако гоогле го отпимизира аднроидот макисмално ќе испадне дека до сега што продале милиони милиони телефони го правеле намерно само да им земаат пари на народот. Тоа значи дека с5 треб да биде на дуал кор?

Може да има некакви подобрувања но кернелот е тој. Нот респондинг секогаш било, а и секогаш ќе биде тука.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom