jovankrstevski1
ТАТА_МАТА
- Член од
- 2 декември 2012
- Мислења
- 855
- Поени од реакции
- 602
Тема првично објавена на друг форум
Во оваа тема би сакал да продискутираме за новиот смартфон Moto X на Моторола компанија која веќе е под капата на Google. Токму поради овој факт Motorola Moto X ветува многу
1. Станува збор за првиот комплетно произведен телефон на Google, а тоа е компанија која не ги зема работите здраво за готово и оди докрај.
2. Google досега неколку пати покажа дека иако досега произведуваше само софтвер (Андроид) и тоа како знае да ја смени играта на пазарот, најпрво со Samsung Galaxy Nexus спецификации кои за тоа време беа нешто фантастично а денес се основа и за најновите телефони, а потоа и со LG Nexus 4 телефон кој токму под влијание на Google беше и остана Best Buy и покрај тоа што помина доста време од неговото официјално преставување.
3. Токму гореспоменатиот Nexus 4 покажа дека Google знае да се откаже од дел од колачот само за да успее тој проект. А истото се очекува и од Мoto X, цената од некои 250 долари е пристапна и за наши плати, а не па за другите поразвиени земји.
4. Најверојатно Moto X ќе добие статус на Нексус телефон односно најновите update-и за Андроид први ќе пристигаат за него. Овој факт е особено битен од причини што останатите производители од типот на HTC забораваат/не сакаат/ги занемаруваат update-те на понов софтвер за телефоните од поефтините класи или ако телефонот навршил 4-5 месеци од неговата официјална промоција за нив веке телефонот достигнал длабока старост. Ова најверојатно ке биде и најголем адут на Мото X.
5. Moto X се очекува да излезе во август (те го дека е) и има HD дисплеј 720p, 1.7 GHz dual-core Qualcomm процесор, 2 GB RAM, 10 мегапиксели задна камера и Android 4.2.2 Jelly Bean. Спецификации кои не се карактеристика на high-end телефоните но се повеке од солидни.
Повелете со ваши коментари