Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Беше некој со Скопје да ја гледа? Сме тепале 2-0, Стојков и Маневски
 
Одлична вест конечно, Таневски останува во Вардар!!! :)
Инаку Стеауа најверојатно останува без најдобриот одбранбен играч Кирикеш (Чиричеш). И на пријателските не го играат многу, спремни се за тоа дека најверојатно ќе си оди.
 
Беше, беше.
Што да ви кажувам тапа многу, ем лош теренот нерамен па и тука не беше искосена травата али пак можеше да се игра, во прво полувреме игравме со прва постава Павловиќ на гол, Цикраски, Таневски, Бојовиќ, Рељиќ, во средината Петровиќ, Темелков и Петров играше позади напаѓачите а по крилата играа Хименез и Стојков и во нападот Костовски. И некако как ода се чуваа многу, бега од дуели, не запињааа ама и така пак бевме подобри, овие Скопје ептен боси беа. Голот падна по една ниска топка што ја упати Костовски од страна во шеснаестникот на Скопје Петров не суепа да стигне беше краток ама на втора беше Стојков и само ја заби во гол.
Во втор полувреме нова постава на гол Захов во одбранта Митев(десен бек), Нелоски, Димитровски и Лазаревски, а во средината ни играа можеби најдобриот денеска Мерсовски(малиов ќе го биде само да му даваат шанса ) Ацевски и позади напаѓачите играше Маневски, по крилата ни играа Ѓоргиев и Ѓурчиновски, а во нападот Здравевски или како му беше името. Каде каде беше пдообра играта во второво полувреме , посебно за пофалба се сите од младинциве одлично изиграа. Голот падна од слбоден Ѓоргиев изведен слободен од 35 метри и нафрли топката идеше на Маневски ама мене ми се виде како овој да ја промаши топката и лошо одксокна топката го измами голманот и влезе у гол. Најлсаб денеска Здравевски дрво невидено е, Илбер Али за него е играчиште.
 
Баш ме интересира во каква постава ќе истрчаме во Букурешт.
Од двете пријателски прилично е јасно дека на голот и во одбраната составот ќе биде:

Павловиќ

Рељиќ Таневски Бојовиќ Цикарски


За средината имаме знак прашање. И самите најавија дека Симјановски нема да биде во план за овој меч, а и Мики Јовановски доцна ќе се приклучи, така да ќе играме со тоа што го имаме на располагање.

Според мене нема дилеми дека Темелков ќе игра во средина, ама ме интересира како ќе ги искомбинира другите места.
Вчера играле Петровиќ, Хименез, Петров, Стојков и Костовски.

Костовски ќе биде шпицот тука нема дилеми, останува прашањето дали ќе играме со двајца напаѓачи или Стојков е лево крило?
Претпоставувам дека Стојков играл лево, Петровиќ играл средина на местото на Стјепановиќ, ама во игра остануваат две десни крила, Хименез и Петров.
Знам дека Петров често го испробуваа на позицијата на Петровиќ, па претпоставувам Хименез ќе биде крило, а Петровиќ AMC.

Така да моја претпоставка е:
Павловиќ

Рељиќ Таневски Бојовиќ Цикарски

Хименез Темелков Петровиќ Стојков

Петров

Костовски

Се надевам и Георгиев ќе добие шанса, може да се направи некоја претумбација во вториот дел :) Па и Маневски исто така...



Иначе вчера Стеауа го растури Петролул во супер купот на Романија. Победа од 3-0.
Опасни се циганиве, имаат многу брзи крила, тешко нас ќе биде.
Рељиќ ми го опишаа како спор играч, а за противник го има Танасе кој има добра техника и одлична брзина. За другата страна да не правиме муабет, Цикарски против Попа... Тешко нас. И Кирикеш играл на оваа средба, а неговиот партнер од одбраната даде одличен гол со глава. Сепак имаа и помош од судиите, им даде сомнителен пенал (кој го промашија) но и црвен за Петролул.

Татурешану

Георгиевски Гардос/Шушала Чичиреш Латовлевици

Бурчеану Пинтили

Попа Препелица Танасе

Николиќ

Од она што сум прогнозирал има само една замена (малце сум ги утнал имињава ама нема везе :D).

Наместо Препелица играл Јанку...

Така да горе-доле ова треба да биде нивниот состав, освен ако Кирикеш не си замине).
Од засилувања мислам дека само Пиовакари го земаа досега.
 
Јас сепак мислам дека Симјановски треба да добие шанса, сигурно делумно ја познава нашата игра и сепак горе-доле јасни му се работите, не дојде од Либија. :icon_lol: Неколку тренинзи и според мене подобро ќе се вклопи од овој Петровиќ...Се надевам и Георгиев ќе биде спремен.
Јас би вака...

..................................Павловиќ.......................................

Рељиќ..........Таневски........Бојовиќ...............Цикарски

.....................Темелков........Симјановски........................

..........Хименез...........Петров..............Стојков................

................................Костовски..........................................

Со овој состав загарантиран ни е успехот :D
Како само страшно силно делува составов, а ќе не издишат реално :pos:
Нека наместат таму тесен резултат, да се напуни овде 30 000 карти по 100 денари = 50 000 евра (доволно да плаќаме еден силен играч цела сезона) и ќе си вртиме така во круг секоја година, важно да бидеме шампиони секоја година :D
 
Не се правете луди Петров позади Костовски нема шанса, се мисалм тоа му е мамка некоја на Милевски и на таа позоција ќе го стави Маневски. А и Симјановски нема да игра од една причина само не е кондиционо спремен.
 
Не ви го следам фан клубов али од коментарите што ви се по другиве теми бевте песимисти за мечов со Стеауа. Уште сте на тоа мислење или мислите дека можете минимален пораз таму да извадите па дома да ги изненадите ? :)
 
Не ви го следам фан клубов али од коментарите што ви се по другиве теми бевте песимисти за мечов со Стеауа. Уште сте на тоа мислење или мислите дека можете минимален пораз таму да извадите па дома да ги изненадите ? :)


Ako ne pa se salime za dobar rezultat , i poise od jasno ni e so ke se desava u bukurest :D
 
Не ви го следам фан клубов али од коментарите што ви се по другиве теми бевте песимисти за мечов со Стеауа. Уште сте на тоа мислење или мислите дека можете минимален пораз таму да извадите па дома да ги изненадите ? :)
Пораз?
0-2 тепаме :icon_mrgr:


Пријавени се следниве фудбалери:
СПИСОКОТ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЛШ
ГОЛМАНИ
1. Игор Павловиќ (Ц. Гора) 24.02.2982
12. Костадин Захов 08.11.1987
25. Борјан Ристевски 20.02.1992

ОДБРАНА
5. Златко Таневски 03.08.1983
4. Раденко Бојовиќ 26.12.1980
3. Владимир Димитровски 30.11.1988
26. Мите Цикарски 06.01.1993
29. Димитрија Лазаревски 23.09.1982
14. Роберт Митев 13.04.1994
15. Владимир Нелоски 23.05.1991
16. Ален Муртиќ 21.02.1994
18. Стеван Рељиќ (Србија) 31.03.1986

СРЕДЕН РЕД
21. Андреј Ацевски 05.06.1992
19. Дарко Ѓурчиновски 20.10.1993
11. Един Мерсовски 11.07.1994
6. Александар Петровиќ (Срб) 01.02.1985
8. Жарко Симјаноски 20.01.1988
24. Александар Темелков 06.10.1987

НАПАД
10. Драган Ѓоргиев 16.12.1990
20. Хорхе Хименез (Шпанија) 07.01.1985
23. Јован Костовски 19.04.1987
7. Борче Маневски 05.07.1985
13. Филип Петров 23.02.1989
17. Аце Стојков 29.04.1983
22. Ѓорѓи Заревски 30.01.1989

Што дочекав ејјјј, Неловски да го видам на список за ЛШ :unsure:
 
Слободан Мутибариќ станал тренер на голманите на ГОСТИВАР. Боже господе...:tapp:

Во меѓувреме Фичо си оди од неговиот клуб. Штета што парите му се приоритет, сакал да остане во КАзАХСТАНСКАТА лига, а тоа што не може гол да даде друга работа...
Стефан Ристовски па го позајмиле на некој нов Италијански второлигаш. Место да загризат нашиве кај нас да го позајмат...
 
Слободан Мутибариќ станал тренер на голманите на ГОСТИВАР. Боже господе...:tapp:

Во меѓувреме Фичо си оди од неговиот клуб. Штета што парите му се приоритет, сакал да остане во КАзАХСТАНСКАТА лига, а тоа што не може гол да даде друга работа...
Стефан Ристовски па го позајмиле на некој нов Италијански второлигаш. Место да загризат нашиве кај нас да го позајмат...
Не позајмуваат италијаните надвор, сакаат фудбалерите да се навикнат на тој стил на игра, ако го вратат во Вардар тука и ќе остане, или пак во втора македонска лига.
 
Слободан Мутибариќ станал тренер на голманите на ГОСТИВАР. Боже господе...:tapp:
Муто е легенда, што се им зборел во тоа компјутерницата дур беше тренер на Вардар:pos:
А и на фб е многу активен нонстоп става видеа од деца што тренира:icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom