Ајде мало запознавање со противникот, мада и веќе ни се познати нивните играчи, со оглед на тоа што далеку дотуркаа во ЛЕ пред некој месец па имавме можност да ги гледаме на ТВ.
ГОЛМАНИ:
Прв голман минатата сезона им бил
Циприан Татарушану.
Се работи за 27 годишен голман, кој веќе три сезони е во Стеауа. Го најавувале како еден од најголемите голмански надежи во Романија. За последниве три години собрал 17 репрезентативни настапи, но сепак пред Лобонт тешко дека би фатил место во репрезентација.
Втортиот голман
Разван Станка го напуштил клубнот и потпишал за Пандурии.
Третиот голман има само 17 години,
Валентин Којокару, како џин е, 194 сантиметри е висок

Сепак овде нема дилеми кој им е прв избор, тоа е Татарушану.
ДЕФАНЗИВЦИ:
Во централната дефанзива го имаат 23 годишниот
Влад Чиричеш , ѕвездата на тимот.
Веќе станува стандарден и во Романската репрезентација, има одиграно 18 меча за неколку години. Во Стеауа е стандарден на позицијата централен бек, а веќе за него се интересираат и големите тимови како Челзи и Милан.
Се шпекулира дека Челзи може да го земе уште сега, па се надевам дека ќе го направи тоа уште пред нашите дуели

Партнер на Чиричеш во дефанзивата му е 29 годишниот
Лукаш Шукала. Полјакот е во Стеауа од ланското лето и во првата сезона во новиот клуб изиграл 22 првенствени меча, на кои успеал дури и да даде 5 гола. Висок е 196 метри, па го надополнува во висина Чиричеш кој е висок 184 сантиметри. Значи да отпишеме играње со високи топки уште сега

Слична минутажа со Шукала имал и третиот централен дефанзивец,
Флориан Гардос.
И тој е џин во одбраната, висок 193 сантиметри, а има само 24 години. Изиграл 21 првенствен меч во ланската сезона, али за разлика од Шукала има само еден гол.
И тој лека полека зазема место во Романската репрезентација. Веќе има 9 настапи.
На левата бековска позиција стандарден им е повремениот Романски репрезентативец
Јасмин Латовлевици. Во Романската репрезентација е само резерва пошто на таа позиција го имаат одличниот Разван Рат, но затоа во Стеауа нема некоја голема конкуренција за него. Има 27 години, висок е 175 сантиметри, што претпоставувам значи дека е многу брз

Нема некоја завидна кариера, дошол во Стеауа пред 3 години од Темишвар. Втора опција во тимот им бил 24 годишниот
Пол Парвулеску, играч сличен по конституција на Латовлевици. Лани изиграл 12 лигашки мечеви. Не е дел од Романската репрезентација, но имал настапувано за младинците. Трета опција во оваа сезона им бил
Валериу Лупу, но тој го напуштил клубот и потпишал за Виторул Констанца. Така да трета опција за Европскиве мечеви ќе им биде 24 годишниот
Дору Брату. Лани изиграл само 2 меча. Не бил дел ниту од младите Романски селекции во минатото, а камоли за сениорите.
На десната бековска позиција е за нас добро познатиот
Даниел Георгиевски. Македонецот кој лани се спомнуваше и како наше засилување, беше стандарден првотимец дури не ја заработи тешката повреда која го оддалечи 5 месеци од теренот. Би треба и сега Даниел да игра во првиот состав. Сите знаете кој е, така да нема потреба да објаснувам

Сосема солидно игра и за нашата рпрезентација, па може да се каже и дека беше еден од подобрите во последните дуели, но знаеше и да направи некои грешки. Замена за Даниел после неговата повреда му бил 23 годишниот
Корнел Рапа. Изиграл 21 лигашки меч во минатата сезона. Го донеле токму во Јуануари поради повредата на Георгиевски. Претходно играл стандардно во Отелул Галати, 118 меча изиграл за неколку сезони. Има играно за младинците на Романија, а има и 5 настапи и за сениорите, но не го имаат викнато веќе две години.
Третата опција на оваа позиција им е
Габриел Матеи, играчот кој и покрај повредата на Георгиевски не добил којзнае колкава шанса. Најефтино проценет играч на Стеауа
СРЕДИНА:
Изгледа Стеауа милува да игра со двајца пивотмени/дефанзивни средњаци (DM) пошто и двајцата се изнаиграле минатата сезона. Освен ако еден од нив не играл малце понапред во средината

И на двајцата природна позиција им е дефанзивна средина, ама мкожат и како средњаци да играат. Едниот е 28 годишниот
Александру Бурчеану, кој изиграл се што може да се изигра во ланската сезона

Точно 50 меча има изиграно

Веќе стандарден и во Романската репрезентација со 20 настапу. Бурчеану е капитен на Стеауа, а оваа сезона ќе му биде трета во нивниот состав. Прилично нетипично за неговата пзоиција, ама висок е само 176 сантиметри. Значи има некоја одлична техника чим е капитен, а игра стандардно на позиција каде што воглавно играат повисоки играчи. Вториот стандарден играч на оваа позиција им е
Михаил Пинтили. Стеауа цел тим на Пандурии им го има украдено. И он е еден од многуте играч кои дошле во Стеауа од Пандурии. Има 28 години, висок е 180 сантиметри. И тој е дел од Романската репрезентација, има изиграно 12 меча. Сепак таму изгледа е трета опција, бидејќи после Бурчеану, поискусниот Костин Лазар од ПАОК најчесто игра пред Пинтили.
Пинтили лани дал 5 гола, и има 5 асистенции

Бурчеану 3 гола и 8 асистенции

Како нивна замена влегувал екс младинскиот репрезентативец на Романија, 22 годишниот
Лучиан Филип. Дете на клубот, веќе 5 сезони е во Стеауа. Сепак тешко дека ќе фати место пред стандардните Бурчеану и Пинтили.
Зачудувачки но имаат само еден играч кој што е класичен везњак. Тоа е 27 годишниот
Андреи Препелица. Ова ќе му биде трета сезона во составот на Стеауа. Порано бил младински репрезентативец, но никогаш не заиграл за сениорите. Очигледно е дека Бурчеану и Пинтили играат како единствени во средината, поради тоа што Препелица има изиграно 18 меча, но на 10 од нив бил внесен во текот на играта. Во ЛЕ изиграл 8 меча, а во 4 од нив влегол како резерва. Нема некој значаен учинок, само 1 погодок, без асистенција.
И на позиција AMC не се добро покриени. Имаат само еден класичен играч на таа позиција, и тоа се работи за 19 годишниот
Јулијан Росу, кој сеуште нема добиено шанса во првиот тим.
На позиција лево крило се одлично покриени. Можеби и најголемата опасност доаѓа од овде. Како стартер им игра
Кристијан Танасе, 26 годишниот Романски репрезентативец. За Романија веќе има 27 настапи и 5 погодоци. Лани во лигата имал 7 погодоци и 11 асистенции. Ова ќе му биде веќе 5-та сезона во клубот, така што може да се каже дека веќе е икона на клубот иако не е нивно дете, туку е продукт на Агрес Питешти. Висок е 179 сантиметри, а покрај како лево крило, може да игра и како AMC. Негова резерва е
Габриел Јанчу, играч кој има само 19 години. Лани добивал шанса во првенството, има изиграно 28 меча, на кои има 8 гола и 4 асистенции. Чудно, не е дел од репрезентацијата под 21 година, а далеку е и од сениорската.
За разлика од Танасе кој е само 179 сантиметри, Јанчу е прилично висок за крило, 186 сантиметри.
На позиција десно крило им останела само една опција откако ланскиот стандарден играч
Александру Чипкиу, 24 годишниот Романски репрезентативец (9 настапи и 2 гола), на полусезона заработил тешка повреда која ќе го оддалечи од теренот до ноември 2013, што значи дека нема да биде во комбинација за нашиот двомеч.
Така да ќе ги занемариме неговите 6 гола и 10 асистенции во 27 одиграни мечеви

Третата опција од лани,
Јонут Настасие го напуштил клубот и како слободен играч заминал за Виторул Констанца.
Затоа ако не се засилат овде имаат само една опција, тоа е 24 годишниот
Адриан Попа. Тој покрај на десната крилна позиција, може да игра и како лево крило и како AMC. Така да лани се изнаиграл, особено откако се повредил Чипкиу. Изиграл вкупно 49 меча на сите фронта. Висок е само 169 сантиметри, се работи за брзоног играч, така да тешко нас со Мите Цикарски и Рибар на таа позиција...
Во првенството дал 4 гола и имал 10 асистенции. Има и 2 настапи за Романија, но сепак Чипкиу има предност пред него во националниот состав.
НАПАД:
Одлична вест е што најдобриот напаѓач им заминал во Севиља, али претпоставувам дека ќе донесат добра замена. Тоа е
Раул Русеску, 24 годишниот играч кој лани растур направил во дресот на Стеауа. Дури 21 погодок и 9 асистенции во првенството, а во ЛЕ на 11 меча има 4 погодоци и 3 асистенции. Али кој го ебе и така веќе им го нема

Фановите биле многу љути бидејќи клубот го пуштил во Севиља. Го продале за 2.2 милиони, така да за очекување е да најдат замена.
Уште еден напаѓач од лани им заминал годинава. Тоа е Бразилецот
Ади Роча, кој како слободен играч отишол во Гамба Осака. Лани на 16 првенствени меча постигнал 9 гола и имал 4 асистенции.
Слична минутажа како и Роча, добивале и 25 годишниот
Михаи Костеа и 31 годишниот Бразилец
Леонардо Тату. Костеа имал 2 погодока на 12 првенствени меча. Се работи за играч висок 185 сантиметри, кој порано бил и младински репрезентативец. Тату е брзоног Бразилски напаѓач, висок само 173 сантиметри. И тој како и Костеа и Роча добил симболична минутажа воглавно во првенството. За 9 меча постигнал 2 погодоци.
Ако не најдат замена за Русеску, еден од нив би требало да игра во нападот рпотив нас.
Напаѓачот кој сигурно ќе игра против нас е Црногорецот
Стефан Николиќ. Младиот 23 годишен Црногорец, лани му бил партнер во нападот на Русеску. Постигнал 5 гола и имал 2 асистенции, што е доста слабо со оглед на тоа колку изиграл. Дал и 1 гол во ЛЕ. Бил капитен на младинците на Црна Гора, но сеуште нема настап за сениорите.
Висок е 193 сантиметри, што значи ќе играат на нафрлени топки до него.
Затоа ни е потребен Таневски во ваква ситуација
Врти сучи и не ми изгледаат толку опасни Романциве. Го изгубиле увбедливо најдобриот напаѓач, најдоброто лево крило им е повредено и го пропушта нашиот меч, а се надевам дека и најдобриот дефанзивец Чичиреп ќе си оди.
Најопасни се по крилата, а и средината им е одлична, составена од Романски репрезентативци.
Ако не се засилат во меѓувреме, очекувам со ваков состав да ни играат:
Татурешану
Георгиевски Гардос/Шушала Чичиреш Латовлевици
Бурчеану Пинтили
Попа Препелица Танасе
Николиќ
ИЛи пак без Препелица, со два напаѓачи Николиќ и Тату/Костеа.