Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Рики Митревски е најдобар фудбалер на Металург во моментов, а тврдам дека Ацевски за него е измислен. Имам играно и против двајцата, а и од контакти со другари, многу добро им ги знам квалитетите и на едниот и на другиот. Детето и тие малку прилики што ги доби овие две години, ги искористи максимално, така да не знам што уште треба да направи за да го пуштат во прв тим. Сигурен сум дека може да биде играч на рамниште на Стјепановиќ и Рангеловиќ, ако не и подобар. Собираат сешто од наша лига и носат второкласни играчи од ју-простори, а таков потенцијален играч ќе го упропастат на клупа, плус сигурно игра за помала плата од новодојдениве. :facepalm:
 
Ми се исполни желбата да го видам Симјановски во нашиот дрес. Одличен потег(y)
Се сложувам со Кукузел обавезно треба шанса да добие Ацевски. И со Шалке беше добар, а и во минатото има докажано дека може да се носи во лигава.
Мене ми се допаѓа и Заревски што го земаа пошто и во минатото сакав да потпише за нас, само да бидеме реални нема многу да се изнаигра.

Врти сучи под услов да остане Таневски повторно имаме солидна екипа. Ако не остане Таневски тогаш ќе не очекува дооооолга сезона.
 
Од каде испадна па овој Бугаров :confused:
Нели дојде Симјановски зошто уште да трупаат играчи на таа позиција.Петровиќ и Симјановски се сосема доволни.
 
Од каде испадна па овој Бугаров :confused:
Нели дојде Симјановски зошто уште да трупаат играчи на таа позиција.Петровиќ и Симјановски се сосема доволни.

Овој може да игра и десно крило, така да јас сум за да дојде.
 
Татарчево ке биде добро засилување ако го земат
 
Симјаноски нема да дојде во Вардар

Во текот на вчерашниот ден беше објавена вест дека фудбалерот на Напредок, Жарко Симјаноски ќе го засили нашиот шампион Вардар.
Денеска пак доаѓа комплетно спротивна вест и тоа од самиот фудбалер кој вели дека неговата цел е да најде ангажман во некој клуб од Западна Европа, а ако остане во Македонија тоа ќе биде во неговиот матичен клуб Напредок.
- Ме преселија во Вардар без притоа да има фактички договор и јас за тоа да не бидам консултиран, туку сите изјави се добиени од страната на Вардар. Моите планови во моментов воопшто не се поврзани со скопскиот прволигаш, туку приоритетна цел ми е заминување во западно европски клуб. Понуди постојат од повеќе страни и јас деновиве треба да ја донесам конечната одлука . Едно е јасно , премин во македонски прволигаш не доаѓа во предвид. Како резервна и привремена варијанта ми преостанува матичниот клуб Напредок- изјавил Симјаноски за весникот „Нова Македонија“.

Вардар веќе по втор пат извиси со Симјаноски. Тоа прв пат се случи на почетокот на оваа година кога фудбалерот наводно „се исплаши да заигра“ за Вардар, а сега кога пак наводно требаше да стави само потпис на договорот со „црвено-црните“ тоа нема да се случи.


Што е со легендиве бе :pos::tapp:
 
Хаха... абе ова веќе станува комично. Секој преоден рок им се дешава да објават за некој играч дека го договориле и после да им избега. Аматери пар екселанс!
 
Според Лико фанс странта на фб , раководењето со младинските категроии ќе го преземе некој од помладиве вардарвои легенди според мене Васовски е прв кандидат, али ќе почекаме најави дека денес треба да објават официлано за кого се работи.
 
Чуда се случуваат, читав вест на некој Кичевски портал дека не му било ни на крај памет да дојде во Вардар. Демек во Македонија ќе останел само во Напредок, а Вардар го чувал за крајот на кариерата. Јаката ѕвезда па ќе го чекаме до крајот на кариерата.
И оп испаѓа дека немало никаков проблем:icon_mrgr:
Да не го потиснале?
Или па можеби и овие да измислуваат и онака ни се најголеми душмани во последниов период.

Инаку со тоа што ПУИГ не не спонзорира веќе, не смееме да тренираме на Градски. Пошто уште чекаме на комплексот помошни терени :icon_lol:, ќе си тренираме во Маџари во меѓувреме. Ама таму нараснала трева и не можеле да тренираат.
Нека дојдат кај мене и онака теренот е Ноу Камп за помошното на Вардар :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom